Не знам тоа дали спаѓа како фигура ама кога бев мал не знам точно колку години брат ми од Грција кога бевме во Лептокарија мислам му купија Action man полицаец и плус во кутијата имаше уште една фигурица лик кој се бори против Action man и тој лик имаше јака косица во боцки. Приказнава е дека ликов е изгорен па имаше завој на фацата и на рацете. На фацата му се гледаа само очите онака гадни ѓаолски исцрнети.
Паметам брат ми ги напна мојте да му го купат ова и истото лето ги напна за бова да му купат како од Baywatch.
После одморот често одевме по гости со кој се дружеа мајка ми и татко ми и ќерката нивна имаше барбики со куќа, коњ, и со триста тракатанци други па таму ги носевме овие па останаа таму. Е сега дали завршиле во канта или некаде се дадени не знам.
Од тогаш натаму немам нити јас нити брат ми некакви фигурици купено. Пораснав, сватив дека тоа како хоби е скапа работа и не вреди да се замарам, да купувам и трошам пари. Истото го сватив за стриповите, двд филмовите а тоа купував еден период додека бев средно школо.