Тема за честитање на верски празници

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
Оваа тема не е содржајна и ќе биде тема во која луѓето од било која вероисповест, ќе може да си ги честитаат празниците и да се испоштуваат на раат.
Без дебатирање и расправии, имате пуно теми од таков карактер.
И ќе ја почнам темата со:
Честит Велигден до сите христијани.
 
Јас не сум некој верник, ама поштувам празници бидејќи тогаш луѓево забораваат на стравот и бедата која ги води низ животот, имаат некој буст и елан и сакам да ги гледам такви почесто. На сите им посакувам среќни празници во било кое време од годината, без разлика на религиската припадност. Останете позитивни, водете љубов и смејте се. Позз
 
Среќен празник на сите православни верници

Но кажете нешто каде во Куманово можам јајца да земам?
 
Kaко што напишав и на друга тема:

За многу години!
Па да воскреснеме и ние некогаш... ;)
 
1607017_10204372325168371_722837714063642000_n.jpg
 
Христос воскресна!
Навистина воскресна!

Христос воскресна од мртвите, со смрт смртта ја победи и на тие што беа во гробовите, живот им подари.

Поздрав до Црквата Христова во Македонија.
 
Христос Воскресе.
Добар празник на сите.
Бог да е со сите вас.
VuzkresenieXristovo1.JPG
 
Последно уредено:
Среќен роденден на католичкиот Исус, голем да расти, многу здравје и успеси во живот му посакува Лет 3!
 
На сите Христијани им го честитам големиот празник Коледе!

Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее…
 
ПРОЧКА, ВЕЛИКИ ПОКЛАДИ
(Недела на проштевањето)

"ПРОСТЕТЕ МИ ДА ВИ ПРОСТАМ АКО СУМ ВИ ГРЕШЕЛ НЕШТО"

Господ Исус Христос рекол: „...Кога пристапуваш кон жртвеникот и се сетиш дека имаш нешто против братот свој, или тој кон тебе, тогаш оди, помири се со него а потоа со чиста совест пристапи...“
Дури и какви духовни и телесни подвизи да сме направиле, не не чинат достојни за заедница со Бога, ако живееме со омраза, непријателство и непомирливост со ближниот.
Мирот во нашите души доаѓа само тогаш кога имаме мир со Бога, кој е пак условен и единствено остварлив само преку мирот со ближните. Тој е единствениот пат за мир, радост и спокој на нашите души и нема друг пат освен него. Навистина, многу "болен" за нас заради кршењето на себељубието и гордоста, но само тој пат води низ тесната врата кон Царството Небесно.
Затоа, Прочка е ден на помирување на небото со земјата и ден кога сите духовно се "причестуваме".
Прочка не треба да ни биде само еднаш годишно или секој почесен ден од четирите големи постови, туку наша насушна секојдневна потреба.

Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.

Нека ни прости Господ Бог наш Исус Христос, а и да си простиме сите ние и да се помириме.
Зашто, мирот нема цена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom