Резултат од утакмицата денес со Ѓорче ??
Тепаја амазонките,23-21..
Играта очај,да не речам мизерија...
На кое дереџе дојде ракометот во Македонија не ми се верва....
Кога ова беа 4та и 5та екипа на табела шо да се кажи за другите...

Околу утакмицата...
Цело време губевме во првото,реално подобри беа Ѓорче.добри во одбрана,добро затвораа..
На нашите топката од раце му паѓаше..
Неам видено во 20 и кусур години гледање утакмици некој да напрајл толку технички грешки

..
Освен Мурговска(за чушето свака част)

другите прво треба да ги повторат лекциите од 1во одделение
ПОДАВАЊЕ,ВОДЕЊЕ ТОПКА И УКРСТУВАЊЕ...
Да се здрави и живи судиите шо судеа цело време апла за нас,иначе ни ќе тепаа ни ништо..
Ниедно исклучување немавме..

Нон стоп ни толерираа пасивни напади,по 2 минути напаѓавме,не знаеја кај терат,еден куп ситуации кога проигруваа нашите амазонки наместо в рака топката ја даваа долу и ги маваше в нога..
Едно 3,4 топки требаше да ни земат сигурно...
Џабе толку му караја од публика,посебно Јовче од Тера снимателот,ака Јовче
ЈАБАДАБАДУ
..
Јовче 1.70
и 50 кила,судијата во стомакот поголем од Јовче...
Срциња си беа судиите..
Вакви судења(макар и пола од ова денес)да имавме со машкиот тим,ќе освоевме 16 титули не само 6...
Очај прво полувреме,а имавме 2,3 ситуации со играч плус и не успеваа ништо да напрат,дури и примаја голој,на полувреме беше 11-13,и то со пацерски гол на Мурговска,отко немаше појќе време за напад,и успеа на непоставена зона да си шутни од 9 метри и да одиме со -2 на полувреме......

Од друга страна Скопските шмизли беа поорганизирани во првото,како само не работеа и ни праеја вишоци(на 6-0 одбрана)

..
Арно Шијакова влегваше во шутот и скина некој зицер,зошто беа тешки позиции иначе лошо ќе беше....
Второ полувреме иста песна,пак цело време бркавме,и така се до 45 минута,кога судиите повторно стапија на сцена

Ја исклучија плејмкерката на Ѓорче,два пати по 2 минути....

Шо чупе беше,по,по,тенк,ко ќофте набиено....
И почна да брчи по судиите вака-така ме исклучија и ајт уште две минути батето,и плус една легенда од публика му истури шише со вода...

Па после идат судите и се чудеа зошто не се суши паркето,па ги викнаја нашите да
СРЕДАТ,овие кутрите немаја чоек да го бриши паркетот...
ДАДИ ВРАТИ СЕ,ДАДИ....
И 5 минути чекаја крпа да најдат...

Ко сме кај
НЕСЛУЖБЕНИОТ ДЕЛ.како службено лице на нашата клупа Жаре-Бт...

(екс тапанарот на Битолските Чкембари,моментално видна личност во владејачката партија)...Да не останат покусо од машкиот клуб,и во женскиот си кладоја
свои кадри...
Е дури сега знам дека и ЖРК Пелистер не тера далеку...

Да се вратам на мечот,доста со спамој....

И отко ја исклучија девојката набиена како ќофте(ако не се лажам ова чупе го имам видено и порано,дали во Феникс играше не сум сигурен,ама позната ми е).....ги стигнавме..
Одма од -3 се вратија на нерешено,и мечот доби друг тек..
Се тргачевме така гол за гол,се до 20-20,негде 5 минути до крај...
И пак судиите ни дадоја поклон(две минути за скопјанките)додуша и беше исклучвање,ја отепаја Мурговска,му се бесеа на врат(салам ќотек истрпи чупето,браос,салам амазонка е)...

и тогаш ги скршивме,заводивме,па овие се гуеба во напад,не можеа напад да состават....
Имаше едно бате на трибини,му маваше на оградата ко напаѓаја,и овие кутрите се плашеа и му се одземаше вниманието..

И толку беше ги решивме на крај,добра одбрана,се затворија бекојте(посебно левиот бек)и мораја да вртат по крила,посебно то левото крило еден куп топки изгуби,десното беше подобро...
И то шо ќе поминеше по десно крило,на крај го фати Шијакова,и ги тепавме...

На крај славје небаре се врати шампионска титула во Битола,колку е само гладна публиката за ракомет,ама џабе,ко нема кој да го врати спортот во градот....
На трибини имаше и 10-15 Чкембари,добри беа дечките,не застанаја од навивање цело време.посебно на крај...

Како и да е,како за прва сезона после толку години супер е пласманот,макар и во ваква боса лига...
Ама чим се меша партијата не типувам дека ќе опстојат долго време...
