- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Тие се големците на чии што рамена ние стоиме. Своите генијални умови ни помогнаа да се развие човештвото, а без нивните изуми денешниот живот би бил бесмислен. Тие се најплодните научници на сите времиња.
За сите нив сигурно сте слушнале, но веројатно не знаете за сите поточно кој што направил.
Дали знаевте дека Леонардо Да Винчи, авторот на најпознатата слика на светот, го измислил калкулаторот или дали Исак Њутн, освен што ги открил законите на гравитацијата, бил и многу успешен обвинител кој фатил десет многу големи злосторници.
Така, освен што ќе научите (или ќе се потсетите) кој што придонел за човечкиот род, ќе откриете и некои интересни сочни детали од нивните животи кои не биле поминати во лабораторија.
Томас Едисон
Изумот на овој големец, метафорички кажано, ќе ни се појави над глава кога ќе дојдеме до некоја добра идеа - светилка. Но, поголемо откритие од самата светилка било тоа што Томас објаснил како таа работи.
Во 1882 година ја основал првата компанија за дистрибуција на електрична енергија за светлина односно успеал да придобие 59 клиенти од Менхетн. Своето знаење го искористил и за пронаоѓање на првата верзија на телеграфски приемник - Факс.
Кога Томас Едисон, без оглед на натпросечната брзина на неговите мозочни виуги, сепак бил само човек од крв и месо, и тој подлегнал на некои модни трендови. Така последните години од својот живот бил на некоја многу строга диета која дозволувала конзумирање на само пола литро млеко на секој три часа. Можеби тоа било првата верзија на познатата млечна диета во која недостигало само храна.
Јоханес Гутенберг
Никој не знае кој ја напишал Библијата, но знаеме кој прв ја издаде: Johannes Gutenberg. Големината на неговиот изум - печатените букви, е уште поголема ако успееме да сватиме дека тој фактички ја создал информатичката револуција.
Познато е дека кинезите веќе со векови користат печатени букви, но Гутенберг прв за печатење употребил хартија, а не свила. Овој изум овозможил достапност на знаењето на поголемиот број сталежи односно неговата цел за почетокот на просветителството.
Како научник, Гутенберг бил еден од подобрите, но како бизнисмен бил тотален промашај. Неговиот изум го променил светот, но несреќниот Јоханес не успеал да извлече никаков профит од тоа. Напротив, на крајот ги изгубил и правата на неговиот изум и парницата со својот финансиер.
По се што му се случило, Гутенберг станал пијаница. Во долговите и во борбата против зависноста, германскиот научник го спасил надбискупот од Ментз кој му понудил работа и му дал кров над глава.
Никола Тесла
Заблагодарете се на овој генијалец следниот пат кога ќе ја слушнете вашата омилена песна. Иако не добил заслуга додека бил жив, Врховниот суд по неговата смрт го признал Никола Тесла, а не Гуглиелмо Марцони како изумител на радиото.
Тесла бил ексцентрик - открил метода за пренесување на електрична енергија попозната како наизменична струја, која се користи до ден денес. Меѓутоа, неговата главна окупација биле теоретските објаснувања за користење на електричната струја, од кои многу сеуште не се целосно "разјаснети", односно се многу далеку од очите на јавноста.
Тесла, кој многу често сам ја изработувал опремата (значајна е неговата спирала која собирала екетрицитет), работел на разни идеи - од ренгенски зраци до машина за предвидување на земјотрес.
Исак Њутн
Еден ден Исак Њутн седел под јаболково дрво. Од еднаш од дрвото паднала јаболка и младиот Њутн сватил дека тоа јаболко на земјата го привлекло некоја сила, а тоа била силата на гравитацијата. Не е сигурно дали оваа приказна е вистинита, но сега нема да се задржиме на тоа.
Главната гранка на Њутн била физиката, а посебно го интересирале законите на светлината и оптиката. Во својата работа открил дека светлината се состои од честички што му овозможило да развие рефлектирачки телескоп (денеска именуван по него). Исак исто така придонел на науката со проучувањето на законите за звук и температура.
Но, освен љубовта спрема физиката, Њутн имал уште еден занает - борбата против злосторниците. Две години работел за англиското кралство и ги прогонувал криминалците. До крајот на своето правно служење, десет луѓе против кои Њутн покренал парница биле соодветно казнети.
Бенџамин Франклин
Станува збор за научник и швалер, комбинација која до сега не е сретната кај ниедна особа од ваков калибар. Но Бенџамин е исклучок. Овој момак освен по генијалниот ум бил познат и како голем љубител на жените.
Бенџамин Франклин или "Првиот Американец", како што може да го наречеме им помогнал на луѓето на кои им биле потребни за читање - бифокални очила. Во паузите помеѓу пишувањето на алманахот на сиромашниот Ричард (Poor Richards Almanac), развивал пријателски односи со Французинки и водење љубов со многу убавици, Бенџамин се занимавал со работи кои на многумина им помогнале.
Позната е неговата авантура кога по врнежливо време летал со платнен змај и на тој начин го проучувал електрицитетот.
Неприкосновениот Франклин не прекинал со истата традиција па ја продолжил и со американските дами. Наводно многу успешно ги заведувал и француските убавици, што многу му помогнало во развивање на пријателските односи.