Ај вака,касните 90ти,значи после 96та беа некој старт,залет за младите да почнат помасовно да излагаат.Тогаш беше доживљај да излезеш,да се видиш и поздравиш со некој. Добрата музика,фината раја беше доволно за да "местото" стане шема и да биде газење. Тогаш се знаеше кои се тие места и не беа повеќе од 4-5 за разлика од сега што сите се распрскани низ цело Ск.
Да не ги набројувам џабе,тие што ги знаат добро,тие што не ги знаат ништо не им значат.Дружба,искрени луѓе,муабети,немаше глумење лудило немаше намрштени фаци у стил шо ме глеаш бе?! Луѓето уствари играа на подиум,се забављаа видливо.
За разлика од денес.. Пред некој ден излегов после некоја пауза од скоро година. Сликата е за жалење.
Изгубени фаци,сите буљаат у телефоните,листаат фб еееј.дошле тројца стапови,до нив неколку авиони исто сами,а овие не дигнаа глава од тел,додуша и женскиве ништо поарни не беа со тел.сума сумару,никој не беше излезен со цел да се забавља или да запознае нови фаци,туку чисто онака да се гужва у рандом кафич со некој покрај нив што ќе има некој за заедно да се досадуваат.само ќе кажам жално,бедна атмосфера,ноу нејм диџеи и тапа музика. Исходот од тоа е што побрзо сакав да си излезам и отидам дома со фамилијата.не сакам да споредувам со соседите на пр. Софија и Белград ама нивниот ноќен живот е напреднат од 90тите у позитивна смисла и знаат како да го задржат тоа и одржаваат.стварно ми е криво што го гледам ова,и не гледам дека ќе се измени у догледно време. И што треба да одиме у комшии ако сакаш да си поминеш топ како што е ред.