Секој изминат сончев викенд на Водно е панаѓур, хаос од коли кој самите си се блокираат па кукаат по фб и порталиве, читајќи го текстов па ме инспирираше да ја отворам темава, значи проблемот бил до полицијата што не го регулира патот и што немало паркинг места доволно, па зар за некој што му кејфнало стрикно на Водно да го помине викендот, при еден куп други зеленила низ Скопје, како скопска црна гора, градски парк, парк шума гази баба, матка треба да се исече шумата на средно за нови паркинзи ?
За мене кој редовно вози велосипед на водно, 4-5 пати неделно, ми смета премногу собраќајот за викенд, ние што рекреираме од подножјето на водно, треба да се угушиме ради тие што решиле со кола да одат до средно и жичара до врв за едно кафе и едно чекирање на фб.
Според мене идеално решение би било за викенд да се забрани собраќај со автомобили и да се пушти автобуси на 10 минути, па кој сака нека повели.
На падините на Водно викендов владееше вистинско сообраќајно лудило. Метеж од возила и луѓе имаше речиси по должината на целиот пат до Средно Водно, па јасно беше дека најбројни на планината беа оние што не сакаат пешачење и рекреација.
Автомобилите беа оставени како на паркингот на Средно Водно, така и покрај патот, на самиот коловоз или во тревата, што беше главната причина што сообраќајот вчера попладне остана закочен повеќе од еден час, а луѓето не можеа да се симнат во градот. Како што пишува Дневник автобусите останаа заглавени, сосе патниците во нив. Тоа предизвика нервоза кај сите, особено затоа што полицијата ја немаше да го регулира сообраќајот и да го одблокира движењето.
Револтот од закрчениот пат и долгото чекање многумина го пренесоа и на социјалните мрежи, кои ги полнеа со фотографии од метежот, кој како што раскажуваат, почнал околу 14 часот, пред ручекот.
Она што во моментов е проблем за возачите кога ќе решат да ја посетат парк-шумата е недостигот од паркинг-простор на Средно Водно, но и тоа што полицијата не го регулира сообраќајот за време на метежот во викендите. Рекреативците, пак, се гневни на своите сограѓани-возачи, за кои сметаат дека се мрзеливи и не сакаат да пешачат.
Патот на планината е слободен за сообраќајно движење до Средно Водно, до каде што секој може да дојде со возило. Таму има рампа што ги спречува да се качуваат кон Милениумскиот крст на врвот, односно паркингот на Средно Водно е крајната дестинација за автомобилите. Оние што ќе решат да продолжат нагоре до крстот, може да ја користат жичницата или пеш да се рекреираат на чистиот воздух. Но, факт е дека мнозинството до Средно Водно оди со возило, а малкумина тргнуваат пеш или со велосипед уште од подножјето.
- А како да дојдам до Средно Водно со мало дете? Морам дотаму со возило, а потоа шетаме на планината. Не можам со автобус бидејќи така ми е покомплицирано, носам неколку торби со храна, пијалаци и други неопходни нешта. Сметам дека на Средно Водно е потребен нов паркинг простор - вели Мирјана Петровска, мајка на четиригодишно дете, која викендов исто така беше блокирана со автомобилот на омилената планина на скопјани.
Од друга страна, луѓето одбегнуваат да се симнуваат со возилата од страната на Нерези, бидејќи како што сведочат, патот е уништен, не е реконструиран, преполн е со дупки, а во изминативе месеци во неколку наврати имаше одрони.
Од СВР Скопје велат дека викендов не интервенирале на Водно затоа што немале пријава. Посочија дека се надлежни ако сообраќајот е блокиран, но дека не интервенираат самостојно.
- Патот на Водно се води како регионален пат. Ако е блокиран сообраќајот, можеме да интервенираме за патот да стане проточен и да овозможиме непречено движење на автомобилите, но полицијата реагира по пријава. А во СВР-Скопје такво нешто за викендов немаше - изјави Лиза Бендевска, портпарол во СВР-Скопје.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/518177430/eve-kako-skopjani-se-rekreiraat-na-bodno-foto