Сопственикот на германскиот ланецот маркети ДМ го подари целото богатство

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сопственикот на германскиот ланец маркети ДМ го подари целото богатството, сака да биде слободен
419 ViewsJanuary 03, 2015 светСилвана Жежова




gotz-1728x800_c.jpg

Готз Вернер, сопственикот на ланецот маркети ДМ, се откажа од богатството и целокупниот удел и сопствеништво ги подари на една добротворна фондација.

Со тоа е потврдено она што многумина го знаат, а тоа е дека Вернер е неовообичаен човек, па не е ни чудно што неговата компанија е таква. Тоа и сам го потврдува со зборовите „не е срамно да станеш богат, срамно е да умреш богат.“

Неговиот имот се проценува на една милијарда евра и во случај на смрт, ќе го наследат неговите седум деца. Но, од тоа нема да имаат ништо. На децата им обезбеди квалитетно образование и им даде основа да постанат богати.

„Децата имаат право на добар старт во животот, но не и на тоа родителите да им осигураат доживотна благосостојба,“ изјави Вернер со што ја објасни неговата невообичаена одлука.

Најголем дел од богаташите во светот не се откажуваат од парите, што неодамна покажа и лошиот одзив на повикот на американските милијардери Бил Гејтс и Ворен Бафет. Имено, пред десетина дена тие упатија јавен повик до богаташите ширум светот да се откажат од половината од своето богатство во корист на добротворните организации.

Но, најголем дел го одбија овој повик, правдајќи се дека ионака често даруваат значајна сума на пари во добротворни цели. Но според стручњаците, причината е нешто друго. Глобалната рецесија ги исплаши и најбогатите.

ДМ е една од ретките компании на која приходите во рецесијата не и се намалија, туку и се зголемија.

Готз Вернер (66) е и професор по економија и коавтор на книгата „ 1000 евра за секој“. Тој се залага секој граѓанин да добива основен приход од 1000 евра, бидејќи таа сума на пари го ослободува човекот.
http://emagazin.mk/сопственикот-на-германскиот-ланец-ма/

Онаа што подолго време е во најава веројатно се реализирало и официјално. Секоја чест за човекот не верувам дека има многу луѓе во светот со толкаво богатство кои би се одлучиле на ваков чекор. Сепак ваките работи не се непознати кај Германците кои важат за една од хуманитарно најдарежливите нации во светот. Од друга страна повеќето се на став дека нивните децата треба својата иднина сама да си ја обезбедат па така уште мали ги учат сами да заработуват пари за свои потреби и подоцна за студирање така да кај нов не важи јужњачкиот принцип „ТАТО ИМА ПАРИ ЗАТОА ЈАС нема што да се замарам многу„.
 
Секоја чест за човеков. Пример за човек со големо срце. Вакви луѓето се повеќе да стануваат. :cuc:
 
Правилно постапил затоа неговите деца нема да бидат паразити.
Истото ќе го направам и јас
Браво, ме бендисува.
Само ако си ги вработиш во администрација, по дифолт ќе станат паразити.

Инаку секоја чест за човеков.
 
Апологет и пациент. Толку ресурси и средства оставени на доверба на некоја таму фондација, наместо да се обиде самиот да го направи светов подобро место за живеење. Не знам што јас не би дал, за да имам таква шанса да се обидам да го променам светов.

Впрочем сигурен сум дека децата ќе му бидат многу благодарни, што наместо паразити ги направил само уште едни од многуте безлични робови на денешниот актуелен светски модел на робовласништво. Карма можеби, или барем така најверојатно мислат армијата вработени -посебно тие на најниските места во ланецот маркети ДМ.
 
И јас секојпат при крајот на месецот го подарувам целото богаство.
 
Отстапување на средствата на фондација само по себе наведува на помислата дека големи се шансите тие пари да бидат злоупотребени. И најверојатно ќе бидат.
 
Да пошо германските фондации се како македонските/балканските, секој гледа да напраи далавера
 
Да бил паметен и на секоа македонска фамилија која нема буџетар да и дал по 1000 евра во секој град споменик ќе добиеше и улица по негово име.
 
Да бил паметен и на секоа македонска фамилија која нема буџетар да и дал по 1000 евра во секој град споменик ќе добиеше и улица по негово име.

Sto be spomenik?
Premier ke stanese ti garantiram, vo narednite 20god.
 
Aко се истераат на тебе во паметот, ништо друго и не им треба.
Исто како газда швабо работам 24/7 ги користат бенефитите од моите пари им овозможувам квалитетно образование да завршат па сами да се снаоѓаат во животот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom