Значи госпот само здравје и убаини да ти дава!
Од твојот одговор е јасно дека и ти како мене и сите други, немаме начин за детектирање и мерење квалии. Оттука, ама ич ништо не можеме да кажеме со сигурност за нив. Затоа реченицата "менталните феномени СЕ физичките феномени?" има смисла исто како што има смисла дека менталните феномени се дрвени, железни, вмровски...
Но да се вратиме во нашиов трагичен реализам и да видиме "епистемиолошкиот пад" во науката што ни кажува: мозочните феномени се неопходен (не нужно и доволен) услов за постоење на менталните феномени. Која и да е меѓусебната релација меѓу нив, неспорно е дека менталните феномени се супевениентни на мозочните (од мозок можеш да добиеш квалии, од квалии не можеш да продуцираш мозок, освен со ебење во здрав ум). Со оглед на тоа што не можеш да избегаш од монизмот, штом материајниот мозок има некоја (било каква) интеракција со менталниот феномен, самиот ментален феномен е неизбежно физички.
Единствен излез од ова е отфрлање на монизмот, ама тогаш влегуваш на територијата на Саше фактор икс.