Тоа е убавината во овој универзум. Што воопшто нема потреба да сме свесни. Од натуралистичка/еволуционистичка гледна точка, свеста само ја заебува стварта.
Не само само-свеста, туку свеста воопшто. Природата сосема перфектно би функционирала и со зомбиња/роботи.
Kaко тоа ја заебува стварта? Ако природата би функционирала сосема перфектно и со и без свест тогаш сеедно е, зошто ја заебува? Или ти е некаков figure of speech?
Иначе не, детерминизмот не исклучува постоење на свест, нема никаква врска тоа, нез од кај го извлече. Искучува слободна воља. Додуше Daniel Dennett вели дека не искључува, али ја не го разбирам доволно за да коментирам.
Знам дека не мора да го исклучува, прашањето ми беше кој е ставот на официјалниот детерминизам како учење, ставот на пионерите на детерминизмот, дали веруваат или не веруваат во нематеријална свест. Си помислив дека можеби го исклучуваат пошто одев по логиката дека ако веќе сметаш дека се е предодредено тогаш нема никаква потреба за постоење на свест како нематеријален ентитет. Јас верувам во свест, само ми нема логика, кој кур постоиме заробени во овие тела како неми набљудувачи на "пишаното", со илузија дека контролираме нешто? Ова ти е исто како кога играш нинтендо и помалиот брат те замара сака и тој да игра и му даваш анплагд џојстик и го гледаш како прицка рандом копчиња и се ќефа мислејќи дека тој го контролира Марио.
Имам читнато едно интервју со Денет и колку што го сфатив (а не сум сигурен дека го сфатив) тој свеста ја симплифицира на ниво на обичен механизам, на материјални процеси, и тоа е уште една причина зошто помислив дека детерминизмот можеби не ја гледа свеста како нешто нематеријално/немерливо.
Премногу outside of the box гледаш на работите. Да интересна е целата таа теорија да има нешто нематеријално што е во контрола на нас и управува со нашите механизми.
Тоа "нешто" не е нешто друго, тоа си ТИ бе Андреј. Ти не си телото, не си ни мозокот, ти си она кое
искусува. Стварно не знам кој зборови да ги одберам за ти опишам што подразбирам под свест пошто очигледно не ја сфаќаме исто и за тоа не можеме да се согласиме, не е до тебе, tricky subject за објаснување е.
Ова и за тебе и за Ставро. Сите тие чувства на болка, гледање на бои, слушање на музика и слично се невролошки импулси кои мозокот ги креира од искуствата кои ги возприема од надворешните сетила. Ни ги манифестира на начин на кој нашето тело може да ги почувствува бидејќи имаме изградено одредена телесна архитектура за тоа.
Овде самиот се контрадиктираш со болдираново. Велиш "
Ни ги манифестира". Aко материјалниот мозок е единственото нешто кое се наоѓа во черепот тогаш на
кој му ги манифестира мозокот тие импулси?

Одговорот е: ти ги манифестира
на тебе = на свеста.