Вентилатори (Пластичен vs Метален)

  • Креатор на темата Креатор на темата devilko
  • Време на започнување Време на започнување

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.917
Поени од реакции
6.228
Бидејќи летово ќе биде жешко, решен сум да купам вентилатор за соба 3.5 x 3m.
Разгледав на неколку места, но бидејќи не сум упатен, не знам на што да обрнам внимание.

Во глобала има понуда на метални и пластични вентилатори. Од тоа што го дознав од интернет, металните вентилатори се покорисни, подобри, но и побучни и несигурни (ако го ставиш прстот, отиде), па не се препорачуваат за деца (ги нема во моја близина).

Од друга страна пак, пластичните ги препорачуваат како посигурни за деца, побезшумни и полесни, но исто така, нивниот век е помал од металните.

Има и некои кои работат на принципот на вода, водено ладење, не сум многу упатен во истото, не знам како функционира и кои му се предностите.

Бидејќи собичето ми е малецко, не планирам да давам повеќе од 1500-600 ден. Сметам дека е тоа доволно. За сега, од она што разгледав, два ми фатија око.

1. Нео 1700 ден.
3 брзински
Ротирачки
Пластичен

http://www.technomarket.com.mk/products/09099115/neo-fa-f60t

2. Некоја кинеска марка 1500 ден
3 брзински
Ротирачки
Метален
75W

Кој сметате дека е подобар?
Исто така, може слободно да предложите и други вентилатори со слична цена.
Се разбира, темава е и за општа дискузија за вентилатори. :)
 
Се сеќавам дека јас кога бев мал имавме вентилатор и метален беше. Не правеше некоја бучава, едноставно се слуша само шумењето на воздухот кое го предизвикуваат перките кои брзо се движат низ воздухот. Иначе баш се сеќавам дека и на мене ми викаа немој да брцкаш во него додека е уклучен, зошто отиде прстот:D

Така да не му ја мисли, земај метален вентилатор, а на децата ќе им кажеш да не брцкаат во него додека работи. А што се однесува до марката, немој да земаш НЕО..............., можеби грешам, но до сега се што ни било купено од НЕО, по еден месец отишло на поправка. Сепак тоа незначи дека и ти ќе ја имаш истата среќа:)
 
Да не знаете каде можат да се најдат мали вентилатори ? Сакам да пробам како на видеото за вентилатор со кутија со мраз за ладење. Тие вентилатори што ги има по продавници се со големи димензии и повеќето се столбни.
 
Milanisimus

Јас имам гледано исто такво видео,човекот користеше кулери.Пробај нешто со кулери.
 
Абе вие нормални ли сте? Ако е со 1500 обороти и пластичен и метален се го реже прстот, мали деца вообште не треба да се остават сами до ваква машинерија за тоа нај-добро земај за таван со големи перки да не е много шумен, колко помал толк поеке ке те боли глав од бррррррррррр брррррррррр
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom