Како изгледа нападот со првиот функционален ласерски топ?

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.572
Поени од реакции
18.605
По седум години развој и вложени околу 40 милиони долари Американската морнарица може да се пофали дека во своето вооружување има ласерски топ.

oruz-jjje.jpg


Оружјето е наменето за блиска борба и е едно од најсофистицираните оружја во светот. Тоа од неодамна е дел од USS Ponce во Персискиот залив, а во првото видео се гледа како функционира и што може да направи овој топ.

Со перфектна прецизност, сноповите енергија кои се движат со брзина на светлината, можат да онеспособат помали бродови и беспилотни летала, а притоа оружјето нема да остане без муниција,

Економската исплатливост на ова оружје е неспоредлива, со оглед на тоа што секое стрелање чини помалку од еден долар, што е поевтино од секој вид на кинетичко оружје.

Првиот функционален ласерски топ во моментот развива 30kW, но со техничките унапредувања силата треба да му се зголеми прво на 50kW, а потоа и на 100kW.

 
Изгледа ќе биде вградено на новата генерација на стелт разурнувачи, каде покрај ласеров, ќе има и електромагнетни топови.
Научната фантастика станува реалност.

Иначе. тешко дека е првиот ласерски топ.
Русите имале тенк со ласерски топ уште во седумдесеттите, а во 87ма имаат лансирано ласер кој работи на нуклеарен погон и може да соборува американски (и било какви) ракети од орбита.
 
Последно уредено:
Глупаво е ама барем кошта само 40 милиони а не ко Ф-35 над 1 трилион и џабе. :pos::pos:
 
Да и плус секое пукање чини неколку долари како што разбрав од видеото.
 
Што правиме кога времето е облачно, дали е оперативен? Јас колку што знам :neetaka:, само при половни временски услови може да дејствува. Тука има огромен недостаток :jajce:
 
Не би рекол Браво за ова. Пари фрлаат за оружје, а некои немаат што да јадат.
 
...кои веројатно ќе бидат продадени за да нечии дечиња во Масачусетс пораснат во идни експлоататори и угнетувачи на светското население.
Поправено.
 
Хахахаха американците нашле топла вода за ласерски топ,а русите веќе го имаат уште во времето на Хрушчов
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom