Чистење на бели флеки

  • Креатор на темата Креатор на темата Deratization
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 септември 2014
Мислења
45
Поени од реакции
8
Како да ги исчистам белите флеки на маиците предизвикани од дездоранси? И перени се и се али сите добри маици неможам да ги облечам сега бидејки имаат бели флеки.. Решение?
 
И мене ми се прават такви флеки поради истите причини ама најчесто со перење се чистат. Ако не се исчистат убаво со перење, пробај на рака да ги испереш.

За ова не сум сигурен дали е вистина и дали помага.
На кајгана пред некој месец имаше статија баш за вакви работи и имаа наведено како трик за чистење на овие бели флеки на потемни маици. Као демек со влажна марамица да ги поминеш тие делови каде што има флеки и ќе се исчистеле :toe:

Иначе не сум го пробал јас ова и не можам да ти кажам дали помога или не, само нешто што сум прочитал и ми текна на тоа кога ја видов темава.
 
Исцеди лимон, додај сода бикарбона и убаво со прстите истриј ја дамката, изми со ладна вода и испери.

Можеш да купиш боракс......., потопи ја маицата во вода и на дамката стави боракс. Остави да отстои и пери.

Исто можеш нда една мокра крпа да подистуриш ракија и триј кај што се дамкте.

За влажните марамици и јас имам слушнато дека помагаат. А за перење купи си Первол за црни алишта, ештен помага за бојата, а и за ваквите дамки:)
 
бели флеки... да .. :love:

Шала на страна, пробај Vanish .. тоа срање чисти се`
 
Деловите што се со бели флеки испери ги на рака со сапун и четка за перење алишта и потоа стави ги во машина за перење. Испробано и функционира :pipi:
 
7208588030_1cccb0ff34_m.jpg

Испробано на сите мои алишта, works like a charm. Нанесуваш од ова, чекаш една минута, плакниш, па после си ја периш најнормално маицата/кошулата, на рака или во машина. Досега нема никаква штета на материјалот направено, ниту треба нешто посебно триење со четка.
 
Не знам дали е за оваа тема прашањево соодветно али си имам мака од вчера...Нови пантолони, прв пат ги облеков вчера ( прилично скапи се) и во кола на седиштето мастика имало и сум седнала на неа...Значи пантолоните се светла боја, тенок материјал, свиленкасти...Знам дека со пегла се вади тоа некако, али како да ставам пегла на таков материјал...?

Еве како изгледа...:(20160110_183555.jpg
 
Не знам дали е за оваа тема прашањево соодветно али си имам мака од вчера...Нови пантолони, прв пат ги облеков вчера ( прилично скапи се) и во кола на седиштето мастика имало и сум седнала на неа...Значи пантолоните се светла боја, тенок материјал, свиленкасти...Знам дека со пегла се вади тоа некако, али како да ставам пегла на таков материјал...?

Еве како изгледа...:(Прегледај го приврзокот 136373

Немој пегла. Пробај нешто од тука.
 
Јас имам вадено мастика со пегла. Врз панталоните ставив весник и врз весникот со пегла поминав. Мастиката се "префрли" на весникот. Ама сѐ уште има траги од мастиката. Многу мали, ама се познава...
 
Не знам дали е за оваа тема прашањево соодветно али си имам мака од вчера...Нови пантолони, прв пат ги облеков вчера ( прилично скапи се) и во кола на седиштето мастика имало и сум седнала на неа...Значи пантолоните се светла боја, тенок материјал, свиленкасти...Знам дека со пегла се вади тоа некако, али како да ставам пегла на таков материјал...?

Еве како изгледа...:(Прегледај го приврзокот 136373
Јас имам слушнато дека за мастика да извадиш од облека треба да ја пикнеш облеката во замрзнувач и по 6-7 часа да ја отстраниш. Не сум пробала за да знам дали функционира :pipi:
 
7208588030_1cccb0ff34_m.jpg

Испробано на сите мои алишта, works like a charm. Нанесуваш од ова, чекаш една минута, плакниш, па после си ја периш најнормално маицата/кошулата, на рака или во машина. Досега нема никаква штета на материјалот направено, ниту треба нешто посебно триење со четка.
Има јак мирис ова. Мајка ми користи ова најчесто за флеки на столици, двоседи и стварно светнуваат како нови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom