Cannon
Doctor
- Член од
- 22 март 2009
- Мислења
- 5.101
- Поени од реакции
- 5.842
Владината делегација предводена од Премиерот Никола Груевски која се враќала од Стразбур принудно слетала во Цирих - дознава Телма.
„Според првичните информации можам да потврдам дека при враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих“, изјави за Телма портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.
,,Според информациите кои ги имам присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според протоколот за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром“, изјави Ѓорѓиев.
Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.
Премиерот Груевски и сите патници во авионот се чуствуваат добро - изјави за Телма портпаролот на Владата а авионот е на поправка во Нирнберг.
http://telma.mk/vesti/avinot-so-gruevski-i-delegacijata-prinudno-sletal-vo-cirih
Eдно размислување во врска со темава што ја отворам кое може да звучи од типот на "светски заговори" и мистерии.
Колку овој дефект е случаен според вас или пак не е случаен, земајќи ја целокупната ситуација во земјата, како и мешањето на големите држави (Русија и Америка), во случувањата во земјава?
Сите ги знаеме претходните случаи со високи државни функционери, почнувајќи од атентатот над Мијалков, Глигоров, Борис Трајковски.
Дали во македонија се играат преголеми игри за нас и нашите политичари?