Актуелни конфликти во областа на меѓународната безбедност

Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Добро вечер, би сакал да ве прашам доколку може некој да ми помогне, а воедно да се отвори тема каде што ќе може да даваме своја анализа за актуелните конфликти од меѓународната безбедност... Идејата ја добив така што морам да направам анализа за на факултет па викам можеби би можеле и тука да дискутираме за тоа, а воеедно и доколку некој има готова би ми бил многу од помош... Поздрав :)
 
Во суштина не сакаш дебата, туку готов производ да го дадеш на факултет без труд. Да сакаше дебата, ќе поставеше прашање. Друго, во ера на милион меѓународни конфликти (политички и безбедносни) да не можеш да изгуглаш и најдеш информации... што да ти кажам.
Трето, ЕДНАШ, ЕДНАШ да се потрудевте да отворите тема во соодветен подфорум, не ќе беше лошо.
 
Гатај, ми гатај галебе мој тажен... Не ми треба готов произов без труд, туку насока и нешто што би го преработил и проширил јас, а потоа во темава би можеле да имаме и дебата за такви прашања пошто не најдов друга слична тема...
 
Ајде уште еднаш... Што не ти треба? :facepalm:

И, идеја не се добива кога "морам да направам анализа за (на) факултет", туку кога ќе следиш настани во светот. :kafence:
 
Има две опции...или факултетот ти е сасвим десета област(медицина,шумарски,металургија) или ти треба да го напуштиш факултетот што побрзо ако не следиш овакви настани.
 
Украина, Блиски исток, балканска енергетска „војна“. Сите три одлично медиумски покриени, дури и кај нас. Сеа проширувај...
 
Појавувањето, подемот и падот на ИСИС/ИСИЛ. Звучи моќно до некаде а има и многу материјал. Темата би се вртела околу тоа како воопшто се создаде ИСИС (дали е продукт на Американците тука вметнуваш малку теории на заговор, малку руски видувања на целата работа или дали се работи за хардкор варијанта на Ал Каеда која беше тотална разбиена после убиството на Бин Ладен). Која територија ја држи, што им е целта, кој се бори против нив и како дојде до тоа да се обединат различни страни кои претходно дури и беа во конфликт само за да се одбранат од ИСИС и што е тоа што лудаците од цел свет ги привлекува да се придружат на ИСИС.
 
Во суштина не сакаш дебата, туку готов производ да го дадеш на факултет без труд. Да сакаше дебата, ќе поставеше прашање. Друго, во ера на милион меѓународни конфликти (политички и безбедносни) да не можеш да изгуглаш и најдеш информации... што да ти кажам.
Трето, ЕДНАШ, ЕДНАШ да се потрудевте да отворите тема во соодветен подфорум, не ќе беше лошо.
Мала не се нервирај, помогни му на човекот ако можеш... дај некоја доверлива информација, извади од џеб нешто. :)
 
„Макрон најсилно ја осудува најновата нуклеарна проба на Северна Кореја по низата тестирања на балистички ракети, што укажува на желбата на Пјонгјанг повторно да го загрози мирот и безбедноста“, се наведува во соопштението од Елисејската палата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom