rtv21 - нов тв канал во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Па овој канал го има во МК уште одамна. Бум ТВ го пренесува.
 
Финтата е што тој канал што го пренесуваа операторите е од Косово и немаше национална дозвола во Македонија, туку се сметаше за канал од типот на странски (на пример: Discovery).
Со ова овој канал ќе биде регистриран во Македонија и ќе се смета за домашен, со национална концесија (како на пример: Сител 3)
 
Eве го билбордот за најавата на емитување
11895025_684210965042444_4483226633566017334_o.png


А еве го студиото за вести
11999705_687734008023473_2038773851700380449_o.jpg

10518591_685457058251168_1769782465375193606_o.jpg

11896410_683956668401207_7721187999512533647_o.jpg

11950393_688554267941447_537766578216399591_o.jpg
 
Од кај се сликите? Имаат ФБ или нешто?
Да од фејсбук се. Не ми текнува сега како им беше точно пишано името на страната. Побарај 21tv ќе најдеш сигурно, мене споро ми отвара од мобилен а моментално не сум дома.
 
Од 21 часот вечерва започна да емитува 21тв, моментално е во тек свеченото отварање.
 
Оваа телевизија според шпекулациите ќе биде под директна контрола на ДУИ , за поддршка на нивната партија.
 
Главен уредник е Петрит Сарачини, не би требало да е под ДУИ. Напротив, само подобра верзија од АлСат Ем.
 
Главен уредник е Петрит Сарачини, не би требало да е под ДУИ. Напротив, само подобра верзија од АлСат Ем.
Основач на оваа телевизија е сопственикот на ТВ-21 и во Приштина, некогашниот новинар Еуген Сарачини. Семејството Сарачини е во тесни роднински врски со поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини од ДУИ. Но верувам со Петрит колку толку ќе одржуваат неутралност.
 
Основач на оваа телевизија е сопственикот на ТВ-21 и во Приштина, некогашниот новинар Еуген Сарачини. Семејството Сарачини е во тесни роднински врски со поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини од ДУИ. Но верувам со Петрит колку толку ќе одржуваат неутралност.
А Ваљон во кое партиско тело на ДУИ е? Партиски човек ли е?
 
Многу невкусно свечено отварање, како Шутел да се отвараше, со тие танчарите и плејбек пеачите, од срам не можев да ги следам, пак се враќав да не случајно се сменило кон нешто подобро, ама не, не знам како се осеќале премиерот на Косово и претседателот на Македонија , јас не би сакал да бидам дел од таква свеченост. Лош старт.
 
Има ли некој новинари и водители македонски кој ќе прават емисии и водат вести на македонски јазик или пак цела програма ќе е на албански јазик ?[DOUBLEPOST=1442871792][/DOUBLEPOST]На сликите погоре ја има и Биг Мама изгледа она ќе води емисија некоја.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom