Одбрана на Македонија (но од кого?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
После новонастанатава политичка трагикомедија, би сакал да подискутираме за историските и идеолошките релации на оваа власт, власта пред неа, итн итн..

Модернава политика тешко може да се дефинира. За едни, левицата е десница, за други десницата е левица..

Како се декларираат себеси? Кои се нивните идеолошки темели, и со какви факти се потпираат на истите?

Се создаде граѓанско движење за одбрана на Македонија од некакво наводно - предавство.

Бидејќи не ги познавам историските детали, добро би било некој да ги објасни разликите помеѓу тие што во моментов ја бранат Македонија, тие што некогаш е бранеле, и тие што се етикетирани како предавници.

Во прилог ке додадам отворено писмо (не знам кој го пишал) упатено кон професорката В. Ачковска, во кое има историски податоци што би сакал да ги дебатираме на темава.

Сјаши мурто, да узјаше Курто

Ви пишувам во врска со здружението за одбрана на Македонија. Сакам само да знам, со кои историски факти ќе обвинувате за некакво предавство, поново од некој Македонец? Што правите и зошто го правите?

Вие ми изгледате како најлошата пропаганда што ни се случила. Во народот владее чуство дека сите Македонци се предавници.

Од каде му излегува тоа? Во историјата се кажува дека неуспехот на Илинденското Востание е токму поради – предавство.

Бројните убиства на Македонски дејци (дури Јане Сандански за вас е предавник колку што можам да читам меѓу редови, поради убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов зошто нив ги наследи Тодор Александров иконата на оваа власт) – поново предавство.

Вие продуциравте дека луѓето кои ја формираја СРМ или ја владееа СРМ и креира цел општествен систем како (Лазар Колишевски, Славко Јанески, Блаже Конески…..) се шпиуни удбаши, или предавници.

Луѓето кои ја владее Македонија после Независноста, Бранко Црвенкоски, Љубчо Ѓорѓиевски се најголемите предавници според вас.

Верувајте ми Никола Груевски и неговата власт исто така ќе се смета како предавник најголем на Македонскиот народ, дури Груевски ќе стане синоним за тортура во народот. Токму ваквите ПОДЕЛБИ во народот е најголемото предавство.

Не направивте да се плашиме еден од друг.

И да ви ја опишам структурата во народот како размислува или како ја правите политичката поделеност меѓу нас сите. Прво финансиската ситуација. Оваа власт ги држи своите гласачи со некакво вработување или волонтирање во јавните институции за мизерни 4000 – 5000 денари, па после 5 години им давате решение, а некои сеуште тоа го чекаат, со решение ќе добијат 18 000 денари плата или во превод 300Евра плата и им изгледаат дека тоа е многу, а всушност тоа не е ни социјална помош во нормалните земји,па народот зема Бугарски пасоши и оние кои имаат се најпаметни(некои така сметаат) – Жално и поразително ПРЕДАВСТВО.

Друго иако не сум никаков економист само ќе ви поставам прашање. Каква независна држава имаме ние – ЦЕЛОСНО Економски зависна.

Банките се 95 % странски капитал (тоа се вика рекет врз нашиот народ , а рекетарот не е Македонец- предавство) Примарните услови за живот , Струја – ЕВН – австриска компанија, Телеком – Германска компанија, Окта – Грчка компанија и што е најстрашно нешто- Леб или жито и затоа сме зависни – Жално и поразително во превод најголемо ПРЕДАВСТВО .Патна инфраструктура не променета од социјализмот( не плачам по социјализмот не ни знам како се живеело, припаѓам на генерација која е изгубена која тешко дека ќе доживее развиен општенствен систем и плус сметам кукањето по социјализмот на повозрасните луѓе е кукање по нивната младост J)Образование реформирано не до реформирано- или УСАИД Социјалистички J. Зошто тоа го викам, за да се формира нешто се прави од темелот. Значи реформа во образование се прави од темелот.

Темелот се образовните згради кои се наменети за социјалистички образовен систем а не за ИКТ образовен систем. Административните работи кои сеуште ги бараат образовните инспектори како дневни подготовки , Глобални , Тематски , Додатни и Допполнителни планови се од минатиот образовен систем. И безброј небулози во нашиот општествен систем кои сметам се најголемо предавство на Македонецот.

Им направивте состојба на умот на луѓето дека се се слуша и секој ќе биде казнет, ако човек си ги бара основните човекови права или размислува различно тоа е ДЕМОКРАТИЈА а ова се вика ТОТАЛИТАРИЗАМ. Страшно.Сега се мислам со кои историски факти можите да ја одбраните Македонија. Поново да ја кудите минатата власт или да ги нарекувате предавници. НЕ тоа е најголемо предавство за народот, бидејќи сите не размислуваат како вас.

Ваш бивш студент кој ве почитува премногу и смета дека имате време да се повлечите да не бидете од тие кои ја предадоа Македонија, не ви доликува да се мешате во ситна дневна политика која ви го руши вашиот авторитет.

И молба до наредните кои ке дојдат, да прекинат со вакви поделби ПРЕДАВСТВА, зошто ни го нема крајот , со оваа осветољубива политика да се заврши веќе еднаш. Да не се повторува повеќе анегдотата Сјаши Мурто, да узјаше Курто!

Како што разбрав, за професоркава сите наши познати дејци од типот на Блаже Конески и Славко Јаневски - се всушност кодоши (модерно:удбаши) кои ги предадоа "наводно" вистинските Македонци од типот на М.А.Ченто, Павел Шатев, итн итн..

И сега, шо прајме? Кој се тие вистински Македонци? (Под Македонци подразбирам луѓе што дале придонес за денес да егзистира ова парче земја) Значи не е темава дали сме Антички или не, туку кој колку вложи за Македонија, и дали дел од нив денес заслужуваат да бидат нарекувани предавници.


Повелете со дискусија.
 
Пола бугарофили и србомани ќе ја бранат Мачедонија од другата половина на бугарофили и србомани.

OK people, nothing to see here...
 
Еве што мисли еден од првите кој пристигнал да ги извлече масакрираните колеги кај Вејце:

3cs4q5jyua9.png
 
Темава е политичка и треба да оди во канта. А и тенденциозна е. Не можеш за Ченто и Шатев да пишеш "наводно" а за другиве да напишеш истакнати дејци. Сепак колку што се сеќавам Ачковска никогаш не рекла нешто такво за Конески и Јаневски. За Колишевски и Мојсов можеби. Факт е дека во македонското општество речиси како и во сите други општества има голема идеолошка поделеност. Тоа не треба да биде причина да не најдеме заеднички јазик едни со други и да бараме причина во се да се двоиме.
Сепак теориите дека не постојат предавници не се сосема точни....
 
Бидејќи не ги познавам историските детали, добро би било некој да ги објасни разликите помеѓу тие што во моментов ја бранат Македонија, тие што некогаш е бранеле, и тие што се етикетирани како предавници.

Никола, за историјата на Македонија се учело и учи од основно, средно па дури и на катедрата за историја за високо образование, па дури и после тоа во наредните години активно занимавање со историјата прочуваат и анализираат настан по настан и секоја личност одделно, пишуваат свои книги, издаваат публикации, предавања и сл.
Кога би можеле тоа туку така да го упростиме преку правење “скрипта“ за категоризирање на овие настани и личности во македонската историја, тогаш не би имале потреба од професијата историчар.

Тогаш и форумов не би имал смисла.

Секоја личност од нашата историја имала светли и темни моменти, зависно од тоа колкава улога тие карактеристики одиграле во клучните моменти постои тенденција така да се перцепираат и личностите, иако никогаш не е црно-бела вистината.
Историчарите и ден денес имаат многу несогласувања и различните ставови и тоа мора така да биде за да продолжи предизвикот да се аргументираат нивните тврдења со нови докази, документи, ставови и сл.

Со ова, а без простор за политичко шминкање на темава, одлучив да ја затворам. За скоро сите битни или интересни личности веќе постои тема, повели запознај се и ангажирај се на своја рака да провериш нешто повеќе.
 
Темава е политичка и треба да оди во канта. А и тенденциозна е. Не можеш за Ченто и Шатев да пишеш "наводно" а за другиве да напишеш истакнати дејци. Сепак колку што се сеќавам Ачковска никогаш не рекла нешто такво за Конески и Јаневски. За Колишевски и Мојсов можеби. Факт е дека во македонското општество речиси како и во сите други општества има голема идеолошка поделеност. Тоа не треба да биде причина да не најдеме заеднички јазик едни со други и да бараме причина во се да се двоиме.
Сепак теориите дека не постојат предавници не се сосема точни....

Темава е обичен продукт на политичката ситуација меѓутоа слободно доискажи се ако ги познаваш историските детали. Политички коментари ќе бидат избришани.

Значи, прашањето конкретно е чија идеолгија застапуваат(преставуваат) денешниве политички структури. Не делат на предавници и патриоти, не делат на леви и десни, ја браниме државава од самите себе... Како тоа? Од каде иде тоа?

Пошо тоа е уствари столбот на државата.[DOUBLEPOST=1423667554][/DOUBLEPOST]
Со ова, а без простор за политичко шминкање на темава, одлучив да ја затворам. За скоро сите битни или интересни личности веќе постои тема, повели запознај се и ангажирај се на своја рака да провериш нешто повеќе.

Нема проблем, слободно затвори ја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom