Како на некој емоционален филм, тажно нели?
Епа добредојде во канџите на социјалниот инжинеринг.
Никој не те напаѓа, само ти се укажува дека ретко што е онака како што изгледа. И дека благодарение на неброени претци (и на еволуцијата) даден ти е дар да размислуваш и да расудуваш. Искористи го.
Еден паметен човек по име Томас Џеферсон еднаш рекол: "Човек што не чита ништо, е подобро едуциран од човек што чита само весници„.
Многу вистинита мисла. И пред да кажеш дека ни ти не читаш весници... дозволи ми да ти укажам дека во времето на Томас Џеферсон, освен весниците не постоеле други медиуми преку кои се ширела пропаганда и се перел мозокот на широката народна маса. Тоа што тогаш биле весниците денес се: телевизијата, лесните филмови, и разни евтини содржини достапни преку интернетот. Како „тажниот„ клип на почетниот пост на темава.
Затоа не дозволувај лесно да те хипнотизираат преку некој (можеби) режиран кадар од видео клип, кој треба емоционално да те заслепи за да не прашаш: А ШТО ВСУШНОСТ СЕ СЛУЧУВА??
Ајде еден практичен пример, дека не е злато се што сјае:
Браво за храброто момче кое остана живо иако лошиот снајпер неколку пати го погоди во гради, нели?
Ај сега погледни за што навистина станува збор (и сети се за што всушност јас овде ти зборувам):