- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.573
- Поени од реакции
- 18.607
Фантастични 169 милиони евра профит оствариле „Ти мобајл“ и „Мактел“ лани. Двете телекомуникациски мрежи, фирми ќерки на „Маѓар телеком“, поставија нов рекорд од работењето во Македонија.
Според информациите од „Маѓар“, во вкупната заработувачка за 2006-та „Ти мобајл“ учествува со 86 милиони евра, додека „Мактел“ остварил ќар од над 83 милиони евра. Станува збор за профит пред оданочување.
Овие 169 милиони евра се највисоки досега во бизнисот на „Македонски телекомуникации“.
Во официјалната информација пласирана на својот веб сајт, „Маѓар телеком“ објаснува дека рекордниот ќар се должи на зголемениот сообраќај во мобилната телефонија, што, пак, е резултат на намалените цени.
Во фиксната телефонија зголемувањето на профитот се објаснува со намалените трошоци преку кастрењето на работните места.
Во 2005-тата добивка пред оданочување на двете најмоќни компании во земјава изнесуваше околу 140 милиони евра, што е 30-тина милиони евра помалку од ланскиот ќар.
------------------------------------------------------
Види мајката оствариле зголемен профит и тоа со намалени цени во мобилната телефонија. Цццццццццццццц:nesvest:
Можело и така!