Напишано од Зоран Божиновски
Овој текст би бил сосема непотполн и не би имал ефект ако не ја погледате галеријата слики што ви ја нудиме. А токму сликите говорат повеќе отколку нашите описи. Луксузните возила кои ги гледате се сопственост на полицискиот инспектор Зељуљ Реџепи (станица „Карпош„) и неговите браќа, инаку синови на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи...
Инспекторот Реџепи и неговите браќа овој моторизиран луксуз не го спечалиле од плата, со заштеда. Дури, на сликите кои ви ги нудиме не е целиот возен парк на Реџепи, туку поседуваат и „БМВ„ постар модел, еден џип кој го користат само за лов, па „Рено Меган„, а и снаите на поглаварот Реџепи си имаат секоја свое возило. Има се, може се! Инаку, фотографиите се достапни преку нивните ФБ профили, тие не кријат дека уживаат луксузен живот, мошне непримерен за семејство кое според Куранот би требало да живее малку поскромен живот. Дури, на ФБ профилот на инспекторот Зељуљ е објавена фотографија од негова посета на базен во отмен хотел, за време на службена посета на реисот Реџепи на Саудиска Арабија на која синот го придружувал на сметка на ИВЗ. Како ИВЗ да им е семејна туристичка агенција...
Од полициски извори, колеги на Зељуљ Реџепи дознаваме дека заедно со татко му Сулејман, поседуваат вила за одмор на Матка, стан во населбата Порта Влае во Скопје, стан за ќерката на Сулејман близу „Рамстор„ кој толку и бил мал и тесен што морало и куќа од завидна квадратура да и се гради. Истиот извор ни тврди дека парите во огромни количини кон Сулејман и семејството им течат преку Улцињ (Црна Гора). Таму реисот има приватен „бизнис„ со припадник од тамошното подземје кој купил хотел за себе и за ИВЗ (читај: за доживотниот реис Реџепи!), минатото лето. За успешната зделка, реисот од неговиот партнер добил скапоцен рачен часовник вреден 36.000 евра. Зделката предвидувала половина од хотелот да е сопственост на ИВЗ, а другата половина да му припадне на контроверзниот бизнисмен од подземјето, кој преку оваа зделка испрал голема количина валкани пари. За возврат, како благодарност кон добриот и кооперативен реис, бизнисменот му подарил два луксузни стана и еден апартман во Улцињ и околината.
И тоа не е се. Според нашиот извор, братот на сопругата Сабри Алиу е вработен како личен возач на Сулејман Реџепи. Во медресата Иса Бег ги вработил братот Љани и синот Зухер, а заради лична безбедност и оперативно дејствување на терен, го вработил и Кадри Красниќи, брат на Агим. Кадри Красниќи има обемно криминално досие. Неколкумина селани од село Свиларе прво биле вработени како хигиеничари во медресата, ама за кратко време добиле дипломи од факултетот за исламски науки, па брзо се трансформирале во едукатори и професори. Според нашиот полициски извор, во МВР се поднесени и пријави за злоупотреба на девојчиња на медресата, од страна на челници на ИВЗ, ама по нив никој не смее да постапува.
Масовна појава последните неколку години е тотално неписмени луѓе да се запишуваат на факултетот за исламски науки, па се здобиваат со дипломи во екпресен рок и со такви дипломи се вработуваат во АРМ и МВР, како и по другите министерства на службенички позиции. Никој не смее ни да праша, а дури тоа и да се случи, од ИВЗ има забрана медресата да дава информации за број на запишани и завршени вонредни ученици во последните 8 години. Нашиот извор тврди дека секој запишан по некое време добивал и диплома, без ниту една посета на образовниот процес во медресата.
Погоре опишаните криминални активности во ИВЗ, под раководство на Реџепи, влече корени од периодот пред да стане реис. Да подсетиме на начинот на кој Сулејман Реџепи дојде на чело на ИВЗ. Акцијата за неговото инсталирање на чело на ИВЗ одеше преку Мендух Тачи, а оперативно беше спроведено од Агим Красниќи и неговата криминална екипа од Кондово. Една недела пред изборот на Реџепи за реис, од страна на екипата на Красниќи се киднапирани неколку оџи. Прво упаднале со калашникови во куќата на Бахри Алиу (во тоа време заменик реис), за да потпише изборна процедура во ИВЗ. Истата група на Красниќи во тоа време ги заклучува и става катанец на влезните порти на муфтиството на ИВЗ во Тетово за да ги присилат и натераат да дадат поддршка на изборот на Сулејман Реџепи за реис. Овие насилни промени во предизборието во рамките на ИВЗ се спроведени истовремено додека се вршени подготовки и за предизборната кампања во 2006. кога ДПА беа коалиционен партнер со ВМРО ДПМНЕ и НСДП. Тие насилни промени во ИВЗ и инсталирањето на Сулејман Реџепи за реис, нему лично и на Мендух Тачи им донесоа огромни профити од подоцнежните матни бизниси и профити од враќањето на вакуфските имоти, како и од донациите од братските исламски заедници од арапскиот свет.
Со доаѓањето на власт на ДПА и инсталацијата на Сулејман Реџепи на чело на ИВЗ, доаѓа и до бројни манипулации со верниците, кокетирање со вахабизмот, ширење магла меѓу верниците и континуирано перење пари кое не престанува до денес. Доаѓањето на Реџепи на чело на ИВЗ е и знак да се обединат криминалците и теолозите во една криминална верска коалиција која е заинтересирана само за личен профит. Јавна тајна е дека од изградба на секоја нова поголема џамија, реисот Реџепи и послушните оџи околу него „спечалуваат„ во просек три станбени и две деловни единици. Зависи колку успеале да зафатат од преполната каса на заедницата за вакви намени. Интересно е дека меѓу најголемите градители околу Реџепи редовно се вртат луѓе кои во животот не само што немале допирни точки со исламот, туку во време на комунизмот биле најжестоки противници на оваа религија. Денес се распоредени по одбори за изградба на нови џамии и редовно се во дослух со Сулејман Реџепи кога се на дневен ред парите наменети за овој трошок.
Реисот Сулејман Реџепи не е само близок до Алах, близок е и со боговите од ДУИ и ВМРО ДПМНЕ кога има потреба да услужи некој криминалец. Најубав пример за тоа е случајот од пред три години кога првите луѓе на скопското муфтиство на ИВЗ до министерството за правда, управа за извршување кривични санкции, доставиле фалсификуван документ во кој навеле дека братучед на тогашниот затвореник Даим Фазли има свадба, па би било добро овој затвореник да биде пуштен на неколкудневно одсуство. Арно ама, свадба немало, никаков братучед не се женел, тоа муфтиството испратило написмено лага до управата за извршување кривични санкции, за да му помогне на Даим Фазли да „фати магла„. Веднаш штом Фазли добил одсуство од затворот, со фалсикиуван пасош пребегал на Косово, а понатаму му се губи трагата. Извор од министерството за правда ни објасни дека лично Сулејман Реџепи подоцна интервенирал преку функционери од ДУИ да не се крева прашина во МВР околу бегството на Даим Фазли, да не се брука ИВЗ и скопското муфтиство. Трета година по ред никој од затворот Идризово не покренува постапка за известување на управата за извршување кривични санкции, дека има лице кое не се вратило од одсуство, па сходно на тоа не е распишана ниту потерница по Даим Фазли.
Од извори во ИВЗ, но и од бројни верници, дознаваме дека ниту Сулејман Реџепи ниту блиски членови од неговото семејство во минатото немале никакво богатство. Се што имаат стекнато како имот и луксуз, стекнале исклучиво после неговото заседнување на челната функција во ИВЗ. Никој од неговата близина не се сеќава ниту дека Реџепи наследил имот од своите предци. Според нашите извори, се што има стекнато семејството Реџепи е стекнато преку манипулација, проневера на пари на ИВЗ (бизнис со вакуфскиот имот, посредување при заминување на верници на аџилак, од странски донации од арапските земји, од курбан, од зекат). Огромен профит Реџепи и неговите синови оствариле и за време на косовската криза и приливот бегалци од овој регион, како и проневера на средства добиени како хуманитарна помош наменети за бегалците од Косово и Босна.
Најдобар пример за овие проневери е медресата Иса Бег во Кондово преку која се поминати огромни суми пари од донации за реновирање, ама за вистинската намена се искористени само мал дел од парите, а поголем дел од нив заминал за изградба на приватни угостителски објекти, највеќе за рестораните „ТЕ ПИСАТ„ (сопствеснот на синот н поглаварот) и „ФА-ФА„ (сопственост на близок човек на Реџепи кој му е задолжен за посредување во перење пари).
Извештајот на Стејт Департментот дека во ИВЗ има криминал со визите, подмомогнат од високи политички кругови, ги потврдува сознанијата дека челниците на ИВЗ со години наназад „пуштаат рака„ длабоко во касата на заедницата. Исламската верска заедница од втроат свтска војна до денес ја раководеле четири поглавари: најдолго на чело на ИВЗ бил хаџи Бедри Хамиди, по него Јакуб Селимоски, па Сулејман Реџепи чиј мандат е прекинат на две години кога ИВЗ ја раководи Ариф Емини, но потоа пак се враќа Реџепи и владее веќе 8 години. За голем број верници еден и единствен чесен и верски исправен реис бил Хаџи Бедри Хамиди, за Селимовски говорат повеќе како за политички експонирана фигура отколку за верски водач, а Сулејман Реџепи и Ариф Емини мнозинството верници ги доживуваат повеќе како бескрупулозни криминалци отколку исламски настроени поглавари заинтересирани за просперитет на ИВЗ.
Ова последното особено се однесува на Сулејман Реџепи...
http://burevesnik.org/2011-07-09-13...ивз-поблиску-до-бога.html?format=html&lang=mk