Фрлени се 2 бомби во полициски станици во Куманово и Тетово!

  • Креатор на темата Креатор на темата Rossonero95
  • Време на започнување Време на започнување
Не се нападнати полициските станици во Тетово и Куманово
http://kurir.mk/makedonija/vesti/181853-Ne-se-napadnati-policiskite-stanici-vo-Tetovo-i-Kumanovo

Никогаш искрени.

За некои случаи кријат , за други преувеличуваат.

Не зборам само за медиумите, туку и за институциите.

Кој ги фрлил, со која цел , тоа ќе видиме понатаму.

Од албанска страна: Многу тензии се кренаа последно време, се отворија многу прашања во јавноста, состојбата во училиштата , нерамномерниот развој, непочитувањето на јазиците, вработените кои седат дома, спомениците , државниот грб ...

Од македонска страна: Македонците за прв пат без политичко влијание се кренаа на поголем протест (студентите) , и најавите за некои "бомби"
 
Последно уредено:
Ете ја познатата тактика на величествените кога народ за нешто ќе крене глава веднаш се предизвикуваат вакви работи, добро проверена тактика им е ова.

Не ми се верува дека некои повикуваат на војна како тоа да е детска игра и уште тоа ни фали на оваа сиромаштија.
 
Иначе утре цело време ќе се зборува за "бомбиве".
Не џабе рекле "политика је курва".
 
И, во 2001 година војници се касапеа, цивили се врзуваа за згради со бомби или беа киднапирани без трага и глас, се гранатираа полициски станици, напаѓаа и убиваа македонски полицајци само поради тоа владата да го одвлече вниманието на обичниот човек од економските проблеми( сарказам).
 
Иначе пред некоја недела пукаја врз зградата на македонската влада...
Ама глеам на МВР тоа не ги интересира.
 
Иначе пред некоја недела пукаја врз зградата на македонската влада...
Ама глеам на МВР тоа не ги интересира.
Постапката е во тек и работат на случајот, што не е јасно?
 
Добро бе а со каква цел е тогаш да фрлаат бомби во дворот на станицата а не во зградата!
Сега камери има на секое ќоше ако "не можат" да ги фатат злосторниците тогаш јасно е.
 
Кој ги фрлил, со која цел , тоа ќе видиме понатаму.

Од албанска страна: Многу тензии се кренаа последно време, се отворија многу прашања во јавноста, состојбата во училиштата , нерамномерниот развој, непочитувањето на јазиците, вработените кои седат дома, спомениците , државниот грб ...

Од македонска страна: Македонците за прв пат без политичко влијание се кренаа на поголем протест (студентите) , и најавите за некои "бомби"

Ај не дека другиве сите се реални а не фингирани проблеми, али и овие кои земаат плата а седат дома озбилно се бунат? :pos:

Второ, ти не ги поддржуваш протестите па што ги именуваш ко македонски?
 
Ај не дека другиве сите се реални а не фингирани проблеми, али и овие кои земаат плата а седат дома озбилно се бунат? :pos:

Второ, ти не ги поддржуваш протестите па што ги именуваш ко македонски?
Он студира на Штулов ,таму има други правила .
 
Постапката е во тек и работат на случајот, што не е јасно?
Барем нека се потрудат да изгледаат како сериозно да ја сфатиле работата.
 
, нерамномерниот развој,
Кој црн развој бе, па нерамномерен да биде...

Ако ова се десило, тогаш тоа е класичен тероризам. па сега албанците ако сакаат да се поистоветуваат со каузата и методите на терористи стварно треба да се утепаат. не знам што повеќе би можеле да бараат кога во 2001 добија употреба на знаме, јазик, пропорционално вработување без разлика на компетенција... така да масовна поддршка на радикални идиоти што фрлаат бомби по станици не би требало да има... али никад се не зна, кога можеа да искочат да ги бранат за Смилковци пред уште да почне процесот... што да очекуваш.

Како и да е тотални морони се сите кои што сакаат војна и пресметки и глупости. Да сме им покажеле... што да им покажеме бе, и наши деца ќе гинат во војна ало.
 
Фрлање бомба во Македонија се смета како апликација за висока политичка позиција. Нели гледате во Дуи функционери не се бидат по компетенции туку по тоа кој бил поголем терорист. Така да подмладокот место да да се фаќа за книга подобро му е да се фаќа за бомби.
 
Немам намера да излезам од темата, само кажав што се врти по медиумите и што е актуелно , што повторно не значи дека тоа се причините за бомбите.

Можат да бидат од некој албански вооружени групи, можат да бидат од државните служби, времето ќе покаже.
Секако симптоматично е што и за претходниот напад врз владата нема ништо.
 
Нели гледате дека секој пат кога има некој важен настан, се нешто се дешава.. се ова е направено(исценирано) се со цел да се спречи најавениот протест на студентите за утре.. можеше и да се очекува вакво нешто се со една цел да се спречи најавениот протест за утре, за тоа дали навистина имало фрлени бомби во Тетово и Куманово сигурно ќе дознаеме утре, зашто вака сите портали пренесуваат различни информации и не можеме да знаеме за сигурно што било, но пак ќе повторам и сигурен сум дека се ова е направено за заплашување на студентите за утрешниот протест.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom