Воз прегазил 14 емигранти на пругата Велес - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.646
Поени од реакции
48.911
Сабајлево ја слушнав оваа вест на радио а гледам сега и Кајгана пренеле, се стравува дека бројот на загинати е поголем.

Мене една работа не ми е јасна, у послесно време зачестија вакви дешавки со емигрантиве од Сирија, али 14 бе на пруга ми е апла нејасно како успеале да не приметат воз, поготово кај нас ко што се суперсонични и се движат со брзина на инвалидизиран коњ, макар и да било темно и непрегледно, не идел точак накај нив, идел воз, 14 души ... сега за сега.

Некој некое логично објаснување, или колективно се скинале, мене единствено ова ми е логично, друго не.
 
Сакаш логично објаснување?

Некој ги скинал на друго место, па ги наместил на пруга, е ова е логично објаснување!
 
Не, тоа е теорија на заговор.
Логично објаснување подразбира и поткрепа со аргументи и барем нешто што личи на доказ или аксиома.
 
Парчиња место имало разлетано на местото, сеа имаше на вести, на тоа место нема кај да бегаш, од едната страна рид од другата Вардар.
Неколку души успеале да се спасат пошто имало некое мало просторче кај што моеш да се засолниш ако ти наиде воз ама да го видиш одалеку прво. Другите под тркала.

Ќе кине некој 15 души и ќе ги расфрла на пруга, шо да не ги сечел со сатар и моторна пила за да исценира удар од воз. :pos:

Башка и брзо возат возовите не дека се баш као инвалидизиран коњ, плус темница таму, касно ги видел и ги собрал. Јеби га. Луди се ова сиријциве ги глеам и кај мене низ населба по 10-15 души си одат по тоа пругите.[DOUBLEPOST=1429883600][/DOUBLEPOST]http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=67529
 
Последно уредено од модератор:
Греота за луѓево. Уште пострашно е што не ги есапиме за луѓе. Како 14 муви да згазиле ете толку се крена прашина. И не е само овој случај, едно чудо изгинаа кај нас, а во Италија илјадници. И никој просто не се замара. И тие јадници тргнале да бараат подобар живот. Нека им е лесна земја.:(
 
Ја колку што слушнав ова бил тој меѓународниот воз, од Грција што доаѓа. Ако бил тој, тогаш сигурно не е како нашиве, што кажуваат здраво на секоја бандера.
 
Не, тоа е теорија на заговор.
Логично објаснување подразбира и поткрепа со аргументи и барем нешто што личи на доказ или аксиома.

Па и да е теорија на заговор, пак за тоа мора да се има логично објаснување кај се потпира тоа теорија нели...

Парчиња место имало разлетано на местото, сеа имаше на вести, на тоа место нема кај да бегаш, од едната страна рид од другата Вардар.
Неколку души успеале да се спасат пошто имало некое мало просторче кај што моеш да се засолниш ако ти наиде воз ама да го видиш одалеку прво. Другите под тркала.

Ќе кине некој 15 души и ќе ги расфрла на пруга, шо да не ги сечел со сатар и моторна пила за да исценира удар од воз. :pos:

Башка и брзо возат возовите не дека се баш као инвалидизиран коњ, плус темница таму, касно ги видел и ги собрал. Јеби га. Луди се ова сиријциве ги глеам и кај мене низ населба по 10-15 души си одат по тоа пругите.

Излгеда незнаеш дека ако те удри воз, не ти треба моторна пила за да те распарчи на делови... не прај филмови со моторна пила :tapp:
 
Ја колку што слушнав ова бил тој меѓународниот воз, од Грција што доаѓа. Ако бил тој, тогаш сигурно не е како нашиве, што кажуваат здраво на секоја бандера.

Да де, тие јадници нашите возови што ги изгазија не добија ништо поише од два три реда по весници. Овие пошто нели од Грција патувал возот ќе ги збориме неколку дена. Грозно ми е од тоа какви нелуѓе сме станале. Сите.
 
Мислам дека сакаше да каже дека возовите кои доаѓаат од Грција се побрзи од нашиве, дека не се баш толку спори за да би можело да се забележи нешто. Мислам дека не му беше намерата да го направи ова битно затоа што возот идел од Грција. :)

Па и да е теорија на заговор, пак за тоа мора да се има логично објаснување кај се потпира тоа теорија нели...

Не. Најчесто немаат логични објаснувања, ниту пак докази. Ова твоево е само тврдење, исто како фантазија. Не ја гледам логичната оправданост зошто некој би убил 14 луѓе па би ги ставил на пруга. Ова ко американски хорор филм.
 
Не. Тие помалку простор добија зашто беа еден-двајца, овие ќе добијат повеќе простор заради бројката. Инаку тој е најверојатно експресен воз, кој може таква штета да причини при тие услови.
Во секој случај, несоодветно мало внимание добива ова. Според сите логики требаше до сега да се прогласи ден на жалост, како на пример што беше при несреќата со бродот во Охридско Езеро.
 
Па и да е теорија на заговор, пак за тоа мора да се има логично објаснување кај се потпира тоа теорија нели...

Излгеда незнаеш дека ако те удри воз, не ти треба моторна пила за да те распарчи на делови... не прај филмови со моторна пила :tapp:
Прочитај си го првиот твој пост.
Ти викаш дека некој ги скинал па ги наместил на пруга. :pos: Нонсенс.
 
Мислам дека сакаше да каже дека возовите кои доаѓаат од Грција се побрзи од нашиве, дека не се баш толку спори за да би можело да се забележи нешто. Мислам дека не му беше намерата да го направи ова битно затоа што возот идел од Грција. :)

Не. Најчесто немаат логични објаснувања, ниту пак докази. Ова твоево е само тврдење, исто како фантазија. Не ја гледам логичната оправданост зошто некој би убил 14 луѓе па би ги ставил на пруга. Ова ко американски хорор филм.

Абе се надоврзав само да потврдам дека од Грција бил и си продолжив со огорченоста. За медиумите зборам дека го прават малку побитно, а не Beric.
 
Медиуми...
157 студенти во Кенија беа масакирани, па светскиве медиуми беа као да се случила обична лесна сообраќајка, а не па нашиве медиуми. Не очекувам нешто подобро во секој случај. :)
 
Не серете кога појма немате..Место има ОГРОМНО за бегство..На тој дел има мали кривини,али се приметува,пошто е ЦРНА ТЕМНИЦА а возот има СВЕТЛО,сакал несакал ќе го видиш,башка бучи..Друго,секаде е широко освен пред тунелите,е таму и во тунелот нема кај да бегаш..Ама овие се начекани на широко,и од двете страни има грмушки,плус реката Вардар е многу далеку,просек може 20-30 метра од пругата..Моја теорија е дека им ги вадат органите,и ги фрлаат на пругата..Греота за луѓето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom