А1 ТВ се враќа во етерот но како локална телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Кој се лажит дека во ова денешно време може да отвориш медиум кој ќе ја критикува власта, и овие само името го користат а сите се вемеровци, ги знам.
 
Имаше најава дека ќе има нова регионална телевизија која ќе зрачи од Битола,дали има некој нешто поопширно околу оваа??
 
Кој се лажит дека во ова денешно време може да отвориш медиум кој ќе ја критикува власта, и овие само името го користат а сите се вемеровци, ги знам.
Какво критикување бе другар, тоа ти се само така обични емитери, дудлачи и многу веројатно перални за пари (иако не го разбирам тоа перење најдобро).
 
Некаде има ли листа во кој градови ќе има нови регионални тв канали ?
 
Па вакво студио за вести и програма немаат ни националните телевизии!
telekanala1-2.jpg


Телеканал А1 е името на новата регионална телевизија која од денеска почна со работа. Струмица Денес екслузивно ги доби фотографиите од студиото во Струмица. Студиото е стационирано во Струмица, а ќе зрачи и во Радовиш, Конче, Валандово, Василево, Ново Село, Босилово, Дојран, Гевгелија, Богданци. Телевизијата е сместена во простор од 180 метри квадратни и располага со најсовремена технологија, а во етер ќе зрачи во HD резолуција.

telekanala1-4.jpg


Новинарскиот тим е составен од млад и креативен кадар. Телевизијата располага и со комплетен тим на професионални графичари, тонци, монтажери, режисери и сниматели. Уредник на информативната програма е долгогодишната новинарка Катерина Дафчева, чии професионални искуства започнуваат во Телевизија Прилеп, па продолжуваат во националната МТВ каде моментално е дописник од регионот. Претходните неколку години работела како новинар во регионалната ВИС Телевизија. Телеканал А1 ќе има и дописнички студија од Радовиш, Гевгелија и Валандово.


Каналот ќе понуди богата информативна и забавна програма за сите возрасти, која се разликува од сите останати во регионот. Информациите од областа на бизнисот, спортот, културата и забавата ќе бидат од регионален карактер. Вестите и репортажите секогаш ќе тежат да дојдат до вистината.

Гледачите програманата може да ја гледат преку Боом ТВ и Т-Хоме операторите, а во следните неколку дена ќе може да ја гледат и корисниците на другите оператори

Со Телеканал А1 се зголемува конкуренцијата на Кобра, Еми, Нова, Вис и Интел, телевизии во Југоистоисточниот регион.

telekanala1-3.jpg


*извор:http://strumicadenes.mk/nova-regionalna-televizija-se-otvori-vo-strumica/
 
Последно уредено:
И Тетово доби нова телевизија т.е поранешната Менада сега стана Ултра телевизија.

Најавуваат Наскоро добри филмови дека ќе има, а ќе ја даваат и серијата Шерлок Холмс.
 
И Тетово доби нова телевизија т.е поранешната Менада сега стана Ултра телевизија.

Најавуваат Наскоро добри филмови дека ќе има, а ќе ја даваат и серијата Шерлок Холмс.

ќе ја пуштат на макс тв?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom