Дали сте крстени во црква?

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте крстени во црква?

  • Да.

  • Не и не планирам.

  • Не, но планирам.

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Да крстен сум уште како мал...
 
да кога сум праела две години...леле снимката и сликикте се лудило...рикам плачам и го удирам попот :pos:
 
да уште на 1 год леле како сум плачела цела црква у вис сум ја дигнала
 
Сум крстена,и тоа не како Ангела,туку како Ева Ангела.
 
Па шо ако?

Крстени како деца биле и
Адолф Хитлер
Јозеф Сталин...
Ниче...

итн...
 
Да бе...крстена сум,ќути,до ден денес моиве се познаваат со попов шо ме крстел на времето...и малце ми е глупо кога ќе го видам,сепак,ко бебе кај мене видел се што треба и не треба:kesa:
 
И јас нажалост сум крстен во црква без моја дозвола и одобрување. (мислам сум се побунил мочајки го попот али ни тоа не ги спречило).
Не ја сваќам религијава која насилно ги крштева децата без они да имаат право да одберат дали ќе бидат крстени или не. Од кај знаеле они дека јас сакам да ја прифатам религијава. Правото на прифаќање на некоја религија или верување е право на секој човек кој има избор да прифати во што ќе верува.
Крштавањето на деца треба да се забрани и тие да се крштеваат после полнолетство коа ќе бидат доволно свесни за да одлучат дали ќе ја прифатат таа религија или не.
Дури и еврејската религија го остава правото на избор на 13 години коа децата одлучуваат дали ќе бидат обрежани (бармицвах) и дали ќе го прифатат еврејството.
 
Blo0dY напиша:
Не ја сваќам религијава која насилно ги крштева децата без они да имаат право да одберат дали ќе бидат крстени или не. Од кај знаеле они дека јас сакам да ја прифатам религијава. Правото на прифаќање на некоја религија или верување е право на секој човек кој има избор да прифати во што ќе верува.

:aplauz:

Крштевањето, сунетисувањето и други видови религиска репресија врз децата, би требало да се забранат...
 
Blo0dY напиша:
И јас нажалост сум крстен во црква без моја дозвола и одобрување. (мислам сум се побунил мочајки го попот али ни тоа не ги спречило).
Не ја сваќам религијава која насилно ги крштева децата без они да имаат право да одберат дали ќе бидат крстени или не. Од кај знаеле они дека јас сакам да ја прифатам религијава. Правото на прифаќање на некоја религија или верување е право на секој човек кој има избор да прифати во што ќе верува.
Крштавањето на деца треба да се забрани и тие да се крштеваат после полнолетство коа ќе бидат доволно свесни за да одлучат...

Се сложувам со ова, но не сосема. И не им` замерувам на моите родители. И мене не ме прашале пред х години што сакам, ама еве денес кога сама размислувам и го имам правото да избирам - знам да донесам одлука според она што јас го сакам, односно да одлучам дали ќе ја прифатам религијата или не. Па ич не ги прашувам за мислење нив.
Не значи дека ако мене ме крстиле, ме носеле во црква од дете итн., - ми ја наметнале религијата како обврска.
За тебе додека не наполниш 18 години, одговараат твоите родители, што значи дека и правото е нивно. Откако ќе можеш да решаваш сам за себе и да избираш - можеш слободно да го избереш она кое ти сметаш дека е доволно веродостојоно за ти да веруваш во истото. Апсолутно никој не те спречува, така?
Религијата (било која) не се состои само од почитување на условите кои ги налага, ниту пак единствено од практикување на соодветните ритуали карактеристични за неа. Не се нарекува туку така вера.
Јас лично сметам дека е поважен самиот факт што веруваш во идеологијата на некоја религија - па за да можеш себе си да се наречеш нејзин припадник и верник пред се`.
 
Emma напиша:

Па у тоа е и поентата... Не се криви родителите, кои ете, го барале тоа што мислеле е најдобро за нив...

Крива е религијата, или квази-религијата, која пати од комплекс на нижа-вредност, па мора да ги зачленува и присобира и оние кои не можат уште г**** да си го избришат...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom