жалби и хиерархија

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikolats
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 декември 2012
Мислења
6
Поени од реакции
2
Здраво , ве молам дали може некој да ми помогне?
Да ми каже кои се законските рокови за одлука на жалба во апелационен суд.
Подетално: На основен суд 2 добив одлука во моја корист , ама државата како противник поднесе жалба. После од аплација почнаа да ме маткаат дека немало комплетирано документи од страна на државата и слично. Па се плашам да не го заташкаат на тој начин дека нема доволно документи . е сега, имаат ли законски рок до кога мораат да одговорат на жалбата и што можам јас да направам околу тоа ?
 
Член 355-а од Закон за парнична постапка
Второстепениот суд донесува одлука по жалба најдоцна во рок од три месеци, а во посложените предмети во рок од шест месеци од денот на приемот на предметот во работа.
 
Од апелација одговор за 9 месеци ќе добиеш од денот кога си поднел.
 
Така е, ама за жал не постпои никаква санкција за пречекорување на овие рокови од страна на судиите, па доцнењето со носењњето на одлуката е редовна пракса низ сите судови во рм[DOUBLEPOST=1431122616][/DOUBLEPOST]

Сосема паушален и погрешен одговор. Не разбирам зошто да се дава одговор кога истиот не ти е познат? Создаваш непотребна конфузија со шпекулациите
 
Неспорно е дека е редовна пракса споровите да се водат со години иако се пропишани пократки рокови од таа причина.
Постојат санкции сепак за заштита на правото на судење во разумен рок, тука е Врховниот Суд да постапува по Барање за заштита на право на судење во разумен рок. Ако и со решение на Врховниот Суд странката се чувствува обесправена и целосно или во недоволна мера обесправена, како последна опција и останува Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Всушност и целиот „позитивен притисок“ за заштита на правото на судење во разумен рок кој се врши врз домашниве судови е од страна на Европската конвенција за заштита човекови права.
 
Правото за заштита на судење во разумен рок може да се остварува само кога постапката по вина на судот се води подолго од 5 години и тоа не претставува санкција за судијата кој не ги почитувал законските рокови, туку еден вид на сатисфакција за странките (најчесто изразена во паричен надоместок).
Не постои санкција доколку судот не ја објави пресудата на последното рочиште за главна расправа (или најдоцна во рок од 8 дена), не постојат санкции за судиите кои не носат одлука по жалба во пропишаниот законски рок и сл.
Спора правда = неправда
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom