Управител на фирма - дали одговара на инспекции, казни итн?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Предавам во приватно школо за странски јазици и газдава ми предложи да ме назначи како управител.

Не сум многу упатен во нештата, се израдував дека ке бидам осигуран (пошто пред тоа не бев), и потпишав некои си 6-7 документи.

Кога зборував со некои луѓе ми кажаа дека управителот всушност исто така одговара за евентуални нерегуларности и казни доколку се пронајдат од страна на некоја инспекција. Пример, ако газдата го казнат со 1000 евра, 500 евра казна дека следи и за управителот.

Ќе ве замолам некој што е упатен во овие работи да ми даде совет? Избрзав, незнаев, па да имам некоја претстава на што сум се нафатил, бидејќи газдава (нормално) вели да не берам гајле и дека не одговарам за ништо ама сепак сакам да знам со што сум законски обврзан?

Благодарам однапред!
 
Убаво ти кажале, покрај казните за фирмите постојат и казни за управителите...
 
Прв си на удар пред било какви инспекциски контроли. Исто така ако фирмата е некој вид на акционерски содружници, обавезно деловодна книга да имаш.
Многу превари со твојот потпис може да се прават.
Мој совет ти е со време да си најдеш некој да те замени.
 
Законски одговараш за сите работи ми се чини. Земи прочитај се што е закон во таа дејност, и пази што потпишуваш. Види како стои финансиски фирмата, дали е на тој списокот на УЈП...многу битна работа :)
А мене не ми мириса на арно штом и ти си работел непријавен.....али може грешам. Како и да е, консултирај се со некој адвокат, дај некој денар да те поучи :)
 
Прво си потпишал без да ја провериш фирмата па после прашуваш или се израдува дека ќе бидеш директор и имаш поголема плата.

А прво прочита ли барем што потпишуваш?
Да не стави некаде бланко потпис?

Друже под итно да бараш од книговодителот да ти ги даде сите завршни сметки,да бараш бонитет на фирмата,проверка во ЦР,УЈП,........
 
Си наебал, најискрено да ти кажам. Остај тоа што ти вели газдата не бери гајле, за ништо не одговараш, баш напротив за СЕ одговараш како управител. Газдата со ова си се ослободил од секакви обврски, најверојатно останал да фигурира како основач, а основачот не потпишува ништо освен документите за промена на седиште, управител, главнина и слично, а нема никаква одговорност ни пред закон ни пред фирмата.

Гледај што побрзо да се ослободиш и да се избришеш од управител, пошто ништо добро и ништо плус не може да ти донесе, може само да заглавиш со УЈП, трудова инспекција или не дај боже со МВР.
 
Погоре веќе ти кажале дека си заебан, еве јас ќе споделам лично искуство. Газдата мој истото го викаше пред да прифатам, немај гајле само на документ ќе си управител за другото јас сум тука. И јас прифатив се беше ок до мојот трет работен ден кога ми тропна инспекција и почна да чешла се од отварањето на фирмата. Направија записник и за казна ништо не кажаа, јас секако не го потпишав записникот. Помина доста време и таман си помислив добро е нема да има казна стигна честитката и тоа 2000 евра за сопственикот и 2000 за управителот т.е јас
После тоа судови, полиции, малтретирање цели 2 години траеше целиот процес и на крај се заврши со ослободителна пресуда.
Меѓутоа стресовите, психичкиот товар никој неможе да ти ги надомести ако не друго мирно да си спиеш.
Така да додека е со време тргај се од управител мирна да ти е душата.
 
Си наебал, најискрено да ти кажам. Остај тоа што ти вели газдата не бери гајле, за ништо не одговараш, баш напротив за СЕ одговараш како управител. Газдата со ова си се ослободил од секакви обврски, најверојатно останал да фигурира како основач, а основачот не потпишува ништо освен документите за промена на седиште, управител, главнина и слично, а нема никаква одговорност ни пред закон ни пред фирмата.

Гледај што побрзо да се ослободиш и да се избришеш од управител, пошто ништо добро и ништо плус не може да ти донесе, може само да заглавиш со УЈП, трудова инспекција или не дај боже со МВР.
Абе и велија беше само основач ама го јадеше за злосторничко здружување.

Најди некој неписмен тури го управител прави далавери па управителот ќе одговара.
Е можеше така додека беа на власт минатите ама кога дојдоа сегашните направија измени и дополнувања на законот па прв го проба велија.
Тогаш изедоа гомна во А1 искривувајќи ја вистината и како секогаш демек таканаречените новинари биле загрозени.
Затоа и ја затворија
 
Предавам во приватно школо за странски јазици и газдава ми предложи да ме назначи како управител.

Не сум многу упатен во нештата, се израдував дека ке бидам осигуран (пошто пред тоа не бев), и потпишав некои си 6-7 документи.

Кога зборував со некои луѓе ми кажаа дека управителот всушност исто така одговара за евентуални нерегуларности и казни доколку се пронајдат од страна на некоја инспекција. Пример, ако газдата го казнат со 1000 евра, 500 евра казна дека следи и за управителот.

Ќе ве замолам некој што е упатен во овие работи да ми даде совет? Избрзав, незнаев, па да имам некоја претстава на што сум се нафатил, бидејќи газдава (нормално) вели да не берам гајле и дека не одговарам за ништо ама сепак сакам да знам со што сум законски обврзан?

Благодарам однапред!
Си мислев да не звучам ептен знаеш, ама веднаш ми текна баш така треба да звучам. Кога тогаш ке го јадеш к*рот, и тоа многу добро. Ако ти си тој што одлучува како ке биде, ако знаеш како се движат финансиите во фирмата, и знаеш дури за семки колку е потрошено и го знаеш секој детал, тогаш можеби нема да се заебеш. Ама ако газдата ти е во стилот , ова треба да се потпише, ова да се направи , она....е брате откажувај се додека не си си го заебал животот ептен гадно. Се запраша зошто тој не стави некоја роднина на тоа место, или некој ептен близок...и да не набројувам....А ти многу тешко ке го направиш ова што сите ти кажуваме, затоа што нормално ти зависи работното место од тоа, и гомнарот најверојатно ке те испади после тоа.
 
Абе и да правел далавери бившиот директор се гледа дата на промена на управител кој судски се заверува така да тешко да одговара за тоа пред промената на управителот.

Само не пиша дали пред да потпише прочител што потпишува бидејќи може да се кае како 100 тина вработени во една конфекција,не прочитале а потпишале па директорот си земал голем кредит во нивно име и му ја дувнал надвор од МК.
 
Абе и велија беше само основач ама го јадеше за злосторничко здружување.

Најди некој неписмен тури го управител прави далавери па управителот ќе одговара.
Е можеше така додека беа на власт минатите ама кога дојдоа сегашните направија измени и дополнувања на законот па прв го проба велија.
Тогаш изедоа гомна во А1 искривувајќи ја вистината и како секогаш демек таканаречените новинари биле загрозени.
Затоа и ја затворија
Прво, до толку си затруен со политика и не знаеш за ништо друго во животот, па мораш со тоа да замараш и овде? Кој го спомна Велија и А1 и од каде тебе ти истекна на него кажи ми? Каква врска има Велија со темава?

Второ, правник си, експерт за трговски друштва си или пак си вработен во Централен Регистар? Основачот ја води работата во фирмата или управителот(под претпоставка да не е истото лице)? Кој ги потпишува документите во текот на работењето на фирмата?

Јас пишав дека основачот потпишува документи само во врска со промена на некој од елементите на друштвото и дека нема одговорност пред законот за тековното работење, а нормално дека ќе одговара АКО нешто во промената што ќе ја изврши е криминално, ама пошто членот што праша нема никаква врска со тоа, што го спомнуваш ко да е најбитно тоа во целиот муабет?
 
Ова стана тренд а? Криминалци невидени со сто фирми регистрирани, сега и на вработени префрлаат оти имаат добиено забрани за дејност. Дечко управител е потписник на се, само чекај го денот кога ќе помине инспекција. И отвори очи од сега што потпишуваш.
 
Не да имам предрасуди ама дечково е текст бук пример.

Не сум многу упатен во нештата, се израдував дека ке бидам осигуран (пошто пред тоа не бев), и потпишав некои си 6-7 документи.

Колку само болд има во оваа реченица. Не е упатен, потпишал нешто под дејство на емоција и најверојатно не ги ни прочитал тие 6-7 документи, не се распрашал, не се консултирал со правно лице.

И после ќе праша некој зошто во Македонија има толку превари, па не читаат бе луѓево друже.[DOUBLEPOST=1421319647][/DOUBLEPOST]P.S I'll just leave this here
7594_10204980879782695_2012360283419258002_n.jpg
 
Последно уредено:
Бате, само пази што потпишуваш. Најчесто сопственикот не одговара за ништо. Сите одговорности се на управителот. Значи не верувај на зборови него на напишано. Уште еднаш, само пази и читај што потпишуваш.
Поздрав и се најдобро
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom