- Член од
- 25 јуни 2012
- Мислења
- 2.511
- Поени од реакции
- 2.471

Мислам дека навистина треба да се отвори емисија за единствената радиоемисија за астрономија во Македонија, која постои во моментот. Сигурен сум дека постои публика која навистина има интерес за астрономијата или пак е љубопитна да се внесе во длабочините на оваа најстара наука. Радиемисијата се емитува на секои две недели на Радио МОФ. До сега има излезено три епизоди. Првата за астрономијата во Македонија, Скопското астрономско друштво, втората за мисијата Розета, а третата за црни дупки. Следната епизода е во понеделник во 19 часот и за прв пат ќе се емитува во живо, а темата ќе биде за Месечината.
Претходните епизоди можете да ги слушнете на следниот линк:http://www.mixcloud.com/radiomof/
Facebook страна: https://www.facebook.com/astrosfera.mk