Имам читано по многу статии, за многу личности, дека имаат две магистратури. Попресно што прочитав пред некој ден, министерот за надворешни работи, ете, Никола Попоски, има две магистратури, една по странски јазици и меѓународна трговија, и уште една по економски студии. Пошто досега не сум знаела дека постои таква можност (silly me), ако има некој поупатен, ќе го замолам да напише нешто повеќе, дали има врска факултетот со магистратурата што сакаш да ја земеш, како оди со кредитите, што значи, доколку имате лично искуство, или искуство на луѓе што ги познавате и сл.