Passat CC 2010 vs Mercedes C-Class 2010 Споредба

Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Здраво дечки, би сакал да прашам кој од овие 2 автомобила (Пасатот ЦЦ или Мерцедесот Ц, произведени околу 2010 година), според вашето мислење е подобар и, нормално, зошто :D

velztc.jpg


2elf2op.jpg


Секој совет е добредојден, фала.
 
Последно уредено:
Мислам дека мерцедесот е класа + за разлика од пасат
 
Мислам дека мерцедесот е класа + за разлика од пасат
Мерцедес плаќаш за марката ,исто како да споредуваш сега од овие новиве телефончиња галакси со некоја икспериа или незнам што речиси исти се .Во последниве години и VW изненади со пасативе ,така да тука негде се .
 
Кај половна кола најбитно е во каква состојба се примероците кои ги споредуваш. Тој што е во подобра состојба, тој купи го, без разлика на брендот. Што се однесува пак за нова кола, не можеш да споредуваш Мерцедес со Фолксваген. Мерцедес е Мерцедес.
 
Зависи од ниво на опременост и од моторот. Ако претпоставиме дека се е еднакво, тогаш Мерцедесот; повеќе ми се допаѓа дизајнот.
 
Јас на пример би Ауди или БМВ, али бидејќи не ти се спомнати од овие двете Мерцедесот, уште по изгледот кога ќе ги видиш има гламурозен/луксузен изглед, a мерцедес си е мерцедес, добро сега во последно време VW ептен ги форсираат.
 
Нема споредба помеѓу Mercedes и Volkswagen... Mercedes е неколку класи над Volkswagen во секој сегмент на квалитетот. Изборот е твој и гледај да автомобилот ти одговара на потребите и можностите претпоставувам дека Пасатот ке биде поевтин за одржување од C-класата.
 
И ние дома бевме еден период во дилема меѓу овие две,ама ново си е ново бато...кој сака нека каже.Нормално,и ние гледавме на старо,овие години.

Али еве што ми се деси мене,имаме ц3ка моментално и тојота корола,2005 двете,и мењавме предно стакло на ц3чето,пред некој ден летнало камен од камион/кола,пукна цела шофершајбна...поради тоа што нашава е exlusive верзија,25 иљади е ново стакло.за неполни 3 месеци фрливме 50 илјади во вода.Замисли да беше тоа на цкласа или пассат цц ? сигурно ќе кошташе 3 пати поскапо.

Не викам дека не треба нова кола,но само ти давам пример,и верувај овие денови не ни мислам на нова кола,а ниту моите дома.
 
Ја сум повеќе за Пасатот некако не ми се свиѓа оваа серија на мерцедеси.
Да иам пари у мене сеа одма го зиам Пасатот :kezec:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom