Откриени планети слични на Земјата!

  • Креатор на темата Креатор на темата bebelusha
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 септември 2014
Мислења
264
Поени од реакции
394
Астрономите откриле осум планети кои се оддалечени од своите ѕвезди,доволно за на нив да се развие живот.
Меѓу новооткриените и две многу слични на земјата.Нивната сличност е многу поголема од сите порано откриени планети до сега.

http://www.theguardian.com/science/2015/jan/06/earth-like-planet-alien-life-kepler-438b
 
Не викам дека не постојат други планети каде постојат услови слични како на Земјата, ама овие приказни/новости кога ќе ги прочитам/чујам веднаш ги сметам како нешто небитно или лажно, затоа што сето тоа се најавува како некоја голема новост, а по неколку дена се губи муабетот за тоа и таа тема повеќе не се отвара/испитува:)
 
Знаеме дека постојат планети слични како земјава,но да се запраша човекот зошто се губи интересот за муабетење ?
Јас ќе ви кажам, тоа е на пример да го киднапираш најголем научник и со сила го натераш да го направи машина што може да оди со брзина на светлина дали е можно ? НИКОЈ , значи за да стигнеш тоа планета така наречен Кеплер (ххх број) далечена да речеме над 1000 светлосни години ,а знаете ли е колку е далеку ??? Пресметај 300 000km/s е една светлосна година и колку е тоа помножено со над 1000 светлони години ?
 
НИКОЈ , значи за да стигнеш тоа планета така наречен Кеплер (ххх број) далечена да речеме над 1000 светлосни години ,а знаете ли е колку е далеку ??? Пресметај 300 000km/s е една светлосна година и колку е тоа помножено со над 1000 светлони години ?

Моментално не е целта да се оди таму, туку да се испита дали има планети со големина и состав сличен на Земјата која е на релативно умерена оддалеченост од најблиската ѕвезда (Goldilocks зона на населивост).До сега се најдени голем број на планети, сепак само мал број од нив ги исполнуваат горенаведените услови, затоа и значењето на овој напис во Гардијан.
Крајната цел е да се најде можен живот на некоја од нив и да се исполни древниот сон за наоѓање на живот надвор од Земјата, а не да се спрема мисија што би одела на лице место да истражува.
BTW, 1000 светлосни години се околу 10 милиони милијади километри, те 30 милијарди пати подалеку од најдалечното место каде стапнал човек
 
Точно 470 светлосни години ...долг пат е...
Тоа е многу со оглед на денешна технологија еве на пример ракета во вселената ослободена од гравитација и го испалуваме ракетен мотор и би се движел околу 50 000 км/ч, а камоли во km/s тоа е како полжав од македонија да стигне во австралија и колку време е тоа ? :D
 
Абе и со брзината на светлината да патуваш пак ќе треба 10 генерации да порасниш по патот. Инцест брате...
 
Абе и со брзината на светлината да патуваш пак ќе треба 10 генерации да порасниш по патот. Инцест брате...
А бе тоа сакав да кажам :D
И да имаме технологија на машини па макар и би се движел 120 000km/s и пак е многу ,и НЛО тешко си стигнува до таму освен ако има напредна технологија што може да манипулира вселената од одредена точка А до точката Б и би направиле до нулта точка .
 
Да, ако воопшто постои НЛО и вонземјанци... ;) Треба да се изгради некоја моќна машина што наместо таа да се движи, да движи одреден простор, т.е. да зима огромен простор од пред неа и да го фрла позади неа, така би де движела со поголема брзина на светлината... ТЕОРЕТСКИ :P.
 
Не се вадете од памет, има огромен број на планети слични на планетата Земја, а воедно и уште поогромен број различни.
 
Не се работи дали утре ќе им ојме на кафе, туку дали воопшто постојат. А то дека постојат е повеќе од јасно, само во кој облик и во кој услови.. сеуште не знаеме. Затоа, најпаметно е да бараме планети слични на нашата, па да видиме дали и таму се десило сценариото со Адам и Ева.
 
И да имаме технологија на машини па макар и би се движел 120 000km/s и пак е многу ,и НЛО тешко си стигнува до таму освен ако има напредна технологија што може да манипулира вселената од одредена точка А до точката Б и би направиле до нулта точка .

А што правиме ако се движи со 299.000 км/с? Земи ја релативистиката во предвид, тогаш е можно, барем теоретски.
 
Зошто темава е во мистерии?! Под итно да се премести во наука, срамота е во ист подфорум да стојат теми за средби со духови, баба Ванѓа и дискусија за егзопланети.

Околу дискусијата за стигнување до планети оддалечени милиони светлосни години ... да, нормално дека е практично невозможно со застарени технологии и неефикасни извори на енергија (ракетен погон). Нуклеарен погон не ни спомнувам, мислам дека се очигледни недостатоците, и покрај големата ефикасност.
Моментално често истражувана тема и надеж за нов обновлив и моќен извор на енергија е анихилација т.е. енергија добиена од судир на материја со антиматерија.
Овие реакции ослободуваат околу 10 милиони пати повеќе енергија од ракетен погон и околу 1000 пати повеќе од нуклеарни реакции.
Најголемиот проблем околу овој метод е креирање и зачувување на антиматерија, но не се сомневам дека во скоро време ќе видиме голем напредок и на тоа поле.

P.S. Според специјална теорија на релативност, енергијата потребна за да се забрза објект со маса до брзина на светлината е бесконечна, но со оглед на тоа што и теориите на Ајнштајн потфрлуваат во последно време во однос на модерната физика, мислам дека е сосема возможно. :)
 
Последно уредено:
Не се вадете од памет, има огромен број на планети слични на планетата Земја, а воедно и уште поогромен број различни.

Па нормално дека има универзумот е толку голем и временски стар што математички е невозможно да нема. А да не праиме муабет за други универзуми и што би можело да има у нив :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom