Напад од куче на патот

  • Креатор на темата Креатор на темата Litajko
  • Време на започнување Време на започнување
Немам, ама сепак повеќе ќе те заштити пиштол отколку некоја справа што испушта ултразвук.
то е човечко размислување - зато што ти повеќе се плашиш од пиштол а не од некое пластиче шо пушта ултразвук :D
Прво ако не и ептен искусен и истрениран, кучињата ќе те фатат пред да го извадиш, репетираш и нанишаниш пиштолот. Во брзање и паника ќе се погодиш сам себе си ако се премнногу блиску до твоите нозе, или ќе погодиш некој невин човек на 50-100 метри подалеку зато шо ќе ги промашиш или куршум ќе рикошетира... и да го погодиш - не значи дека ќе го убиеш или застанеш
Ултразвукот делува на кучето непријатно и болно пошто има мошне осетлив слух, одднаш ќе осети пискав висок звук кој му пара уши и се забива како болка во мозок и тоа рефлексно бега подалеку.
 
Пред неколку години ме нападна глутница кучиња на Гробиштата Бутел. Само лаеа и ржеа
Многу опасна ситуација. Од памет ме извадија
Немав ништо при рака. А добро е во ваква ситуација да се има стап.
Затоа порано господата обавезно носеле стап. Во денешно време треба да се носи чадор
 
И јас слично нешто имам доживеано пред неколку месеци, често поминувам низ паркот и го забележувам кучево скоро секој пат и знам дека не е агресивно ама еднаш беа така во група - "Thug life" и кога од тоа што најмалку очекував почна да лае, и сите заедно ми се с'сна пошо у група се силат најмногу, во тој момент си реков немој само да почнеш да трчаш оти ќе си ибеш мајката и едноставно си одев со исто темпо како ништо да не се случува ама ептен кога ми се приближаа забележав дека не пали тоа и само застанав за момент се свртев и така ги сецкав со иста финта едно 2-3мин :facepalm: и кога се разминав со еден човек почнаа по него :icon_lol:(не е за смеење), јас преживеав за него нез.
 
Мора да се превземе нешто во врска џукеливе. Јас не памтам порано да имало волку многу џукели низ Скопјево како што има сега. Кај мене во населба цело време се слуша лаење, незнаеш дали ова е градска населба или селски кучкарник(n)
 
Мене ме имат нападнато овчарски шарпланинци пред 10ина години, три од нив,среќа исто ко на грчконо видео имав точак(пони):D со мене,и само го стајв точакот меѓу мене и нив и почнав да викам по овчарите,иако не можев да видам кај се.у еден момент мислев жив ќе ме изедат коа ги глеав како лиги им течат додека лаат али се појавија овчарите и само им свирнаа и кучињата престанаа со лаење,и си поминав покрај нив.
 
@Let 3 Чисто од љубопитност, од каде може да се порача тој уред, или како се вика? Ако цената е одговарачка, сакам да земам еден од љубопитност и за тестирање.
 
@Let 3 Чисто од љубопитност, од каде може да се порача тој уред, или како се вика? Ако цената е одговарачка, сакам да земам еден од љубопитност и за тестирање.
Има и овде на реклама 5 еден ги продава околу 700-800 денари е а ги имаш и по ибеји, аладини.....
 
@Let 3 Чисто од љубопитност, од каде може да се порача тој уред, или како се вика? Ако цената е одговарачка, сакам да земам еден од љубопитност и за тестирање.
Ај ако најдеш, пушти линк овде и мене ме интересира.
 
Мора да се превземе нешто во врска џукеливе. Јас не памтам порано да имало волку многу џукели низ Скопјево како што има сега. Кај мене во населба цело време се слуша лаење, незнаеш дали ова е градска населба или селски кучкарник(n)
А што можеме да превземеме?
Кучиња си се кучиња. Тие живеат со луѓето, што се вели, од почетокот на Светот.
 
А што можеме да превземеме?
Кучиња си се кучиња. Тие живеат со луѓето, што се вели, од почетокот на Светот.
Би ти кажал што би може да се превземе, ама на никој нема да му се допадне "решението" па затоа ќе си молчам.
 
Би ти кажал што би може да се превземе, ама на никој нема да му се допадне "решението" па затоа ќе си молчам.
Претпоставувам дека мислиш да ги „ потаманиме “
Не е тоа решение.
Еве од кои причини
1. Кучето живее одамна со човекот. Тоа има економски значај, помага во сточарството, како пес-чувар, помага на слепи лица, и тн, Кучето се храни со одпадоци на храна од луѓето. Ако нема кучиња распаѓањето на тие одпадоци ќе предизвикува болести и зголемување на бројот на глувци.
2. Тоа е домашен миленик во многу домаќинства
3, Најпосле тоа не е ниту можно. И колку да таманиме, популацијата на кучиња многу бргу се враќа. Во случај на појава на беснило и други болести се врши таманење на кучиња, но по тоа брзо се обновува популацијата.

Значи факт е дека и понатаму ќе живееме со кучињата
Затоа, како што реков, вистински господин треба да носи стап
 
@Let 3 Чисто од љубопитност, од каде може да се порача тој уред, или како се вика? Ако цената е одговарачка, сакам да земам еден од љубопитност и за тестирање.
Позајмив еден таков од пријател да го пробам како функционира пред да набавам еден, ама од сите кучиња на кој што го пробав само едно малку мрдна со увото, сите други останаа мртви ладни.
Со селски кучиња е друг муабетот, реагираат и бегаат, ама овие урбаниве отрпнати се изгледа на секакава бучава.
 
има секакви апарати на пазарот, овие уреди единствено не се ефикасни на стари кучиња на кои веќе им е ослабен слухот и на добро истренирани полициски кучиња. Јас имам таков и делува одлично. Или е некој модел кој не произведува доволно силен звук на одредената фреквенција или батериите му се слаби. Исто така можно е да е тоа уред за тренинг на кучиња има разлика меѓу ултразвучни апарати за бркање и за тренирање
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom