Поради тоа што сум пушач и си пушам во станот, затоа си користам освежувач. Си проветрувам постојано, но со оглед на тоа што надвор или има запален контејнер или комшивката пржи кромид на тераса, немам многу опции.

Прво бев навлечена на овој
И се уште си го користам кога ќе налетам на него (но со тек на време се заситуваш и сакаш нешто ново)
Потоа налетав на свеќите. Се продаваа две во пакување за 160 денари
Нешто прекрасно, ем прави атмосфера, ем ако ти дојдат гости пушачи ја палиш и колку толку се неутрализира чадот. (после пак треба да проветриш се разбира, но барем додека горат мирисат убаво и јако)
Наредно нешто кое навистина ме изненади (само не се задржуваше долго) и беше за освежување на ткаенини (како покривка или завеси)
Да се разбереме, пак треба да ги исперете и завесите и покривките, не може само со ова да ги прскате....
И последно нешто што моментално го користам и мислам дека најмногу ми помага со чадот и мирисот од цигарите е ова
Мислам дека апаратчево ќе го користам многу долго. Сега имам анти тобако спреј внатре, но кога ќе го истрошам ќе си купам Flor fragrance, навлечена сум на мирисот.
