Македонска мизерија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Треба да си сосема скренат од умот за да сакаш да останеш да живееш во земјата од „соништата„ ама оние кошмарните

„Асфалтираната“ уличка во Чаир, црн хумор за целиот свет


19021golema.jpg

Неверојатно но вистинито. Ова е уличката „Места 48“ во населбата Серово во Чаир која деновиве се „асфалтирала“.Сликата најдобро покажува како си поигрувале одговорните претпријатија во ова уличка во скопски Чаир.
Граѓаните се премногу револтирани за начинот на кој функционираат работите во Чаир. Тие велат дека вакви нешта не виделе никогаш во нивниот живот освен во нивната населба за жал.

„Сметам дека ова е најголемиот срам што можеше да се направи, бидејќи вакво нешто немам видено во мојот живот и се надевам дека никогаш нема и да видам. Ова не смее да се случи ниту во Африка а камоли во држава како нашата која се стреми да стане дел од цивилизираната Европа. Видов како е уредена една улица во скопски Карпош, која беше убаво декорирана, а кај нас во Чаир, општината се бави со неасфалтирани улици од кои кога ќе заврне дожд се полнат со вода подрумите на нашите домови “, изјави Фатиме Мемети, која живее во близина на оваа уличка во Чаир.

„Сега улицата е во полоша состојба!

-------------------------------------------------------------------------------------------
Мој термин и за тутунарите во струмичко
Ни испраќаат преку откупните пунктови во населените места термин кога да го носиме тутунот, не направија како пациентите во здравството кои имаат мој термин, велат тутунопроизводителите од струмичкото село Костурино.

 
Чек чек, ти да вијш во земјава од соништава шо се имат десено кј нас. Прво поминвет 2 мандати од некој си шутпетко ти газиш во соседниов сокак во кал, идат нов началник ги пуштат овије од нискоградба старлетиве. Е сеа шо прает тие, ти викет се е во ред поќето од ними нагргаљени ракија од сабајле и се тепет со бекатонки, идет следниот ден фрљет асфалт рандом и си одвет. Се собират цело маало се жалит се пустит еден месец зш немат атмосферска канализација, после 3ипол месеци идет зш биле ногу зафатени летото, сечет на асфалтот копет пола месец и ставет цевки, ја враќет земјата назад и чекаш уште 2 месеци за да наредат не асфалт, туку бекатонки.
 
Кучињата си лаат, караванот си врви. Се додека јадеме трици против власта на форуми и позади тастатура вака ќе ни прават. Вчера беше живи смешки, студентите протестираат против екстерно а во исто време владата и собранието го гласаат законот, што во суштина им кажуваат "кој ве ебе, небитни сте". Младите, иднината на оваа држава полека полека се иселуваат, Македонија ќе остане држава на пензионери и јавна администрација.
 
Јас прва (и единствена) година на факултет првите 2-3 недели во ова маало ги преспав, па тоа xhамиите, па тоа пиштоли, па тоа свадби, па тоа цела недела, па тоа влаго во пофрумот... МИЗЕРИЈА...
 
Уличкава:pos::pos::pos::pos::pos:

Иначе што мора одма да кажуваме Македонска мизерија. Мене реално не ми смета. Така било со години така е и сега, тоа е нешто што не отсликува. Мене реално ми смета барокот кој ни овозможува чувство на туѓина.

Поголема мизерија е тоа што низ Чаирските улици нема живот. Тоа што е опасно таму да поминеш, зошто можат да те убијат;
Тоа што кога одиш на пазар и збориш на телефонот не можеш да се слушнеш од џамииштата и оџиштата што се издераваат;
Тоа што од продавничките излегува миризба на лоеви што те тера рака да ставиш на нос од што неможеш да издржиш;
Тоа што при поминувајќи на улица можеш да бидеш лупнат од кола, силуван или погоден од куршум.

Тоа е таа мизерија, а не уличката.
 
Редно време е да се обединиме со нашиве сограѓани и да им покажеме што знаеме. Мислам дека е излишен веќе наметнатиот стереотип за тоа кој прв почна, кој не чини, кој е крив, и ред други работи. Време е да се уозбилиме и да им ја свиткаме кичмата на овие шупаци. А врие, се осеќа.
Чекам момент кога и едните и другите ќе се појавиме пред влада, заедно.
Па тогаш нека асфалтираат пат кон кошмарот кој ги чека.
 
Уличкава сум ја идел и се наоѓа лево-десно од Дижонска у тоа гетото меѓу поштата и средното Цветан Димов на Џон Кенеди. Таму кога идеш ,одма го чуствуваш духот на блиски исток со улички 1.50-2.00м широки кај шо со кеси неможеш да се разминеш а не со коли.
На крај краева они си го гласаа градоначалникот,на следните избори нека го сменат :notworthy:
 
кога учевме анатамоја, правевме вакви шеми, за да ги запамтиме полесно клоновите на нервите, овој асвалт може многу да послужи на наредните генерации студенти по медицина.
 
И не е Серово туку Серава
А бидејќи се редовни плаќачи на даноци,комуналии,сметки,,,,,,затоа и таква услуга добиле.[DOUBLEPOST=1419703198][/DOUBLEPOST]Исто така нее во Чаир туку позади палстичарска улица а мислам дека е под Битпазар
 
Наместо на буквата на буквата, ние може да играме: на дупката , на дупката....
 
Треба да си сосема скренат од умот за да сакаш да останеш да живееш во земјата од „соништата„ ама оние кошмарните
„Асфалтираната“ уличка во Чаир, црн хумор за целиот свет

19021golema.jpg

Неверојатно но вистинито. Ова е уличката „Места 48“ во населбата Серово во Чаир која деновиве се „асфалтирала“.Сликата најдобро покажува како си поигрувале одговорните претпријатија во ова уличка во скопски Чаир.

Ова е посебна врста уметност, нешто како кубизам помешан со најшкарт дрога што постои. Замислата е апстрактно да се пренесе стремежот кон НАТО, ЕУ, УПМ и другите места кај што народов сака да оди, а тоа е малце потешко, пошто патот изгледа како усран на 48 места. Да ти е страв да згазнеш, а камо да го изодиш. Од друга страна, додека Танге и Циборовски се превртуваат во гробовите, ова егзотично сокаче душа дало за снимање на музички спотови со Есма, Гаџа и други ѕвезди на македонската музичка галаксија, и а некој наш рапер може да изрецитира нешто. Инаку и ова е своевиден споменик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom