Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

  • Креатор на темата Креатор на темата ZeenaK9
  • Време на започнување Време на започнување
Сега се уште има една голема мизерија, т.е. тие што работат, најчесто за мизерна плата, ако платата им доцни Немаат здравствено осигурување !!! .. а им се одбива секој месец од плата придонес за здравствено.
Поодамно, со воведување на плавите картони, приватните фирми плаќаа однапред а добиваа картони на 25 во месецот, само 5 дена имаа здравствено. Сега се даде некој период на доцнење, но не е тоа работата. Има фирми кој плаќаат редовно плата, но н.пр. сега исплаќаат плата за мај месец .. и сега нивните вработени никогаш немаат здравствено !! Мора да им се овозможиза своите пари да добијат здравствено.
Да ама ако работодавецот не исплати две плати на третата ујп му блокира сметка
 
Да ама ако работодавецот не исплати две плати на третата ујп му блокира сметка
neznam jas, kerkami e prijavena, prima plata sekoj mesec (ama 2 meseca nazad ), a doktorkata vika nema pravo na zdravstveno... a što pa i ako mu blokirat smetka, ima firma što 5 godini i e blokirana smetkata a postoi, luđe idat na rabota, imeto na firmata ne e smeneto ama izvršitelot vika ne možam da si naplatam...
 
те прашувам човечки ама ај, гледам таков ти е стилот. А зашто да не плаќате осигурување кога сите работници плаќаат? Дали ние да плаќаме за тебе за градинка, школо, амбуланта? Можеше законот да се измени, да се стави некоја минимална годишна сума, паушал, но не требаше да се укине. Многу "хонорари" стигаат огромни цифри, многу поголеми од бруто плата на еден работник.
Токму тоа ми е поентата на муабетот, со тој закон најмногу беа оштетени тие со ниски хонорари а тие со хонорари од 50-60к беа привилигирани.
Никој не рече дека не треба да постои таков закон, треба да има закон но не таков каков што беше.
Тој закон беше полн со аномалии, една од повеќето беше и тоа ако редовно вработен покрај платата оставрува дополнитални примања (приватно ако работи) да мора повторно да се осигура пензиско и здравствено.
Еве конкретно за мене, јас сум редовно вработен и плус работам приватно како фриленсер, зошто јас да плаќам двојно здравствено и пензиско осигурување кога веќе сум осигуран? Што сум јас помалку од тебе па да мора да ме казнуваат да плаќам двојно???

Зошто ако од работа, доаѓам дома и седнувам да работам за да извадам пари, не за луксуз туку за да ми стигнат да платам кирија и да имам на детето млеко да му купам, зошто некој тие пари да ми ги зема?

Од работа детето не сум си го видел како што треба, рмбам како ненормален за да преживеам во оваа ненормална држава, а некоја будала лебот од устата ке ми го зема за да гради споменици.
 
Последно уредено:

постојат случаи и случаи. Во еден случај можеби да се постапи вака, во друг случај така...доколку приходот од хонорар е до одредена граница, ќе се постапи...доколку еднаш веќе се плаќа полно осигурување, во тој случај...Затоа и не е лесно да се напише или препише закон. Затоа треба јавни расправи, предлози, дискусии, координација со стопанственици и претставници на вработените и хонорарците итн за подобрување на закон, а не негово од ведро небо донесување или укинување. Многу нејаснотии има и тоа што се донесе и тоа што се укина.
 
Тебе не ти е гајле дали тој зел 11 000 затоа што најверојатно ти не трпиш за леб, не рекле за џабе сит гладен не врува.
Еве за тебе еден прост пример, некој кој зема 11 000 плаќа данок придонеси и ке му останат околу 7000 што значи загрозена му е основната егзистенција и после што ке му вреди тоа што е здравствено е осигуран кога ке умре од глад или од нервози ке се мрдне, а пример тој што е со примања од 30 000 и ке плади придонеси и даноци и пак ке му останат пари за да има што да јаде. Сега разбираш? Незнам за тебе што тука е фер.
плус хонорарецот нама годишен одмор, нема платено боледување, нама породилно, нема к15.. ако е болен или одмара нема пари, зошто да плаќам исто со некој што е редовно вработен а да имам помалку бенифиции???
Идиотски беше законот и крајно дискриминаторски.
Апсолутно мора да сме сите еднакви и не сакам некој да не плаќа, а некој да плаќа. По твојава логика, оние што имаат ниски плати не треба да плаќаат придонеси. А зошто па оние со 50,000 денари хонорар да не плаќаат? Се само за себе се гледа. Не е законот дискриминаторски, напротив, хонорарците се во повластена ситуација.
 
Друже не си ми ја разбрал логиката, 100 пати напишав и не планирам повеќе да објаснувам, ако сакаш да сватиш земи проучи го законот.
Законот беше донесен на брзина колку да се донесе, очигледно е дека ич не се замарале за да биде праваеден, не велам дека тие со 50к хонорар не треба да плаќаат, напротив,но токму со тој закон тие со високи хонорари беа изземени (судии, доктори, итн, итн).
Можеа да направат хонорар во висина на просечната плата, покрај пресоналецот да се плаќа пензиско и здравствено а не минималната плата како што беше со тој закон или можеше тие со ниски хонорари проценуално помалку да плаќаат а ти е со високи повеќе, затоа што некој кој вкупно заработува 10к и му земапт 37% нема да му останат ни за леб, му се загрозува основната егзистенција.
Ај баш ме интересира да кажеш која е таа повластена ситуација за хонорарците со тој закон?
 
ВЛАДАТА ОД ПРИДОНЕСИ ИНКАСИРАЛА 38 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ

Приходите од социјалните придонеси во првите седум месеци од годината додека важеше обврската да се наплатуваат и од хонорарите се за 38 милиони евра зголемени во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци што ги објави Министерството за финансии.

Од јануари до јули, наплатени се придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување од 443,2 милиони евра. Овие бројки отсликуваат колкав е навистина ефектот од мерката да се плаќаат придонеси на сите приходи остварени преку договор на дело или авторски договор која се применуваше од јануари до јули годинава.
 
Друже не си ми ја разбрал логиката, 100 пати напишав и не планирам повеќе да објаснувам, ако сакаш да сватиш земи проучи го законот.
Законот беше донесен на брзина колку да се донесе, очигледно е дека ич не се замарале за да биде праваеден, не велам дека тие со 50к хонорар не треба да плаќаат, напротив,но токму со тој закон тие со високи хонорари беа изземени (судии, доктори, итн, итн).
Можеа да направат хонорар во висина на просечната плата, покрај пресоналецот да се плаќа пензиско и здравствено а не минималната плата како што беше со тој закон или можеше тие со ниски хонорари проценуално помалку да плаќаат а ти е со високи повеќе, затоа што некој кој вкупно заработува 10к и му земапт 37% нема да му останат ни за леб, му се загрозува основната егзистенција.
Ај баш ме интересира да кажеш која е таа повластена ситуација за хонорарците со тој закон?
А како би имале хонорарни примања судии? Ај доктори...
Мене муабетов ми е следниот: има луѓе кои живеат само од хонорари. Некои шоумени, пеачи... и заработуваат прилично, а не плаќаат никакви придонеси. Пример... хонорарно заработил 2000 евра, а придонес не плаќа. И се жали на ТВ против новиот закон. И никако не ми е јасно зошто некој со 7000 денари нето плата да плаќа придонеси, а некој со 12000 ден хонорар да не плаќа? Хонорарот јас го разбирам нешто како повремена „тезга“, а не редовни примања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom