Кој е виновен најчесто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Зошто кога се добива "корпа" од другата страна, одеднаш се има на ум и јазик само лоши муабети за него/неа? Нели, тој/таа не чини, шмизла е, дигнат е, спонзоруша е, грд е, ку*ва е, глуп/а е итн итн итн? Зарем пред тоа не сме сакале да сме со него/неа, па во нас е грешката или?
Што ги менува наеднаш тие што не сме успеале да ги имаме? Нивното одбивање или начинот на кој тоа го прават го издаваат нивниот карактер, па по тоа можеме да ги процениме? Или тоа сме ние, најчесто?
Зошто никој никогаш пред било каков коментар за другиот, не се запраша прво себе си дали постапил правилно при запознавањето (првиот впечаток е важен, знаеме), дали изгледал добро таа вечер, дали не бил пренападен, дали не одбрал некој/а понедостапен/на за него/неа и го згрешил/а начинот на приоѓање?
Кој е најчесто виновен за "корпата", тој што ја дава или тој што ја прима?

Оваа појава е едно нормално секојдневие, па ајде да видиме кој како размислува во врска со ова, а и кој како реагира кога јаде "корпа" од нов дечко/девојка ... оставете ги на страна пријателите кои веќе ги познавате и знаете како со нив ... :helou:
 
Е вака...кога ќе добиеш корпа од некој,си фрустриран,од некоја страна си и несигурен во себе,се прашуваш-па што направив сега за вака да ми врати?Не мора да е грешката во нас,постојат милион причини што можат да го наведат некој да ти даде корпа.
Најчесто ги издава карактерот.Кога сме во врска со некој,ги согледуваме само позитивните особини кај него/неа,совршено суштество и сл.После корпата,на секој можен начин се обидуваме да го оцрниме тој/таа, во нашите мисли.Се убедуваме-па добро,како сум можела да се загледам во овој,ваков е наков е-типично потиснување на чувствата,се чувствуваш изигран,искористен,па до некоја мера сакаш да му вратиш...
Јас се запрашувам...секогаш прво ја барам вината во мене.Се преиспитувам,го барам она што би можело него/неа да му пречи...За корпата кој е виновен,зависи од ситуацијата.Подеднакво и двајцата се во игра.
 
81or7.gif
Кога некој ќе те повреди, бараш само начин да се одмаздиш...вина нема, едноставно емоциите исчезнале, баш како во мојот случај.
121gt1.gif
 
Па што знам...мислам дека не може да има баш онака виновник.Не мора да значи дека тој што добил корпа бил пренападен или тој што ја дал корпата бил да речеме дигнат.Едноставно немало хемија помеѓу двајцата и краен резултат - корпа...
А едноставно кога човек е повреден може свашта да збори,па дури и да не го мисли тоа.Некогаш во обид да си ја зачуваме гордоста(доколку е повредена) користиме разни методи,па многу луѓе со служат со добро познатата изрека - нападот е најдобра одбрана....
 
Зошто кога се добива "корпа" од другата страна, одеднаш се има на ум и јазик само лоши муабети за него/неа? Нели, тој/таа не чини, шмизла е, дигнат е, спонзоруша е, грд е, ку*ва е, глуп/а е итн итн итн? Зарем пред тоа не сме сакале да сме со него/неа, па во нас е грешката или?
Муабети за некој што ми удрил корпа?Никако.Последната работа што ја сакам е сите да дознаат дека некој ме одбил.Не зборувам ни добро,ни лошо,туку оставам на времето да ги заташка „последиците“ и си продолжувам како ништо да не било.
Што ги менува наеднаш тие што не сме успеале да ги имаме? Нивното одбивање или начинот на кој тоа го прават го издаваат нивниот карактер, па по тоа можеме да ги процениме? Или тоа сме ние, најчесто?
Ги менува фактот што не не сакаат НАС.А кога знам дека некој не ме гледа на ист начин како јас него-тој веќе не е истиот оној во кој сум се затрескала.Тој е само делачот на корпи.За разлика од повеќето,кои лутината од одбивањето ја манифестираат преку оговарање и слично,јас си ќутам.Сепак-ако зборувам лошо-во прашање ќе ја доведам сопствената проценка за луѓето.А сакам да верувам дека добро проценувам.
Зошто никој никогаш пред било каков коментар за другиот, не се запраша прво себе си дали постапил правилно при запознавањето (првиот впечаток е важен, знаеме), дали изгледал добро таа вечер, дали не бил пренападен, дали не одбрал некој/а понедостапен/на за него/неа и го згрешил/а начинот на приоѓање?
Ако сум се потрудила најдобро што можам да го придобијам,а тој сепак ме одбил,нема што да си ги преиспитувам своите постапки.Не сум негов тип-не е мој проблем.Битно сум се обидела.
Кој е најчесто виновен за "корпата", тој што ја дава или тој што ја прима?
Тоа е борба без победник.
 
nema vinovnik....nitu toj sto ja prima nitu toj sto ja dava ne e vinoven...
toj sto ja prima barem se obidel i si ja probal srekjata neli??
a toj sto ja dava ne znaci deka e nekoj dignat tuku ednostavno ne moze da vozvrati na cuvstvata od drugata strana....
jas sum dobila korpa :) i ne sum nalutena, nitu pak zboram loso za nego...
jas go razbiram negoviot stav i nema lutenje vo takvi raboti...
 
Лејди Сатори напиша:
81or7.gif
Кога некој ќе те повреди, бараш само начин да се одмаздиш...вина нема, едноставно емоциите исчезнале, баш како во мојот случај.
121gt1.gif

Какви емоции? Темата јасно ја поставив за откачување, кога некој ти се удвара на прво запознавање, макар второ-трето нека е. Значи настрана удварач кој го познаваме долго време, а па никако "корпа" после врска ...
 
Дивајн напиша:

Мислев на емоциите од другата стрна...можеби не требаше да речам исчезнале туку смениле, како и да е.Не зборуваш се најлошо за некој кој го сакаш, ти се свиѓа или било што др.
 
Razorblade Kiss напиша:
Е вака...кога ќе добиеш корпа од некој,си фрустриран,од некоја страна си и несигурен во себе,се прашуваш-па што направив сега за вака да ми врати?Не мора да е грешката во нас,постојат милион причини што можат да го наведат некој да ти даде корпа.
Тоа е првичниот впечаток кој го добиваме и првите прашања кои си ги поставуваме. Ако продолжиш со такви размислувања, тогаш сигурно нема да го дознаеш вистинскиот одговор, бидејќи одговорот не лежи кај тебе. Тука зависи која причина ќе ти биде кажана од тој што те одбил, па пак е прашање дали ќе биде искрен.
Razorblade Kiss напиша:
Најчесто ги издава карактерот.Кога сме во врска со некој,ги согледуваме само позитивните особини кај него/неа,совршено суштество и сл.После корпата,на секој можен начин се обидуваме да го оцрниме тој/таа, во нашите мисли.Се убедуваме-па добро,како сум можела да се загледам во овој,ваков е наков е-типично потиснување на чувствата,се чувствуваш изигран,искористен,па до некоја мера сакаш да му вратиш...
Не би рекла дека ги издава карактерот, туку ги издава моментот. Може во некој погрешен момент (зборувам за момент, не за период) се појавуваш, па може да изреагира некој на начин кој во моментот самата состојба му наложува, онака несвесно. А оцрнувањето во мислите се појавува за да си олесниш себеси, да не се обвинуваш.
Дивајн напиша:
Што ги менува наеднаш тие што не сме успеале да ги имаме? Нивното одбивање или начинот на кој тоа го прават го издаваат нивниот карактер, па по тоа можеме да ги процениме? Или тоа сме ние, најчесто?
Тие кои сакаме да ги имаме, најчесто ги гледаме со позитивните страни. Ако некој ти даде „корпа” и после тоа го оцрнуваш, најчесто се служиш со зборови кои први ќе ти дојдат на памет, а јас не верувам дека ги мислиш. Тоа доаѓа во момент кога си незадоволен што те откачиле, го прифаќаш како којзнае колку тежок пораз, нервозен си. Ама сепак, се` зависи од тоа кога те откачил/а (кога почнал процесот и кога завршил со „корпа”), колку се собрало. Не верувам дека ако некој уште веднаш знае дека нема шанси да бидат заедно, дека ќе се замара којзнае колку.
Начинот на одбивање не мислам дека игра некоја улога, бидејќи откачување си е откачување, без разлика дали ќе биде со „Извини, ама...”, „Не сакам...” и сл. Не зборувам тука за терање упм, туку некој вид културна „корпа”.
Дивајн напиша:
Зошто никој никогаш пред било каков коментар за другиот, не се запраша прво себе си дали постапил правилно при запознавањето (првиот впечаток е важен, знаеме), дали изгледал добро таа вечер, дали не бил пренападен, дали не одбрал некој/а понедостапен/на за него/неа и го згрешил/а начинот на приоѓање?
Можеби затоа што пред запознавањето бил сигурен во себеси, бил сигурен дека знае како да пристапи, како да се однесува, дека добро изгледа и сл. И ако веќе на секој можен начин се трудиш да ја најдеш вината во другиот, фино е да се преиспиташ самиот ако тоа не си го направил пред да го оцрниш другиот.

Tи што мислиш?
 
Зошто кога се добива "корпа" од другата страна, одеднаш се има на ум и јазик само лоши муабети за него/неа? Нели, тој/таа не чини, шмизла е, дигнат е, спонзоруша е, грд е, ку*ва е, глуп/а е итн итн итн? Зарем пред тоа не сме сакале да сме со него/неа, па во нас е грешката или?
Што ги менува наеднаш тие што не сме успеале да ги имаме? Нивното одбивање или начинот на кој тоа го прават го издаваат нивниот карактер, па по тоа можеме да ги процениме? Или тоа сме ние, најчесто?
Зошто никој никогаш пред било каков коментар за другиот, не се запраша прво себе си дали постапил правилно при запознавањето (првиот впечаток е важен, знаеме), дали изгледал добро таа вечер, дали не бил пренападен, дали не одбрал некој/а понедостапен/на за него/неа и го згрешил/а начинот на приоѓање?
Кој е најчесто виновен за "корпата", тој што ја дава или тој што ја прима?

Оваа појава е едно нормално секојдневие, па ајде да видиме кој како размислува во врска со ова, а и кој како реагира кога јаде "корпа" од нов дечко/девојка ... оставете ги на страна пријателите кои веќе ги познавате и знаете како со нив ... :helou:
Се е до начинот на кој тоа го прават, повеќето го избираат полошиот начин со кој ќе те повредат а можат едноставно да кажат на почетокот дека не се створени еден за друг?
Најчесто тоа го прават девојките, тие повеќе знаат да не вртат нас мажите и ним таа игра им е интересна бидејќи таа се чуствува како принцеза додека му ги пвредува чуствата некому а тој сиротиот опиен од љубовта и да му ставиш очила си дипотер 15 пак нема да види ништо :).
После одредено време кога на девојката ќе и досади играта со нејзиниот удварач таа едноставно не му одговара на позивите, не му возбраќа на СМС пораките, не илзегува кај што излегува тој и наеднаш машката страна го менува мислењето за неа и ја наречува курва или пуфла, чавка, смрдла а гледано од машка страна секое машко ќе ги оправда овие погрдни зборови бидејќи секој барем еднаш поминал низ тоа.
Вака барем јас гледам од машка страна, можат некоја девојка да каже како се чуствувала таа кога некое машко вака ја вртел и како била прошетана низ 99 мориња и на крајот останала и сува и жедна :pos2:
 
таман работа ако земам да се замарам за секоја корпа...уште поише па да анализирам кој е крив....нормално е да одбиеш некој што не ти се свиѓа...стај се во кожата на таа што те одбила и ќе ти биде јасно...ако сум и` се свиѓал, ќе искочела со мене, сигурно не ме одбила од курташак....ова зборам ако темава се работи за сефте упознавање
ако станува збор за раскинување на врска,тогаш е друг муабет
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom