Фрлени се 2 бомби во полициски станици во Куманово и Тетово!

  • Креатор на темата Креатор на темата Rossonero95
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на тоа што бомбите не се фрлени директно кон МВР. Министерството констатира дека се работи за сосема секојдневна појава и не чуствува обврска и потреба да си го троши времето и да ги бара стоителите.

Така во слободен превод може да се протолкува соопштението од МВР
 
За твоја информација МВР излезе со демант дека не се нападнати нивните полициски станици во Тетово и Куманово, а ти сакаш да ги фатат сторителите???:facepalm:

МВР официјално демантира дека се нападнати полициските станици во Тетово и Куманово.
„Пријавено беше дека во близина на полициските станици во овие градови се слушнале експлозии. Екипите веднаш излегоа на терен. Утврдено е дека не се нападнати полициските станици и дека нема никаква штета ниту на полициската станица во Тетово ниту на станицата во Куманово. Увидот се уште трае, а по неговото завршување ќе знаеме точно за што станува збор“ - велат од МВР заPress24.

http://www.press24.mk/mvr-se-oglasi-po-eksploziite-vo-tetovo-i-kumanovo
MВР официјално со што сака нека излага, ама на снимкава од погоре јасно се гледа дека у кругот на ПС е детонацијата.
Ама океј, ваљда за нив е нормално да пукаат бомби у дворот на полициска станица.
 
А бе или нека има војна или нека нема војна...вака досадни се више, ни ваму ни таму. На шо личи ова, некултура белосветска.
 
MВР официјално со што сака нека излага, ама на снимкава од погоре јасно се гледа дека у кругот на ПС е детонацијата.
Ама океј, ваљда за нив е нормално да пукаат бомби у дворот на полициска станица.
На која снимка бе Ивица,што си параноичен ? дали воопшто гледаш ти што има на снимката ? 10 цм на 10 цм дупка во асфалтот,мислиш дека тоа е од бомба ?
 
На која снимка бе Ивица,што си параноичен ? дали воопшто гледаш ти што има на снимката ? 10 цм на 10 цм дупка во асфалтот,мислиш дека тоа е од бомба ?
У право си, бладам.
Дупката сигурно некој јак ебач ја напраел :D
 
Абе немај гајле лејди,имаат греалици у куќарките,не се смрзнуваат.
Имаат стражарница, глава оставам дека толку им е топло што сипаници може да се лечат у таа просторија.

A бе знам оти имаат стражарници и греалици во нив, ама не седат таму. Ептен ретко да видам цајкан седнат у тоа стражатницата. Кога и да поминам, не ги гледам таму. Може не во секоја станица, но во тие што мене ми се успат ги нема.
 
Зависи кога-како и зависи каде.Пример,Беко нема стражарница.Станицата во Аеродром,исто нема стражарница.

А и да бил таму,обично тие се по 10+години во таа стражарница или слично,па сигурно не очекувал дека ќе му фрлат бомба па да биде спремен да направи нешто,макар и да знаел да му се јавиле и да му речат ќе ти фрлиме бомба немал што многу да направи освен да ги застрела,но тоа само на филм се прави.Секој ден,6-7-10 години да седиш у стражарницата и ни петарда да не ти фрлат,и наеднаш бомба,не знам кој би изреагирал посебно,освен супермен и бетмен.
 
A бе знам оти имаат стражарници и греалици во нив, ама не седат таму. Ептен ретко да видам цајкан седнат у тоа стражатницата. Кога и да поминам, не ги гледам таму. Може не во секоја станица, но во тие што мене ми се успат ги нема.
ако не се у стражарница сигурно се у подрум:)
 
Според све кажано до сега ќе да е фрлен динамит.
Инаку стражарницата во Тетово скоро секогаш има полицаец
 
Последно уредено:
Eве кој ги фрлал петардите, некои деца се зезале.
 
УЧК со соопштение презеде одговорност за двете бомби.
http://plusinfo.mk/vest/8031/ona-ja-prezede-odgovornosta-za-bombite-vo-kumanovo-i-vo-tetovo
Како може гласноговорникот на МВРО да лаже дека бомбите немале за цел полициски станици. Во два града, во интервал од 30 минути експлодираат две бомби пред две полициски станици.

Ѝм порачувам на македонските политичари кои имаат полнолетни синови и ќерки, да си ги спремаат децата за во резервна војска, оти овој пат народот нема намера да гине за нивните фотељи.

Останатите, да се потсетите како почна војната во 2001.

 
Ајде ајде нека пропаѓа оваа патетика од држава. А предавниците да ги запалиме на плоштад. Па фино лепо да си заминеме по белиот свет, бидејќи странци во сопствена држава не направија. Ако ми дојде полиција на врата да ме регрутира, ќе ги пукам.
 
УЧК со соопштение презеде одговорност за двете бомби.
http://plusinfo.mk/vest/8031/ona-ja-prezede-odgovornosta-za-bombite-vo-kumanovo-i-vo-tetovo
Како може гласноговорникот на МВРО да лаже дека бомбите немале за цел полициски станици. Во два града, во интервал од 30 минути експлодираат две бомби пред две полициски станици.

Лаже оти мисли дека му веруваме. Инаку сигурно смета дека целта на бомбашите не им биле полициските станици туку тие имале за цел да им ја запушат канализацијата на околните станари фрлајќи бомби во шахти.
 
„Гардата на Илирида“ ја презеде одговорноста за експлозиите во Куманово и Тетово

mkd-165785.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom