Дочек на Нова година 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Каде ќе настапуваат, на кровот од ЕВН?
 
Овие се егзотични момци?


Не сакам ваква музика, нели кој сака :), ама такво е друштвото и оваа НГ на шабанско ќе биде јако изгледа. Иначе исти се и овие вторите, пејачот убија. Сериозно, имаш идено некад на нив, праат добра атмосфера?
(Неможам да го видам видеото зашто бел квадрат само има).
Ти личам на некој што мн јако си поминува на шабанарии !?!?!? :shook:
Овие се тие Со еден од бендов се знам лично и за негов атер бев на свирка.....прв и последен пат...и никогаш повеќе :pov:
А за на некој што сељачки кафански шеми му се свиѓаат, мн јако може да си помине...
Башка незнам дали ти у позитивен или у негативен аспект го напиша тоа : аааааама ќе им свират некои Егзотик банд кои сами по себе доста говорат :ojeaa:[DOUBLEPOST=1418862308][/DOUBLEPOST]
Ниеден од бендовиве не ми е по мерак. Ако сакаш утре да идеме на рок - фест у МКЦ на ревијална вечер !?!? :roker:[DOUBLEPOST=1418862465][/DOUBLEPOST]
Каде ќе настапуваат, на кровот од ЕВН?
За ова пред Нова Година ако прашуваш (на 30 и 31) ке се одржува кај арапска куќа,шпанска амбасада,шведска амбасада или пак од Custom Pub према плоштад кога ке тргнеш на ширинката одма на 50 м што е . ;)[DOUBLEPOST=1418864289][/DOUBLEPOST]
види не живеам во охрид и идам само еднаш годишно и тоа во зима -за нова година затоа не ни знам многу локации мислам кафичи или ресторани каде се оти. плус се се менува односно ако оваа година е куба либре пример (тропам) нај нај другата може нема да биде.
лани стварно шо викаш многу скомно поминав а охрид бев.не беше ич скап смештајот ниту храната ниту кафичите. пошто оваа година имам гости од странство сакам да ги однесам во охрид затоа што навистина има што да се види. нивната желба е да одиме во ресторан каде има музика макар еве и кафана да биде не барам којзнаеш што ама да има позитивна атмосфера.
иначемцената ја спомнав ја кажав да за кажам лимит колку би платила иако искрено според мене и стадардиве наши е скапо да ги лупниш за една вечер..
нз ќе видиме мене ми се оди за охрид за да се прошетам и го обожавам охридското езеро што се однесува и на плоштад би одела ама другиве сакаат да играат, музика , јадење и така.
на крајот што ќе биде незнам :pivo2:
За туристи шетање супер е Охрид. Јас летоска од Хрватска шетав,пресреќни беа од убавините. И сега секој месец ме викаат да идам кај нив.
За на плоштадот ако планирате да идете прво проверите шо музика ке има и временска прогноза, зашто у сред август на пример навечер 15 степена паѓа температурата. Така да за 1 јануар да не ви биде -10 у 23.00 саатот а вие планирате на плоштад 3 саата да стоите. Башка од езеро како дува 100% имате шанса со бронхитис и реума да се вратите дома . :)

Јавен Оглас : Издавам куќа у центарот на Охрид. За Скопјанишча посебна цена :cujte:
Договор по ПП
 
Последно уредено:
А за на некој што сељачки кафански шеми му се свиѓаат, мн јако може да си помине...
Башка незнам дали ти у позитивен или у негативен аспект го напиша тоа : аааааама ќе им свират некои Егзотик банд кои сами по себе доста говорат :ojeaa:

Точно дека имам аватар од Тито ама скаран сум со турбо фолкот. Само не сум инаетчија по табиет па си идам кај што сака друштвото, така да крајно негативен е аспектот :)
 
Што музика свират овие Infinity band? Ја со друштвото се спремам за во Ревиста во Лептокарија, таму имаат понуда 2000 денари со од пиле млеко во менито, аааааама ќе им свират некои Егзотик банд кои сами по себе доста говорат:
Ќе свират добра музика, најдобрите хитови .. евергрини. Плус у комбинација со ДЈ ќе биде се , во однос на музиката.. А иначе менито и тука е богато прилично, тоа што го има понудено да го изедеш се .. нема да можеш да испиеш поише од 3 пива. :)
Башка веќе од вторник понатака ќе биде 2000 денари карта и тука и више при крај сме со резервации... евентуално остануваат некои коњопои и неколку маси.
Така да ако има некој заинтересиран од форумов нека ме извести во наредните неколку дена за да му резервирам карта и да правиме дил.
Еве ја агендата:

Сеуште не знаете каде ќе ја прославите најлудата ноќ во годината?!?!

Отворена покана за сите кои сакаат да си поминат убаво, дојдете и заедно со највеселите луѓе во Скопје да ја дочекаме новата година, во реномираниот ресторан ,, КАЈ ЕФТО ” (ex. Ања во Парк) познат бренд кој самиот гарантира културен и убав дочек на 2015, со одлична локација во центарот на градот. Како сигурност за вашата вечер ќе биде број еден менаџерскиот тим Big Bang Crew којшто веќе 4 години е домаќин на најдобрите забави во ноќниот живот во Скопје.
За новогодишната ноќ по четврти пат ќе ве забавуваат добро познатите Infinity Band кои ке ги испеат најголемите хитови и евергрини.

Во понудата вклучено е:
✔ неограничено пиење (стандардните пијалоци), минерална вода, газирани и негазирани сокови, пиво, вино црвено и бело, водка, џин, коњак, узо, шток, ракија.
✔ порции јадење – САЛАТИ (македонска,шопска и свежа салата), ОРДЕВЕРИ (шунка деликатес, мешан кашкавал, пушена сланина, мешано сирење), ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ 2 меса плус пекарски компир.
Цената за седење изнесува НЕВЕРОЈАТНИ 1699 ДЕН во промотивниот период до 23 декември, потоа поскапува на 2000 денари!
✔ Тајминг за почеток лудата ноќ е од 21:00h до 22:00h и како загревање во тоа време ќе ве забавува познат македонски DJ.
✔ Вечерта исто така ќе има професионално обезбедување кое ќе се грижи за безбедноста на локалот и на гостите.
Поздрав и среќни ново годишни празници! :))))
 
Последно уредено:
[DOUBLEPOST=1418862308][/DOUBLEPOST]
Ниеден од бендовиве не ми е по мерак. Ако сакаш утре да идеме на рок - фест у МКЦ на ревијална вечер !?!? :roker:
Куча-посо ........................... :(
Убав помин:цицки:
 
Точно дека имам аватар од Тито ама скаран сум со турбо фолкот. Само не сум инаетчија по табиет па си идам кај што сака друштвото, така да крајно негативен е аспектот :)
Не бе па ти Тито... Тито не го чепкај,тој е башка прича. :)
Туку сакав да кажам дека контекстот не го сфатив на твојот пост (дали ок се Егзотик или не се).
Иначе и ти по што ме процени (по аватаров) дека ти викам дека се добри !?!? јас пишав само дека ги знам ;)[DOUBLEPOST=1418908107][/DOUBLEPOST]
Куча-посо ........................... :(
Убав помин:цицки:
Фала многу и со лесно на работа ;)[DOUBLEPOST=1418917028][/DOUBLEPOST]
1512369_843860532304137_5165856247216585155_n.jpg

Евентот [DOUBLEPOST=1418918688][/DOUBLEPOST]
10849905_402479599902429_8624972393289609340_n.jpg

Струмица
Многу добар ,инди-рок бенд .
 
Последно уредено:
види не живеам во охрид и идам само еднаш годишно и тоа во зима -за нова година затоа не ни знам многу локации мислам кафичи или ресторани каде се оти. плус се се менува односно ако оваа година е куба либре пример (тропам) нај нај другата може нема да биде.
лани стварно шо викаш многу скомно поминав а охрид бев.не беше ич скап смештајот ниту храната ниту кафичите. пошто оваа година имам гости од странство сакам да ги однесам во охрид затоа што навистина има што да се види. нивната желба е да одиме во ресторан каде има музика макар еве и кафана да биде не барам којзнаеш што ама да има позитивна атмосфера.
иначемцената ја спомнав ја кажав да за кажам лимит колку би платила иако искрено според мене и стадардиве наши е скапо да ги лупниш за една вечер..
нз ќе видиме мене ми се оди за охрид за да се прошетам и го обожавам охридското езеро што се однесува и на плоштад би одела ама другиве сакаат да играат, музика , јадење и така.
на крајот што ќе биде незнам :pivo2:
Ако сакаш таква атмосфера, ти препорачувам во Тино да одите.
Е,сега проблемот е шо мислам дека нема баш да е 2000 денари понудата, дека ќе биде поскапа, ама знам дека е добро таму. Освен такви отмени атмосфери покрај кеј кафанчињата, по други места не се залетувај.
Јас лани бев Коцарев и беше прилично катастрофално. Имаше многу млади,ама музиката беше како за на свадба, уште зет и невеста фалеа. Единствената работа шо можиш да ја направиш е да се фатиш на орото :facepalm:

Од охридска гледна точка, нас секаде ни е здосадено зошто истата музика ја слушаме секој викенд.
Ликвид сигурно ќе биди како лани, прескапо,а понудата крш.
Кадмо на плажата ако се Деспина треба да биде убаво,ама ако имаш маса или сепаре. Пред некоја година бев на нив и навистина убава атмосфера има.
Куба Либре исто провери прашај, засега уште ништо нема објавено,ама треба да биде океј.
И не пропуштај дента на 1ви да излезиш во некој од кафичите, добри забави има :)


Инаку за Скопје
10806245_10204948745854280_5204263336012594425_n.jpg


И Eye Cue знам дека ќе се во Мома кај Млечен(сега како пивница е направено),ама за цени уште немаат кажано.
 
Ево ви дојава од Охрид : ВИСОКИ ЦЕНИ - ТАПА ПОНУДА.
Не се брзајте, размислите убо.
Какво Kadmo Beach - освен ако не сте хардкор шабани. И пазите некое шише дан ве удрит. За цена не знам ама не ви го препорачвам ова. Поубо ојте Еспана ако сакате шабанско и да кршите чаши. Поубо и поефтино ќе си помините.
Ликвид е супер, убај љуѓе,многу убо музиче ама скапичко.(1200 со 3 пијачки, не ме држите за збор можда неубо имам разбрано ама отприлика е тука ценава).
За по хотеливе Тино да,најдобра опција. Ама ко шо ти кажа девојчето погоре, очекви 2000 денари + да е.
Друго не знам шо е како е. Кажете ако ве интересират понуда за некое место во Охрид, па ќе се потрудам да прашам и да ви кажам ;)
 
Не знам дали некој досега го пишал ивентов (бев на брод :) ) па еве да пишам :) И да пишам дека ќе одам :)

10854249_695327133915572_3202092456849251486_o.jpg


Нова Година 2015 - Најдоброто од Македонија

Испрати ја годината како што заслужува и дочекај ја новата 2015тa со најдобрите виновници за луди журки кај нас:

ГОЦЕ САФ
ЛД ПИСТОЛЕРО
ПЕПЕРМИНТ
САМОИЛ РАДИНСКИ
СУПЕРХИКС!

На 31. декември има ЕДНО магично место во градот – „Метрополис Арена“!

Само до 20. декември и само за најбрзите: влезниците со дури 50% попуст и за само 200 денари побарај ги во МКтикетс!

Побрзај и дочекај ја Новата Година на The best of MK New Year!

Најдоброто од Македонија за најголемата новогодишна прослава, во организација на Octopussy Entertainment.

Билети во Југотон, салоните на One и продажната мрежа на МК Тикетс.

200 денари - 05 - 20.12.2014
300 денари - 20 - 31.12.2014
400 денари на врата
500 денари - ВИП

4000 денари - ВИП пакет (4 ВИП билети + барска маса + Јегер/Финландија/Џек Даниелс)

Резервации во Југотон (02 3239 860) и на 070 275 624 или на contact@mktickets.mk
 
Дајте бе нешто за Скопје понуди. Цена некаде до 1000 денари.
 
имаше една интернет страна каде се гледаат сите ноќни клубови, кафичи и кафани од скопје и нивни понуди за нова година????
дали некој ја знае таа страна, лани баш ја гледав ама не ми текнува сега како беше???
 
Дај κажејте неκоја κафана у сκопје до 1500 ден
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom