Фрлени се 2 бомби во полициски станици во Куманово и Тетово!

  • Креатор на темата Креатор на темата Rossonero95
  • Време на започнување Време на започнување
„Гардата на Илирида“ ја презеде одговорноста за експлозиите во Куманово и Тетово

mkd-165785.jpg

 
Се удараат у груди со туѓ "успех".

Кај беа одма после случувањата да излезат со соопштение,а не после 7 дена ?
 
Илирида не е туку ОНА.

ОНА презема одговорност за експлозиите во Тетово и Куманово

Ослободителната национална армија повторно се враќа на сцена со друго соопштение во кое ја презема одговорноста за нападите со бомби кај полициските станици во Тетово и Куманово, но и на оние во Скопје и Гостивар, иако досега за нив немаше информација дека се случиле.

„Вечерта на 9 декември во 20 часот силите на ОНА координирано стрелаа во близината на полициските станици на Бит Пазар – Скопје, специјалната единица Илинден – Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово“, се наведува во соопштението од ОНА.

Освен соопштението, од истата електронска пошта пристигна и политичка изјава, потпишана од таканаречениот „Командант Куштрими“. Тој вели дека земјата се наоѓа пред нов конфликт и го повикува меѓународниот фактор да се вмеша за да се избегне ескалација на ситуацијата.

„Албанците имаат што да кажат и за името и знамето и за сите државни симболи. Затоа внимавајте со нив во тој процес. Да се ослободат затворените од наместените случаи, а оние кои ги монтирале и поттикнале да се казнат. Им порачуваме на политичките псевдопартиски празни зборови од типот на интернет јунаците и безнадежните политички прокламации, да не ги употребуваат и да не ѝ служат свесно на шовинистичката арогантна власт во Македонија“, стои во продолжение на текстот.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека истрагата во врска со експлозиите во близина на полициските станици сè уште трае и досега не е потврдено дали токму полициските станици биле цел на нападите.

Од МВР не сакаат да ги коментираат ваквите анонимни пријави, но велат дека сериозно ќе ја разгледаат секоја хипотеза. Слично соопштение потпишано од таканаречениот Куштрими им беше испратено на медиумите и пред неколку недели, кога истата личност која се претставува во името на ОНА, ја презема одговорноста за нападот со проектил врз зградата на Владата.

По оваа изјава, полицијата покрена истрага за да го најде испраќачот на електронската порака, но официјално досега нема резултати. Како за експлозиите во близина на полициските станици, така и за нападот со проектил врз Владата, полицијата засега не ги објави ниту можните мотиви, ниту пак можните сторители.

http://alsat.mk/index.php/vesti/od_...ност-за-експлозиите-во-тетово-и-куманово.html
 
Се удараат у груди со туѓ "успех".

Кај беа одма после случувањата да излезат со соопштение,а не после 7 дена ?
Па добро сега треба време да се состави, па да се искуца...Ипак цела страна е во прашање. Плус со ситен проред.

И пак му фаљи точка на крај :D.
 
Па добро сега треба време да се состави, па да се искуца...Ипак цела страна е во прашање. Плус со ситен проред.

И пак му фаљи точка на крај :D.

Можда намерно,дека не е крај...:P
 
На Велики Петок: Експлозија пред Владата во Скопје

vladanovi20156.jpg


Силна детонација вечерва околу 21 часот се слушнала пред зградата на Владата. Извори на Press24 во МВР велат дека екипи на антитероризам веднаш излегле на терен. Од извршениот увид пронајдено е местото каде што експлодирала се уште непознатата експлозивна направа.
Станува збор за тревната површина во делот кон реката Вардар на страната кон споменикот 13 ноември на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата.
Од МВР и официјално потврдуваат дека е пријавен ваков случај. Од таму велат дека екипите се на терен и дека се подигнуваат остатоци за вештачење. Според официјалните информации нема повредени и не е предизвикана никаква материјална штета.

Експлозијата се случува на Велики Петок, два дена пред најголемиот христијански празник Велигден.
Црна Хроника
10.04.2015 - 22:39

http://press24.mk/na-veliki-petok-eksplozija-pred-vladata-vo-skopje
 
Добро бе што е работата,сериозно?
 
Народот веќе некое време беше ослободен од него. Сега е повторно време да се врати стравот меѓу и во нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom