Помош околу избор на тлефон се мислам околу ЛГ 2 И ХИАОМИ 3

  • Креатор на темата Креатор на темата dejanmav.dm
  • Време на започнување Време на започнување
LG G2 земи си го. Не им верувам јас на кинезаријава - Мi3. Мој другар го има ЛГ-то и е презадоволен од него, а и јас го имам штракано и навистина телефончето е доста солидно за тие пари.
 
Ако се мислиш помеѓу овие два телефона, земај го ЛГто. Како телефон добро изгледа, има добри карактеристики, а и ЛГ е марка. За вториов телефон првпат слушам, ама по името претпоставувам е нешто кинеско.

:)
 
Реално гледано, тука се некаде со перформансите и двата.
Xiaomi се страшно добри и брзи телефони, а што е најбитно пред се имаат многу квалитетна изработка и совршен дизајн.
Така да, ако некој ти каже дека Xiaomi е шкарт кинеска тапа марка, ондак значи дека тој што ти го кажал тоа не се разбира од телефони ама ич.
Ако сакаш да пробаш нешто ново и невообичаено, земи си Xiaomi Mi3 без размислување и нема да погрешиш.
Ако сакаш стандард квалитет и класика, оди со LG G2.
Единствени работи кои би му ги припишал како предност на G2 во однос на Mi3 се поиздржливата батерија (која е малку поиздржлива), и капацитетот од 32GB меморија.
Камерите им се тука некаде, иако јас лично мислам дека камерата на G2 е за многу мала нијанса подобра од онаа на Mi3.

Така да, одлуката е на тебе. Телефоните се отприлика на ист ранг. :)
 
А да прочачкаше малце по темите ? ова општо го зборам не само за тебе, дури сега го разбирам Анчо кога почна да отвара теми без врска во право бил човекот, многу пати имам видено без врска теми отворени.
http://forum.kajgana.com/threads/Телефон-vs-Телефон-Тема-за-споредби-искуства-и-препораки.64803/
 
Камерата е малце подобра на Г2, во се друго е подобар ми3ката :)
Кој повеќе ти се свиѓа тој купи го :)
 
LG то е стопати поубав и подобар телефон.

Овој кинескиов да се мислиш дали во кујна или веце да го залепиш ко зидна или подна плочка
 
“Кинезаријава„ Mi 3 го става Г2 да трчка позади во перформанси и батерија, искрено.. Камерата може малце ноќно време е подобра на Г2, но за другото Ми 3 е подобар. За дизајнот неможам да зборам, тоа се вкусови и тука нема мешање :)

Еве бенч од мојот Ми 3 што го имав :)
mi3.jpg
 
“Кинезаријава„ Mi 3 го става Г2 да трчка позади во перформанси и батерија, искрено.. Камерата може малце ноќно време е подобра на Г2, но за другото Ми 3 е подобар. За дизајнот неможам да зборам, тоа се вкусови и тука нема мешање :)

Еве бенч од мојот Ми 3 што го имав :)
Прегледај го приврзокот 119568

Апсолутно точно.
Не фатиле Xiaomi никогаш во рака, а се контраат без потреба :)
И јас сум против некои бош кинески марки на телефони, ама Xiaomi се квалитет, итоа доста добар и тоа е непобитен факт!
Пред се, тоа е проверено и докажано низ годиниве.

Иначе еден ПОЗДРАВ до тие што мислат дека Xiaomi не се продава низ светов и не е популарен уред :D
 
Ни тој ни тој, земи си Нексус 5. Ќе ми бидеш благодарен што сум ти го понудил верувај.

Еве ти и резултат од бенчмарк
 

Attachments

  • Screenshot_2015-04-22-06-10-02.png
    Screenshot_2015-04-22-06-10-02.png
    164,7 KB · Прегледи: 12

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom