Моменталната ситуација кај нас е таква што треба да ги слушаме странските медиуми за да дознаеме што се случува во државата
Одиме во нешто што најверојатно ќе ни донесе бришење на постовите, во најмала рака. Ама ќе ти го кажам уште ова: Зарем ти, или било кој друг, не знаевте што се случува во државава па требаше Ал Џезеира да дојде и да ви кажува? Не знаевте што се случува во Ѓорче лани? Не знаевте што се случува во последниве децении? Сега демек знаат луѓево, и тоа ќе смени нешто во поглед на двопартискиот систем во македонската реалност?
Следниве избори нема пак простата раја (сеедно) да гласа за В или за С?
Муабетот ми е дека повеќемината од рајата секако ќе останат прости и глупи, па колку и да се трудиш да им даваш информации. Таков е концептот на општеството. Или на стадото, само што ние луѓето нашето стадо го нарекуваме општество.
Најголем дел од индивидуите во стадото, гледаат само како да се бутнат повнатре каде што е побезбедно. Не ги интересира кој го води стадото, или каде оди тоа стадо. Стадото можеби оди и кон кланица, ама важна е илузијата за безбедноста внатре, што повнатре, во центарот на стадото.
Тоа што се обидувам да ти го објаснам, е дека овчар како овчар имало и ќе има - за воопшто да нема овчари ќе ни треба многу време, и еволуција на свесноста. Но тоа се векови и многу генерации.
Работата е, сега како што стојат работите, во овој момент - има некои овчари што те носат на стрижење, и други овчари што те носат на колење. Ако и ова не беше јасно, само овчарите замени ги со пропагандата и тоа би било тоа што ти го кажувам.
Во земја каде пред само деценија и половина имавме религиска војна (некои велат етничка, ама јас сметам дека беше по религиозна основа)... Во земја од каде Вахабистите врбуваат млади муслимани да одат во Сирија да учат како се сечат кафирски глави. Во земја каде најголемите страња и зулуми ги прават Вахабистите. Во земја каде Вахабистите убиваат деца на Велигден... Е во таква земја, многу бе е ретардирано глупаво да се дозволува вахабистичка пропаганда непречено да делува во државата. Со ништо не можеш да се извини и да се оправда тоа што е против националниот интерес.