Книга по која ќе ја паметите 2014 година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
Најкајганџии, најпостови, најаватари, најфилмови, најпесни... Изминувањето на годината само по себе наметнува вакви избори и ретроспективи. А на форумов се особено популарни. Па да не останеме и ние покусо, да избереме најкнига на годината. :)

Или...

Која е најдобрата книга што ја прочитавте годинава?

Што особено ви остави впечаток за да ја оддвоите?

Кој или што ве натера да ја прочитате?

Итн. итн. итн.

Кажете си сè што ви лежи на душа (кратка рецензија за книгата, цитати, впечатливи ликови), да не биде само името на авторот и насловот.
 
Sex, Drugs, Ratt & Roll: My Life in Rock

ќе ја паметам бидејќи ми е единствена книга во 2014, но и секако беше прилично интересна. Станува збор за пеачот на RATT, раскажува за својот живот, како станале познати, како се распаднале и се вратиле на пат... вакви книги претпоставувам има мал милион но ете мене сепак ми беше доста интересна..
 
Во поглед на бројот на прочитани книги не можам да се пофалам, бидејќи неодамна пројавив интерес за читање на книги, но можам да кажам дека добар впечаток ми остави книгата Морскиот волк од Џек Лондон.

Како лик ми остави впечаток Волф Ларсен како карактер, иако беше груб, суров, вистински волк кој ги јаде сите за доручек и беше свесен дека светот не го поднесува. Имаше интересен цитат, но не можам да ви го напишам потполно идентичен, но беше во стил демек сеачот додека одел на сеење, од вреќата паднало некое зрно на тешко обработлива земја и полна со камења и бодликави растенија. Епа тоа бил Волф Ларсен.

Од книгата извлеков заклучок дека додека не осетиме на своја кожа болка, тежина и не се осамостоиме како личност нема реално да ги цениме парите.
 
Клариса од Ричардсон
Интересна поради константната присутност на жганот кој што со грабеж од сиромашните и немоќните ги градат империите, интересна и поради самиот факт дека тој шлајм од луѓе од секогаш биле марзени од оние кој што работеле за нив, и од секогаш биле презирани од оние кој што биле наднив, посебно е интересен моментот кога буквално ја принудуваат нивната ќерка на доживотна проституција ( брак ) само за да успеат да се искачат на едно скалило повисоко, додека нивната ќеркичка се обидува да избега за друг исто така богат момак кој што исто така не го сака али мисли дека него може да го манипулира .
И тогаш и сега важи пази се од покондурчен опинок.
Симптоматично е тоа што денешниве транзициони богаташи перфектно се фклопуваат во книгата, иако има дистанца од неколку векови, некој работи се безвременски.
 
109-coelho-river-piedra.JPEG


Алхемичарот - Пауло Коељо

Не прочитав голем број книги, некаде околу 10 годинава но затоа почнав да ги читам делата на Коељо кој после првата книга што ја прочитав го засакав. Книгата е одлична, приказната истотака добра, особено крајот на книгата ми се допадна. Коељо опфаќа и религија во сите негови книги, во оваа истотака преовладуваше жанрот религија. Книгава ја зедов од еден стар човек, тој ми ја препорача и рече дека сигурно ќе ми се допадне.
 
Gatsby_1925_jacket.gif

Големиот Гетсби - Френсис Скот Фицџералд

Највеќе ми се допадна крајот бидејќи ме натера да размислувам повеќе од другите книги што ги прочитав,а и фан сум на вакви книги кои донекаде обработуваат егзистенцијални прашања.
Ја планирав оддамна да ја прочитам така да не ми ја препорача никој.
Препорачајте некои книги во пп слични на оваа и на Странецот:)
 
Ugh оваа година ако се цели на квантитетот ( :D ), би рекол дека е најслаба од сите со некои помалку од 20 прочитани книги, така да изборот е потесен. Од друга страна годинава изобилуваше со квалитетни парчиња, затоа што повеќето што ми се допадна го прочитав до крај, додека тоа што не, бев принуден да го прекинам па дури и кога сум стигнал на повеќе од половина од годината.
Убаво започна годината со Белиот Тигар, Источно од границата, Прашај ја правта и .. Ако една зимска ноќ некој патник... по што следуваше 3-4 книшки (по 100на страни) кои беа губење време (Пиксел, Амстердам, Интимност) за да после повторно тргне со Ремарк и Барико и Барнс (Рај не зна за миљенике, Мистер Гвин, Артур и Џорџ). Во интермецото некаде друштво ми правеше Самса Грегор, иако мислам дека е малку преценет. И една чудна книга-мозаик на 4 различни животни прикаски секоја во тесна врска - Николски. За крај ко кец на десетка ми дојдоа „Ништо“ и „Недоразбирање“ за кои се` уште ме држи мајата.
Да бев прошлата година на темава ќе бев повеќе одлучен бидејќи тогаш знаев што точно ми се допадна. Оваа година доста конфузно шетав со стиловите, вкусовите и некако недефинирано би оценил нешто што ја одбележало оваа година.
Секако Белиот тигар би го ставил во првата петорка, затоа што знам го читав некаде во јануари. а штом до сега ми се врежани некои слики од книгата, тогаш сигурно ми го направил ќефот.
Артур и Џорџ... Или една биографска сторија за еден од моите омилени писатели на крими романи. Кога ја читав книгата, очекував поради неговата (Артуровата) методичност во книгите да биде еден здодевен монотон тип, испадна многу повеќе од една детективска приказна.
Ако една зимска ноќ.... Или шизото со испревртен ум, кој навлегува во порите на читателот и де му ја уништува де му ја поттикнува имагинацијата. Толку се нервирав, што на моменти сакав да ја прекинам да ја читам. Ама... тоа е со тие постмодернисти, ко пијавици ти ја цицаат енергијата и уште ти пркосно у хор ти викаат „Ајде, читај ме будало, знаеш дека сеуште не си го видел најдоброто!“
Барико (Мистер Гвин) ми легна. Тоа што можеше Калвино да ме напизди, не го стори другиов. Што знам... можеби затоа што оваа книга му беше полесна за конзумирање. Па пак уживав.
Мураками ми се допадна. Веднаш после овие постмодернисти некако ми легна книгава и ја исчитав во еден здив.
Ништо од Кармен Лафорет. Случајно си ја купив чисто онака пошо Барса, книги, повоена тематика. Зафоновски егзистенционализам. Зафон го знаете така? Е ова е боље. Затоа што покрај главниот протагонист ја опишува и општата поврзаност на многу ликови во различни периоди во животот. А се` толку убаво скоцкано, нема хаос, нема нелогични преклопи. Се` има своја причина и мотив за лична егзистенција.
А бе глеам забегав, а не можам некако да се решам на една од овие што посебно ги набројав.
Го забораив Ремарк. Ете толку.... ::unsure:
 
The Shock Doctrine: The Rise of Disaster Capitalism - Naomi Klein

Краток осврт на тоа како нео-либералниот капитализам (или т.н капитализам на катастрофите) земал замав во светот, почнувајќи од Пиноче па се до Ирак.
Секој кој сака подлабоко да нурне во позадината на настаните низ светот би требало да ја прочита.
Инаку ја добив на подарок
 
2014-09-12 16.36.34.jpg
- 2001-та – КЛУЧЕН КАМЕН ВО МОЗАИКОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА КОН
МАКЕДОНИЈА

ДРАГОЦЕНИ СВЕДОШТВА НА ГЕНЕРАЛ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

24. За целосно да се сфати американската улога во војната во 2001-та, мора да се прочита книгата „Сведоштва" на покојниот генерал Панде Петровски (Битола, „Киро Дандаро", 2006). Тој дава исклучително значајна димензија на американскиот однос кон Македонија, која не остава никакви дилеми. Петровски е учесник во војната од 2001 година. Цитатите од книгата разјаснуваат многу работи.

24. 1. „...Тогашната влада на Македонија потпиша договор со САД, односно со МПРИ, тим на инструктори, пензионирани воени ветерани од САД...", пишува Петровски, на страница 7, и продолжува – „МПРИ предложи свој план за реорганизација на АРМ – кој од Генералштабот и Министерството за одбрана не беше прифатен. Според предлогот, Македонија требаше да има армија со една бригада – т.н. лесна пешадиска бригада – со два лесни баталјони и дел од специјалните единици (да нема артилерија, оклопни едници, воздухопловство итн.)".

И без да се биде воен експерт, меродавно може да се заклучи дека генералот Петровски ни порачува дека предлогот на МПРИ значел Македонија, всушност – да нема сопствена армија! Тоа открива суштински елементи на американската стратегија кон земјата бидејќи зад МПРИ стои американското Министерство за одбрана. Така се затвора кругот: земјата ја подготвуваат за пораз во 2001-та.

24. 2. На истата страница (7), Петровски констатира: „Набргу по тоа, односно во јануари 2000, беа пензионирани околку 500 старешини меѓу кои и сите генерали, т.н. ‘кочничари’ на реформите". ...„По нивното заминување во пензија, бил прифатен одбиениот план за реорганизација на АРМ, предложен од тимот на МПРИ, и во 2000 година отпочнала неговата реализација, под нивна контрола".

Како и зошто тоа се правеше, генералот го објаснува на стр. 8, каде вели: „На почетокот од 2001-та, пред кризата, АРМ беше во завршна фаза на преформирање, односно ‘расформирање’ (3. АК, расформиран, 2. АК – битолски во фаза на расформирање, тенковските и артилерските единици расформирани, воздухопловството расформирано), граничната бригада во фаза на формирање...". Со други зборови, МПРИ подготви сè за војната „успешно" да започне.

24. 3. Во групата пензиниорани генерали бил и Панде Петровски. Меѓутоа, кога започна војната со наши несфатливи грешки и порази, претседателот Борис Трајковски побарал тој да се реактивира. Изненаден од гестот, во погодна пригода, Панде го прашал Борис – „Зошто ме пензиониравте, претседателе, кога немав услови за тоа?" Очигледно искрено, Трајковски му одговорил (стр. 15) – „Генерале, кога станав претседател, не ве познавав вас генералите. Ричард Грифитс, генерал-мајор од САД (шеф на МПРИ, во Скопје) ми донесе список кој на која должност да биде, а кој да биден пензиониран. Јас го потпишав списокот".

И не само што Грифитс пензионирал 500 (нај)искусни старешни туку и погрешни луѓе поставил на челните позиции во Генералштабот – за началник бил поставен инженерец, а за негов заменик – интендант! Сите овие потези на МПРИ и на Грифитс немаат друга квалификација, освен, директна саботажа! Однатре.

Во целина, невиден американски безобразлук! Сепак, грешката и вината се наши. Сме дозволиле таков однос.

25. Книгата „Сведоштва", на генерал Петровски, дава драгоцени податоци околу војната во 2001 година и улогата на главните фактори. На стр. 160 пишува дека „на 21 јули 2001 год. хеликоптер на КФОР SH-47 во 16,45 до 17,05 часот во Шипковица слета и истовари опрема и луѓе, во исто време хеликоптер SH-47 слета и во с. Бродец..."; „на 25 јули 2001 во 13,53 до 14,30 ч. хеликоптери на КФОР SH-47 и SH-53 слетале во с. Бродец. Сите овие слетувања на КФОР не беа најавувани од нивна страна..."; „Во суштина тоа беа подготовки од КФОР за пребазирање на командното место на т.н. ОНА од Призрен во Шипковица..."; „Во разговорот, кога му посочив некои факти, дека сепак КФОР го префрла командното место на т. н. ОНА од Призрен во Шипковица (генерал Ланге од командата на НАТО во Македонија) само ми одговори: „Вие сте во право, но сфатeте ме дека јас сум професионалец и одвај чекам да заминам во пензија’"!

25. 1. Интересно е кажувањето на генерал Петровски и за однесување на Американецот Питер Фејт, кој фигурираше како личен претставник на генсекот на НАТО. На стр. 122, тој ни обелоденува – „Фејт директно контактираше пред сè со претседателот на РМ и настапуваше доста арогантно, па дури и дрско и ултимативно, што ми беше многу чудно. Во една прилика, пред целиот државен врв го прашав – господине Фејт, Вие да не сте командант на т.н. ОНА, што со толкава сигурност тврдите?" – а се работело за прекин на огнот. Можеби и несвесно, генералот ја погодил улогата на Фејт и неговите пајташи. Токму таква била нивната улога.

25. 2. Заслужува внимание и делот сврзан со операцијата во Арачиново. Откако безбедносните сили навлегле длабоко во селото и било само прашање на време кога ќе ги исчистат терористите, во близина на селото прво били пронајдени двајца ранети – Американци (стр. 107)!

Потоа, на 25 јуни, генералот бил кај претседателот Трајковски, кој го информирал дека НАТО ќе ги извлечел терористите од Арачиново. Генералот му одговорил – „Добро, но ние ќе продолжиме со нападот сè додека не се создадат услови за извлекување. Не, (реагирал претседателот) Робертсон (генсек на НАТО) ми кажа дека има нивни 30 лица таму во Арачиново!?! Го гледав претседателот (пишува Петровски) и не можев да го разберам. Кои се тие луѓе, го прашав? Од каде дошле во Арачиново? Не знам, му вратил Трајковски, но ми вети (Робертсон, нели) дека ќе ми даде список на тие луѓе!?!"

25. 2. 1. Каква непростива, катастрофална грешка! Во војна, врховниот командант на армијата на Македонија е информиран дека во место кое е опколено од неговите сили, меѓу агресорите има и „30 луѓе" на НАТО! Американци, се разбира. Тоа не му го соопштува никој друг, туку генсекот на алијансата!?! Тоа е доволно за претседателот на државата кој е, нели, и врховен командант, да преземе сè што е потребно за спасување на „заскитаните" наши „партнери"! Сигурно ја утнале страната!?! На сметка на фундаменталните интереси на сопствената земја, во воена операција која е клучна во војната која се води против агресорите, врховниот командант наредува нивна евакуација заедно со нивните американски сојузници! Според горното сведоштво, претседателот не прашал ни кои се тие, ни што бараат таму, туку само „обезбедува", се договара да му пратат список! Нормално, по операцијата за спасување.

Што мислат читателите – дали, по евакуацијата на американските платеници, по завршената работа за нив, некој му доставил таков список на претседателот? Дури и ако му пратил – за што (ни) послужил тој? Можеби, намерата била да им се испрати некаква благодарница?...

Сè е јасно – сме испаднале неподносливо недоветни. Си играле со нас како со последни шушумиги.

25. 2. 2. За сè да биде појасно и неспорно, кога се подготвувало Арачиново, Трајковски го известил Петровски дека операцијата има ограничено време до два дена (стр. 101). Генералот не го сфатил претседателот – зошто само два дена, ние ќе одлучиме колку дена, му рекол. „Толку ни даде Робертсон", му вратил Трајковски!

Кога ќе се стават во контекст ова и претходното („30 нивни лица") – сè станува кристално јасно. Кој бил менаџерот и на Арачиново и на целата војна од 2001-та. Робертсон се вклучил во вториот дел, по петтото соопштение на ОНА, кога таа стана „хуманитарна" приказна (за деца). Претходно, тој беше надвор од супертајните операции.

Поширок коментар не е потребен. На едната страна имало слонови, на другата – мравки. Ситни, ситни, ситни...

25. 3. Во книгата „Сведоштва", на стр. 77/78, има уште еден важен податок. Во средината на мај 2001, претседателот му наредил на генералот да прифати некојси Дејвид Фоли, кој бил со дипломатско возило со уште две лица, и да го пушти во село Слупчане, наводно да преговара за извлекување на цивилите. И, еве што вели Петровски: „Наредив Д. Фоли да се следи со мои луѓе тајно кога ќе влегува во Слупчане и таму кој ќе го пречека. Истиот ден го добив следниот извештај – на влезот во селото го дочекале три лица со бради во униформи од УЧК, со секого се поздравил, се прегрнал и избакнал...".

Што да кажеме, освен – сигурно се знаеле од студии...

25. 4. Генералот Петровски дава и други исклучително важни сведоштва. На пример, на стр. 195, тој опишува како, при крајот на војната, НАТО инсистирал за повлекување на тешкото вооружување од кризните региони, особено на тенковскиот баталјон Т-22 кој беше набавен од Украина. „Знаејќи ја борбената моќ на оваа единица", пишува тој, „НАТО бараше по секоја цена баталјонот да биде дислоциран во Струмица. Со секојдневни притисоци од НАТО претседателот на РМ одлучи и нареди Тенковскиот баталјон со комплет стратешински и војнички состав да се дислоцира таму. За секое напуштање и на еден тенк од Струмица мораше да се бара одобрение од НАТО"!?!

25. 5. Иако било неспорно дека терористите воено релативно лесно можат да се уништат, претседателот Трајковски „уште на 14 јуни 2001 испратил писмо до генсекот на НАТО од кој побарал помош за разрешување на кризата" (стр. 98). Началникот на ГШ за тоа дознал на 5 јули 2001-та.

И само овој податок е доволен за да се заклучи што сè, и како се случувало во Македонија во 2001-та.

Како во приказните – помош сме барале од егзекуторот!

25. 6. Сеќавањата од 2001-та зборуваат дека тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, се залагаше за прогласување на воена состојба. Од книгата „Сведоштва" станува јасно дека една таква одлука бргу ќе ја завршела работата. Ако било така, а така било, се наметнува прашањето – зошто до тоа и не дојде? Поточно – кои беа противниците? Не е спорно дека САД и нејзините сателити биле жестоко против таква мерка бидејќи така, релативно лесно, би се елиминирала ОНА. А тоа, во никој случај, не смеело да се дозволи.

25. 6. 1. Горното залагање на Георгиевски го потврдува и генерал Панде Петровски, но изнесува факти кои говорат за суштински разлики меѓу неговите зборови и дела (стр. 136): „Откако ќе се отпочнеше со воената операција, премиерот, пред истата да биде прекината, ќе дојдеше на командно место, а после ќе се прекинеше операцијата – класичен пример воената операција во Кумановско и Арачиново. Премиерот и некои околу него јавно се залагаа кризата да се решава со воени средства, а откако ќе се прекинеа операциите, не реагираа зошто се прекинале"!

Инаку, тој нема дилеми за ставот на претседателот Трајковски кој, според него (стр. 136) – „секогаш се залагаше кризата да се решава со политички средства и со поддршка на НАТО, ЕУ и ОБСЕ...". Тоа, најверојатно, бил и нашиот најголем хендикеп во војната. Тој што треба да ја води, смета дека – не треба да се води!

Ова се драгоцени податоци за историчарите.

26. Не е спорно дека претседателот Борис Трајковски беше чесен човек и патриот за што постојат и лични сеќавања. Ама, за голема жал, тој беше жртва на махинациите кои на Балканот ги правеше единствената велесила. Генералот Грифитс преку МПРИ, Роберт Фровик преку ОБСЕ, Пердју, Фејт и другите „олеснувачи" и „експерти", најчесто од редовите на ЦИА и други слични служби, спроведуваа јасно дефинирана американска политика, која беше погубна за земјата. А нашите им веруваа и ги следеа. Посебно – претседателот.

26. 1. Со добра намера, несвесен за големата игра во која е вовлечен, Трајковски очигледно беспоговорно ги следеше американските инструкции. А Вашингтон, бескрупулозно го искористи. Точно како што илустрира и генералот Петровски, со пензионирањето на плејада врвни воени старешини и поставувањето лица со неадекватни профили на главните функции во Генералштабот. Штетите кои следеа се огромни и непоправливи.

Трајковски премногу знаеше. Дали еден ден можеше да биде сведок за нечии недела и политички злоупотреби? Новинарката Лупевска, во ТВ емисијата КОД на Канал 5, на 26 февруари 2012 година, информираше дека – непосредно пред смртта, Трајковски рекол дека ќе ја кажел вистината за Косово! Дали самиот си пресудил?

26. 2. На стр. 175, генерал Панде Петровски заклучува – „Не сум сигурен кој ја планираше воената криза во РМ. Меѓутоа, кој и зошто ја контролираше и кој и зошто не дозволуваше истата да се разреши со воени средства беше повеќе од очигледно. Армијата сигурно не е...". На стр. 204 тој вели – „Бевме попречувани во секоја воена операција"!
 
Пошта од Буковски. Оваа година целосно ми ја одбележа Буковски. И поезијата и прозата. Почнав неговата поезија да ја читам по нет, па купив неколку книги. Од се досега прочитано од Буковски, Пошта ми остави најсилен впечаток, одлично е претставена сликата за животот во тотална мизерија. Цитати не памтам, ама при крајот од книгата во еден расказ имаше обид за самоубиство со кујнски нож, многу силно беше пренесен целиот момент. Така што 2014=Хенри Кинаски.

posta.000.jpg

Записи од подезмјето би ја додал, и графичката новела Корто Малтезе која за жал морав да ја прекинам (и тоа на Balada o slanom moru) зашто ми почна колоквиумска недела...
 
"Гордост и предрасуди“ - Џејн Остин

“Гордост и предрасуди“ долго време ми е една од омилените книги, но 2014 година секогаш ќе ја паметам по Дарси и Елизабет. Иако одамна прочитана и секогаш најсакана, оваа книга ми се најде во година која и не ми беше баш една од најдобрите години.

Завлегов во еден, да кажам, лош период и решив да ја препрочитам “Гордост и предрасуди“ за малку да се релаксирам, а и да се потсетам на една од моите омилени приказни. Овој пат, по препрочитувањето, не само што ја зацврсти својата позиција како една од моите омилени книги, тука стана моја најомилена книга, без никакво двоумење и не верувам дека некогаш некоја книга ќе го земе нејзиното место.

Во период на сивило, збунетост и проблеми, Дарси, Елизабет, Бингли, Џејн и останатите јунаци ми помогнаа да заборавам на проблемите, да влезам во друг свет и пред се, да се инспирирам.

Книгата ме инспирираше, ме смееше, дури и ме расплака, побуди емоции кај мене, емоции кои одамна ги немаше, затоа што апатија и рамнодушност ме следеа со месеци.

Приказната се разбира е најпрекрасна и секогаш сум ја обожавала, но овој пат читањето на оваа книга беше некако поразлично и различно влијаеше на мене.

Се смеат кога некој ќе каже дека книга може да ти го промени животот. Можеби не може да ти го промени целиот живот, ама ќе ти даде светлина кога се околу тебе е мрачно, ќе ти понуди утеха кога другите не можат и ќе биде покрај тебе без да те прекорува и соли памет. Книгата може да биде тивок спасител, за мене тоа беше оваа книга.

Тоа го направи “Гордост и предрасуди“ за мене годинава и затоа 2014 колку и да е една од најодвратните години со кои сум се соочила во овој мој релативно краток живот, “Гордост и предрасуди“ ќе биде една од ретките светли точки по кои ќе ја паметам оваа година, а Џејн Остин ќе биде доживотно моја инспирација.

Знам дека можеби некому ќе звучи смешно, но, мене не ми е грижа, ама ни најмалку.

Прочитав многу книги годинава, некои од нив прекрасни, на кои со задоволство ќе им се враќам, некои никогаш повеќе нема да ги земам во рака да ги читам, но оваа книга ми ја одбележа годината, затоа и само неа ја споменувам.
 
Од она што го прочитав се одлучив за две кои ми оставија впечаток и ме допреа доста емотивно.

Ерих Марија Ремарк - Љуби го ближниот свој (англиската верзија е преведена како Flotsam)
Уште еден од генијалните романи на Ремарк. Повторно тие неверојани пејсажи кои минуваат низ книгата, незаменливите дијалози и монолози. Описот на ликовите, нивното доловување, некои ти стануваат толку омилени што се чувствуваш пријателски расположен како да влегуваш во книгата каде ликот пие коњак во кафана и сакаш да седнеш до него да муабетите. Некои пак се толку одбивни.
Темата на романот е војната (типично за Ремарк) неколку личности: младиот Керн, неговата љубов Рут и омилениот Јозеф Стајнер.
Неколку емигранти кои ја напуштаат нацистичка Германија и бегаат низ цела Европа. Преживуваат, се снаоѓаат, фалсифукуваат пасоши само да не бидат октриени и вратени назад во Германија каде режимот е немилосрден кон оние кои не сакаат да потпаднат под влијание на лудите идеи на нацистите. Таму каде што се отркиени се казнувани со притвор и депортирани од државата и не смеат повторно да се вратат. Во еден момент Керн и Рут се разделуваат од Јозеф и почнуваат да патуваат барајќи безбедни локации, а по извесен период повторно се наоѓаат. Целиот пат е борба за живот, спиење по пансиони и криење од властите. Книгата е полна со животни лекции, епски дијалози и неверојатна борба со самите себе. Нема да го откривам крајот, не сакам да Ви ја расипам приказната.

Влада Урошевиќ - Детство, лето, град
Почнав интензивно да навлегувам во делата на легендарниот Урошевиќ. Си дадов за задача да прочитам се што има напишано. По препорака ја земав оваа книга и не згрешив. Почетокот беше одличен, впечатокот од запознавање со неговите дела голем.
Урошевиќ посветува големо внимание на еден период од животот на секој човек, а тоа е детството. Оние безгрижни денови, кога мерењата на улицата, друштвените игри и сознавањето на непознатото и љубопитното истражување ни беше единствената и главна преокупација.
Како временска машина се вратив назад и го почувствувам мирисот на јадењата, меморијата ја освежив со сите тие детски игри и палавите работи својствени за тој период. Има еден многу интересен и моќен расказ „Ноќ на полна месечина над Скопје“ (од таму е и овој мој омилен цитат: Да се легне среде Плоштадот е најдобар начин да се почувствува тркалезноста на Земјата) кога се чита ви доаѓа да направите една мапа и да ги посетите сите места кои ги навел, па внимателно и детално да ги видите, да ги почувствувате мирисите и да се потсетите дека тој период на безгрижност никогаш не ќе се врати повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom