Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Ваше мислење за МОТМ, и околу цела утакмица?!
 
И уште не ми е јасно како Хендерсон добива шанса пред Раул?!
Ај честито победа.
 
Хмм.....мислев дека ова ќе биде показател за тоа дали Ливерпул е кадарен за титула ама не. Ваков Арсенал не е никаква мерка. Требаше Венгер да ги стави сите младинци во игра и да им исклучат играч, а ние да ги ставиме Суарез и Раул за да победиме. И тоа со автогол. Ајде бе....ама добро. 3 бода, сега одиме на Болтон. Натака ќе видиме што и како
 
Ваше мислење за МОТМ, и околу цела утакмица?!
Енрике беше играчиште ( стварно ме изненадува ) , Адам, Даунинг. па и Кели. Не знам можеби од првиве двајца еден. Севкупно гледано сите беа добри
 
Младите играчи на Арсенал и велокупниот тим беше силно мотивиран. Плус домаќини.
Кени знаеш што прави. Освен со Кујт, задоволен сум од сите играчи на теренот. Посебно дефанзивната линија.
Три бода се три бода. Идеме напред!

П.С. Лукас играч на натпреварот. Во силна конкуренција на Кели и Енрике.
 
И денес Арсенал и претходно Сандерленд за мене беа баш права мерка за можностите на Ливерпул.

У други зборови, Сандерленд изгуби денеска на свој терен од Њукасл, а ние против Сандерленд во второто полувреме бевме дупка.

Денеска со ваков Арсенал не можевме да направиме ништо се додека (комбинацијата Гатузо-Балотели) Пингпонг не се изглупира да добие црвен, и уште поважно помошта од помошникот што не го дигна знаменцето за офсајт при авто-голот. Да не се правиме ретардирани, почист офсајд здравје. Можеби ќе рече некој дека беше пасивен офсајд бидејќи Суарез на крај и не ја ни допре топката, ама чисто чудо е што немаше досуден офсајд.

Вториот гол беше правилна акција ама против веќе тотално демотивирана екипа.

Така да, бруталната вистина е дека уште сме далеку од таму каде што сакаме да бидеме.
 
Хмм.....мислев дека ова ќе биде показател за тоа дали Ливерпул е кадарен за титула ама не. Ваков Арсенал не е никаква мерка. Требаше Венгер да ги стави сите младинци во игра и да им исклучат играч, а ние да ги ставиме Суарез и Раул за да победиме. И тоа со автогол. Ајде бе....ама добро. 3 бода, сега одиме на Болтон. Натака ќе видиме што и како

Абе види.. Мислам дека играта со Керол и Кајт беше многу спора, не ни пријаат некако само високи топки, иако Керол е добар со глава.. Башка Арсенал добар се покажа и со вакви играчи, а тоа што играат со дивјаци како Фриампонг, е тоа веќе нивни проблем... Суарез и Меирелеш од кога влегоа се отвори играта, по брзо се играше... Не знам, сепак не е овој Арсенал мерило... Ама ајде, ќе биде!

П.С.
- Одат уругваец , португалец и двајца англичани ! Сфаќаш?
- Не?!
- Епа ни цела одбрана на Арсенал не сфаќа!!! :)
 
Ги посравте, потполно заслужена победа, башка на ливче ве имав. :X3: Иначе не ми е јасно зашто Кени го чуваше Суарез до 70-та минута, можеше да го стави многу порано и да дадевте порано гол. Како и да е, честитки, озбилни конкуренти сте сезонава за премиер лига, тоа е дефинитивно. Мен оф д меч за мене - Суарез, влага и одма прави разлика.
 
Честито нова тема, честито победа на Емирати и честито прво место :icon_lol:
 
енрике играч на натпреварот официјално. тотално заслужено. вака ли мисли да игра цела сезона?? ко дани алвес да го гледав. секаде беше, цврст, брз, сигурен, дриблинг, пас, тео волкот не мрдна.
суарез вреди злато, не за голот, за придонесот што го дава во игра. со него личиме на фудбалски тим, без него личиме на просечна француска екипа која чека да даде гол од случајност.

арсенал каков и да е, секогаш е тешко да се победи. посебно дома на емирати. сезоната ќе биде тешка и долга секој бод е битен без разлика против кого е освоен.

задоволен сум од сите засилувања, го очекувам жерард назад во полна форма и уште еден центарфор. моја желба форлан. цврсто да не губиме наивно поени додека се уиграат есенва, па од пролет очекувам да газиме рандом се.
 
Морав ...

Capture-4.jpg
 
Јас лично сум задоволен од играта и од конечниот исход, ако ви текнува лани во гости не можеа акција да направат а сега беа доста солидни со тоа што има простор за огромен напредок со оглед на тоа што скоро пола тим е нов. Е сеа од засилувањата Адам за мене е најголемо засилување, човекот е како Чаби Алонзо на времето, ја контролира цела средина, точни пасови, све на место, Даунинг и Енрике исто така се фантастични само со Хендерсон не сфаќам што е работата...? Толку пари за според мене само просечен фудбалер кој буквално изгубено изгледаше на теренот, хмммммм... не знам, дај боже да му е период на адаптација во новиот тим па да ме демантира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom