Јапонско Џиу Џицу (Jiu Jitsu, Jujutsu....)

  • Креатор на темата Креатор на темата illusi0n
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Локација
Штип
Веб-сајт
www.twitter.com
Изненаден сум што нема посебна тема за традиционално џиу џицу.
Посебно бидејќи јапонското џиу џицу претставува основна градбена единка на многу други техники како џудо, бџџ, аикидо, итн.

Краток историјат:
Измислено во периодот на самураите. За разлика од кинеските боречки стилови кои што се фокусираат на ударни техники, овде имаме голем фокус на фрлање, онеспособување на противникот, lock-ови, давење, итн. бидејќи во тоа време ударите не биле ефективни бидејќи „противникот“ или другите самураи носеле штит. Ударите претежно се користат за да го изморите противникот, или да му го одвлечете вниманието, или пак да му ја изместите рамнотежата.

Инаку, тренирам во клубот Осенсеи во Штип, околу месец дена. Моментално работам техники за жолт појас, сега за сега сум задоволен, па ќе видиме натаму... :D

Да слушнеме ваши искуства, дали тренирате, и сл. ?
 
Не сум имал можност да тренирам Јапонско,но тренирам Бразилско ЏЏ.
Познавам неколку што тренирале и сме имале заеднички тренинзи,личи доста интересно.
Само ме интересира колку е блиску до оригиналот?Бидејќи старото ЏЏ не било само една школа имало повеќе.ЏЏ го почитувам бидејќи од него излегле речиси сите Јапонски боречки вештини.
Едноставно еволуриале од него.На пример основачот на Џудото,Џигоро Кано,тврдел дека во старото ЏЏ имало мн техники за кои требало да се користи снага и он ја направил неговата вештина да повеќе се фокурсира врз техника(и секако ги исфрлил ударите)
 
Јапонските боречки вештини отсекогаш ми биле омилени. Штета што во Струмица никогаш немаше вакво солидно нешто каде може да се тренира, имаше еден период ама мислам дека престана да функционира, не сум сигурен. Моментално во Скопје го има најдоброто доџо каде што може да се тренираат јапонски боречки вештини, Самураи Доџото на Сенсеи Кесковски Златко кое пред неколку години имав чест да го посетам и е прекрасно.

Имаат и своја веб страна: http://www.samurai.org.mk/dojo/
 
Тренирано имам аикидо и карате. Сепак имавме блиску и џуи џицу клуб па со некои другари правевме доста муабети и заклучивме дека џиу џицуто е добро за блиска борба во тесен ростор (во ходник ако те начекаат), но ако имаш простор и ширина со аикидо си цар.
 
..... а како мислиш да му фатиш рака на некој што е увежбан со ВЧ кунг фу, еве и у широк простор ???;)
 
"Closing the distance" е број еден правило на секој борач кога се бори против добар страјкер(иако се сомневам дека аикидо би било корисно во тој случај).Целта е да влезеш во него или да го собориш на земја а со тоа му ги одземаш двете главни оружја,силата на ударите со рацете и ударите со нозе,бидејќи во толку тесно растојание неможе да зададе ни пола од ударот со сила која би ја имал ако стои :)
 
Баш така, немам против Аикидото, ама целта на боречката вештина е да си подготвен да победиш, а победа е 90% напад останатото одбрана. А и ова со буткањето на земја, ако си врз него и тебе како напаѓач ти се слаби ударите, освен да можеш двете раце на противникот да ги блокираш и така да ги зададеш ударите.
И пак ќе кажам дека ВЧ и класичен бокс се најпрактични во секојдневието, се друго е ја вежбам оваа боречка вештина значи :zver: сум :D.
 
Не сум запознаен до толку со ВЧ,односно не сум тренирал,но за боксот можам да потврдам.Всушност у овие години тренирање доколку нешто сфатив,тоа е дека клучот е во еднсотавноста.На улица ти требаат само неколку техники(од кои 90% ќе бидат удари со раце),се другото е искуство.Затоа и ми е проблемот со Аикидото,нема спаринг и не можеш да дознаш дали таа техника функционира,особено кај трениран противник.
 
"Closing the distance" е број еден правило на секој борач кога се бори против добар страјкер(иако се сомневам дека аикидо би било корисно во тој случај).Целта е да влезеш во него или да го собориш на земја а со тоа му ги одземаш двете главни оружја,силата на ударите со рацете и ударите со нозе,бидејќи во толку тесно растојание неможе да зададе ни пола од ударот со сила која би ја имал ако стои :)

Како ќе влезеш во некого ако е трениран и има осет за растојание? Од каде предумислата дека ако има добри удирачки техники не знае и борба на партер?

Постои и тренинг за борба од блиску и со голи раце е многу поопасно него со (боксерски) ракавици.
 
Начини за влегување има многу ако веќе збориме за како.Како што пишаа погоре,специфично прашаа за некој што е добар во удари,нигде не пишаа за некој што е добар во удари,фрлање,полуги,може да крши камења со раце,може да скокне 100 метри итн...
Така да кога е во прашање која би била техниката за да победиш некој користејќи ЏЏ,тогаш мојот одговор е најчестото решение. Е сега,ДАЛИ ќе успееш тоа да ги направиш е субјективно,бидејќи не зависи само од тоа колку си ти добар,зависи и од него а богами и од среќа :)
 
Ти не потенцираше некој што е добар САМО за удари од дистанца а е тапа за инфајтинг и уште потапа за смисол за растојание и за партер. Во таков случај секако тоа што го кажа ќе даде брз резултат (пример мечот Кутур-Тони).

Во други случаи може воопшто да не се создаде шанса за тејкдаун ако другиот (страјкерот според тебе) знае да држи растојание, е трениран за блиска борба и има барем основни познавања за одбрана од тејкдаун :).
 
Баш така, немам против Аикидото, ама целта на боречката вештина е да си подготвен да победиш, а победа е 90% напад останатото одбрана. А и ова со буткањето на земја, ако си врз него и тебе како напаѓач ти се слаби ударите, освен да можеш двете раце на противникот да ги блокираш и така да ги зададеш ударите.
И пак ќе кажам дека ВЧ и класичен бокс се најпрактични во секојдневието, се друго е ја вежбам оваа боречка вештина значи :zver: сум :D.

Ако мислиш дека Бразилско Џиу Џицу не е ефикасно против кунг фу, погледни го видеово. Ројс Грејси против непобеден кунг фу експерт кој има 15 години искуство со вештината.

https://www.youtube.com/watch?v=jd1KDz1X7iE
 
Изненаден сум што нема посебна тема за традиционално џиу џицу.
Посебно бидејќи јапонското џиу џицу претставува основна градбена единка на многу други техники како џудо, бџџ, аикидо, итн.

Краток историјат:
Измислено во периодот на самураите. За разлика од кинеските боречки стилови кои што се фокусираат на ударни техники, овде имаме голем фокус на фрлање, онеспособување на противникот, lock-ови, давење, итн. бидејќи во тоа време ударите не биле ефективни бидејќи „противникот“ или другите самураи носеле штит. Ударите претежно се користат за да го изморите противникот, или да му го одвлечете вниманието, или пак да му ја изместите рамнотежата.

Инаку, тренирам во клубот Осенсеи во Штип, околу месец дена. Моментално работам техники за жолт појас, сега за сега сум задоволен, па ќе видиме натаму... :D

Да слушнеме ваши искуства, дали тренирате, и сл. ?

Како што знам системот за борба кој го практикуваат во О Сенсеи во Nage Waza се состои од 2 дела, карате и џудо, а кога влегуваат во Ne Waza ондак имаат 20 секунди за да направат полуга или гушење.[DOUBLEPOST=1446163160][/DOUBLEPOST]Јас сум страјкер ама бедно ми е да го мавам некого по ребра или глава, зата уживам да се борам, плус си ја усовршувам техниката за партер хаха.
 
Дискусијава е една година стара и неактивна ама не е проблем да се продолжи, Луѓе од се што сум видел досега заклучив, Никоја боречка вештина не ја подценувај никогаш, Кој стил ке те привлече и го работиш тренирај го до мајсторство односно поентата ми е што и да си биде апсолутно добар во специјалноста. А за тие што тренираат и се натпреваруваат во ММА ценам дека треба да тренираат се што им е потребно, но специјалноста односно стилот со кој почнале треба да им биде главното оружје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom