Kако скопјани се рекреираат на Водно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата palpem
  • Време на започнување Време на започнување
Ај тие што немаат деца и што незнаат како се оди со деца некаде,било каде,нека не коментираат на темава,или ако коментираат нека не трескаат зелени од типот дур пораснеле децата у парк да одат дрн дрн..
Што се криви тие што тргнале да се рекреираат со децата да неможат да дојдат со кола од напатените опинци што паркираат кај ќе стигнат и од мрза да се качат пешки одат со коли и тоа случаи 5-6 другари/ки со 5 коли.
Да не зборам дека пола Мк е дојдена со иста цел,да ги видат и нивните од пиперки/грозје купени џипови.
Нит имам намера со детето и ранци/торби да се гнетам у бус со пензиине на кои им е бесплатен викендот со се жичара,нит ги турам на такво тие што им е побитен чекинот од здравјето на моето дете!
Еве ја имам дете и рекреација со дете и Водно преку викенд и празници не можам да спојам никако, тоа што пола Скопје има куќа у село и пак се бута на врв на Водно ко да се на панаѓур ми е тежок моронизам. Мора да е мрза. Се надевам ако направат жичара до средно ќе забранат било каков пристап со коли до горе.
 
Заборавив да пишам што страшно ме нервира.
Ми делува како да се бунат само два типа на луѓе:
- Оние кои што одат на Водно еднаш у 5-6 години, па и помалку...
- Оние кои што одат само кога е добро време (и тоа најактивните викенд, овие први топли во годината)...

Во принцип јас не начекав нешто многу негативни коментари од секојдневни рекреативци зошто знаат дека ова е моментално, два три викенда во годината и знаат дека секој друг ден од годината, Водно е „нивно“
 
Како е на водно вака преку недела ? ова време ?
 
Рај на земјата, би можел да кажам. Зашто, мене лично ми пречат луѓе во ситуации кога сакам да се рекреирам и да одморам баш од истите луѓе, па затоа и Водно ми е најпогодно за искачување преку недела. Можеш да се изнауживаш на прекрасново сончево време, само внимавај бидејќи е прилично ладничко.
 
Работен ден е најубаво, плус и денот ќе се зголеми сега, кој сака да се рекреира не чека сабота/недела
 
Како е на водно вака преку недела ? ова време ?
Нема гужва преку недела, па дури и ако е убаво времето има само рекреативци со велосипеди :)
Истотака можеш да најдеш некои вежбаат на "справите" по трим патеката. Истотака, може да се сретнат луѓе кои вежбаат кај боровите кај првиот паркинг.

Јас идев доста често до крајот на годината, а имаше периоди кога одев секој втор ден барем до средно Водно. Бидејќи, живеам одма под Водно, дел од луѓево од населбава одат секој ден на Водно, а имам другар што скоро секој ден оди до крст и назад. Досега, никој не се пожалил на некоја претерана гужва.
На средно Водно одам само за да се напијам вода, ама откако извадија соопштение дека е загадена, одам поретко.
За викенди има претерана гужва на средно Водно, автомобили има по должината на целиот пат, бидејќи паркингот е полн и се паркираат кај стигнат.
Исто и на крстот е преполно кога е викенд и надвор е убаво времето. Ама воглавно 70% одат со жичарата, а останатите одат по главниот пат, ретко кој се нафаќа да оди по козјите патеки.
Од козјите патеки, највеќе луѓе одат по патиштата над средно Водно, а ние пошто одиме по патот од Марково крувче, ретко кога наидуваме на луѓе :D

Преку недела на крст можеш да сретнеш само странци кои се качуваат по патот кој оди од средно Водно...
Во понеделник има најмалце луѓе :)

Автобусите што одат до средно Водно се преполни со луѓе за викенди, воглано бидејќи пензионерите имаат бесплатен превоз. Еднаш се возев, бидејќи одев од крст директно на натпревар, па се случи во гужвата во автобус, едно девојче да се онесвести пред мене...
Така да, отпишете ја таа опција да одите со автобус за викенди :D

Од друга страна, никогаш нема да ги сфатам оние кои одат со автомобили на Водно и ќе застанат на средно па ќе дремат таму, демек во природа...
Природата е да одиш низ шумата, да се изолираш по козјите патеки, да уживаш во зеленилото, а не да се качиш со автомобил и да ждереш како сом на средно и после да се вратиш дома.
Природата на Водно секојдневно се уништува со теророт кој го вршат на страната на Марково курвче, веќе и нема нормално козјо патче за симнување од таму, мора да скокаш од едно брдо...
Позади Марково крувче има асфалтиран пат, кој ќе поврзува до тоа богаташката населба која ја градат.
Го затрупаа Гоцево чешмиче, а од карпите што паѓаа после минирањата, ќе утепаа за малце еден старец кој редовно ги носеше козите на пасење во тој дел...
 
Ај тие што немаат деца и што незнаат како се оди со деца некаде,било каде,нека не коментираат на темава,или ако коментираат нека не трескаат зелени од типот дур пораснеле децата у парк да одат дрн дрн..
Што се криви тие што тргнале да се рекреираат со децата да неможат да дојдат со кола од напатените опинци што паркираат кај ќе стигнат и од мрза да се качат пешки одат со коли и тоа случаи 5-6 другари/ки со 5 коли.
Да не зборам дека пола Мк е дојдена со иста цел,да ги видат и нивните од пиперки/грозје купени џипови.
Нит имам намера со детето и ранци/торби да се гнетам у бус со пензиине на кои им е бесплатен викендот со се жичара,нит ги турам на такво тие што им е побитен чекинот од здравјето на моето дете!
Од комлекси си патиме
Ако имаш кола и сакаш детето да го однесеш на планина тоа сигурно нема да ти биде Водно, можеш на Козјак барем таму со кола не е страшно, ама пуста мрза. Барем 50 луѓе во скопје да размислуваат како тебе и ете гужва (а сигурно има повеќе бидејќи скопје е официјално 600.000)
 
именувај го мојот комплекс?!?
Друго,јас со кола одам до средно па пешки до детското и назад. Јас немам проблем со никој се додека има сообр. Култура. Ти место да ставиш акцент на тоа,ти тргна да ги осудуваш сите на куп.тотално промашување на целата проблематика.
Трето,ти да си одиш на козјак ако сакаш и ако ти сметаат луѓе со мали деца.мене не ми сметаат тие што се качиле од иста причина ко и јас,туку тие што патот за накај дома ке ми го извадат на нос затоа што немаат осет каде паркираат.
Четврто,секој викенд мењам локација и кај и да одиш е преполно со луѓе и истите сообр.проблеми.секаде е полно,парк матка итн.
За крај,нека не ти бидат криви двајца родители со мали деца што паркирале прописно поради одредени несовесни поединци што паркирале на сред пат.
 
И јас денес бев со кола на водно,ама за викенд никад не би се осудил да идам со кола.Точно,природата е за да ја шеташ,а не да ја возиш и да гнетеш ко вол.Ако сакаш децата да дишат здрав воздух и да се во природа,имаш милион такви места...има и селца кој што можеш да ги посетиш,еден куп планини,не мора да е Водно.Поради тоа што сите идете на водно,ради тоа има такви гужви.Викаш прописно си паркирал,другите непрописно,па кај да паркира кога сите сакате да се набутате на водно со кола ? што да направат,пола планина да е паркинг ?
 
За крај,нека не ти бидат криви двајца родители со мали деца што паркирале прописно поради одредени несовесни поединци што паркирале на сред пат.
Скопје е град од најмалку пола милион жители, а паркингот на средно водно едвај може да собере 50-тина коли. За газ паркинг место нема нешто како несовесни поединци што паркираат сред пат, има поединци што не мислат со главата дека горе на водно на убав сончев ден ќе има најмалку 100 коли, а нема место. Тоа е одење на главата во ѕид.
Да ти дадам една споредба, граничниот премин на Богородица за време државни празници е полн и се чека најмалку 2 часа, додека кај Дојран нема живо пиле на преминот, а разликата е во 10-тина километри плус, што се да речеме 5-10 минути возење.
 
Од комлекси си патиме
Ако имаш кола и сакаш детето да го однесеш на планина тоа сигурно нема да ти биде Водно, можеш на Козјак барем таму со кола не е страшно, ама пуста мрза. Барем 50 луѓе во скопје да размислуваат како тебе и ете гужва (а сигурно има повеќе бидејќи скопје е официјално 600.000)

Абе ајде :D
 
Не ај нема веза ова се ќе се напраам дека го сфаќам..

...АМА ЖИТИ СЕ ОБЈАСНИ МИ КАКО МОЖЕ СО ТАКСИ ДА СЕ КАЧИ ДО СРЕДНО ??????? КАКО ?? !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Тоа што имате коли, не значи дека треба да заборавите да користите градски превоз. Демек имам јас пари се возам со кола, демек сиромаштијата се вози со автобус. И после се жалите дека било загадено, дека било гужва, дека имало несовесни возачи.
Со еден збор сте себична проста сељачана, мислите само за вашите потреби а не и за другите. Барем не се жалите дека е гужва на водно кога одите со кола и дека нема каде да паркирате, едноставно прифатете го фактот дека има многу сељаци што размислуваат како вас и дружете се на чист воздух
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom