(1985) Интервју со Стив Џобс за Плејбој

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Човекот не беше ни приближно гениј колку што го величаат. Едноставно знаеше да прави пари. А да... и можеш комотно да речиш оти беше asshole.
Луѓе како Elon Musk би ги ценел повеќе или Ричард Бренсон.
 
Човекот не беше ни приближно гениј колку што го величаат. Едноставно знаеше да прави пари. А да... и можеш комотно да речиш оти беше asshole.
Луѓе како Elon Musk би ги ценел повеќе или Ричард Бренсон.

Не трескај глупости, види му ги размислувањата кои му се уште во 1985. Види му го развојот на компанијата. Може не е geek како Гејтс или споменатиот Вознијак, ама дека не бил приближно гениј... Во тоа време за да си ги мериш со IBM и на тие години да си толку успешен... Елон Муск бе хахах
 
Гејтс е обичен лопов со многу пари од неговото семејство. Кој на кого му ги крадел идеите?
 
Па ништо посебно според мене. Стив Јобс ти е само одличен бизнисмен (не гениј), интересно како идејата на почеток му беше да нуди многу ефтин компјутер во однос на конкуренцијата но со годините бизнисот се смени сосем обратно, да продава нешто многу поскапо од конкуренцијата само затоа што е Apple.
 
Не трескај глупости, види му ги размислувањата кои му се уште во 1985. Види му го развојот на компанијата. Може не е geek како Гејтс или споменатиот Вознијак, ама дека не бил приближно гениј... Во тоа време за да си ги мериш со IBM и на тие години да си толку успешен... Елон Муск бе хахах

Убаво вели @Strider, Стив Џобс знаеше само да прави пари.

Единствено ја имаше таа среќа да открие дека компјутерот ќе придонесе за револуција во секојдневниот живот на луѓето и паметно ја искористи шансата за профит која никој друг не ја забележа.

Истовремено се покажа и докажа како одличен манипулатор, човек кој пред цел свет тврдеше дека е стерилен и покрај 2 различни ДНК анализи со кои се докажа дека е татко на вонбрачна ќерка, а подоцна се ожени и имаше деца со својата сопруга и на крајот ја призна својата вонбрачна ќерка како своја.

Потоа кога се врати во Епл во 1990-те години, му стави транспарентно обоен капак на мониторот во кој ги збутка конфигурациските компоненти на конфигурацијата, го нарече мониторот iMac и откри дека консумеризмот зема се посилен замав и дека компјутерот сепак не ги опаметил луѓето, бидејќи се подготвени да фрлаат многу повеќе пари за лого на делумно гризнато јаболко, отколку за вистински квалитет.

Се останато е веќе позната историја, манипулација по манипулација, iPod, па iPhone, па iPad, со одлична маркетинг кампања, уреди кои не вредат колку цените по кои се продаваат, им ги наполнија џебовите на Стив Џобс и на Епл.

Елон Муск барем го инвестира својот капитал во нови иновации. За поздрав е неговото отклучување на сите патентирани технологии на Tesla Motors за да бидат бесплатно достапни за сите, со што на дело покажа и докажа дека ја става иновативноста на прво место, а не профитот.

За волја на вистината, јас не би дал 50.000 евра или 80.000 евра за електричен автомобил тежок 2 тона, но за поздрав е неговата иницијатива.

На крајот од денот, Стив Џобс беше добар менаџер, а не добар иноватор.

Од таа гледна точка, не беше ништо поинаков од Бил Гејтс, кој исто така беше и сеуште е добар менаџер, а не добар иноватор.

Како што Стив Вознијак е вистинскиот иноватор на Епл, така и Пол Ален е вистинскиот иноватор на Мајкрософт, иако Пол Ален не е толку голем иноватор како Стив Вознијак, бидејќи Мајкрософт го имаше својот подем со операторниот систем DOS, кој го откупија од некој програмер во Сиетл за неколку десетици илјади долари, а заработија десетици, ако не и стотици милиони долари од продажбата на тој оперативен систем, за разлика од Стив Вознијак кој самостојно од 0 (НУЛА) го создаде персоналниот компјутер, со кој Епл го имаше својот подем.
 
Не трескај глупости, види му ги размислувањата кои му се уште во 1985. Види му го развојот на компанијата. Може не е geek како Гејтс или споменатиот Вознијак, ама дека не бил приближно гениј... Во тоа време за да си ги мериш со IBM и на тие години да си толку успешен... Елон Муск бе хахах

Ако Стив Џобс е гение тогаш треба и Доналд Трамп да го наречеме гение. Усшешни бизнисмени не се гении во никој случај. Барем мое мислење. Не дека немам некој грам респект за човекот, ама како што рекоа и другите, има страни од познативе ко него за кои ние јавноста не ги знаеме подлабоко. Приватно и те како бил asshole. Ко што Трамп е исто така asshole. И повеќето други големи ѕверки бизнисмени.
 
Елон Муск барем го инвестира својот капитал во нови иновации. За поздрав е неговото отклучување на сите патентирани технологии на Tesla Motors за да бидат бесплатно достапни за сите, со што на дело покажа и докажа дека ја става иновативноста на прво место, а не профитот.
Шо знам дали филантропија или нешто друго го натера да ги „отклучи“ патентите? Тоа е генијален бизнис потег, ништо повеќе ;)

Инаку, за Стив Џобс, визионер. Ни повеќе, ни помалку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom