Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Најголемото криминално дувло во земјата не одобрува пари за малата Тамара.


МОЛК ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ТАМАРА ДИМОВСКА
  • tamara.jpg

    Молк од институциите по објавувањето на сторијата за 10 годишната Тамара Димовска, на која и се заканува траен инвалидитет. Од Фондот за здравство каде се води постапката за одобрување пари за лекување во странство не сакаат да ја коментираат негативната одлука на Второстепената комисија. Ниту од кабинетот на министерот за здравство Никола Тодоров не одговорија дали во земјава може да се изврши сложената операција и каде. На Тамара не и се одобрени пари за лекување во хрватска со образложение дека операцијата може да се изврши на Клиницкиот центар во скопје. А токму од таму ниту еден лекар не се согласил да го оперира девојчето.

    Поради тежината на деформитетот и специфичната тежина, предложената операција не може да се изведе на Клиниката за Трауматологија ниту на останатите специјалистички установи, се вели во конзилијарното мислење.

    Според дел од докторите , вакви сложени операции би можеле да се извршат во земјава, но со помош на турски специјалисти со кои министерството договорило соработка. За таа намена Се очекува отворање и на нов ортопедски центар . Димовски пак не веруваат на тврдењата и велат дека државата си поигрува со нивното дете на кое му е потребна итна операција и кое не може да чека на реализација на проектите.

    Една година помина откако металната шипка која беше прикачена за рбетот на ова девојче ја острани доктор од Хрватска. Таа ја одржуваше исправена, но стана прекуса за нејзината висина и правеше дополнителни проблеми. Сега Димовски немаат 30 илјади евра за нова операција и стравуваат дека Тамара ќе остане инвалид, засекогаш.

    Билјана Николовска

    13.11.2014
http://telma.com.mk/vesti/molk-od-instituciite-za-lekuvanjeto-na-tamara-dimovska
НА ДЕСЕТ ГОДИШНАТА ТАМАРА И СЕ ЗАКАНУВА ТРАЕН ИНВАЛИДИТЕТ
  • dete.jpg

    Рбетот на десет годишната Тамара Димовска од Велес се повеќе се искривува па има уште малку време за да не остане инвалид засекогаш. Една година помина откако металната шипка која беше прикачена за рбетот на ова девојче ја острани доктор од хрватска. Ја одржуваше исправена но стана прекуса за нејзината висина и правеше дополнителни проблеми. Но од тогаш се искриви двојно повеќе. Шест неделниот третман за исправување истегнување и корекција на пршлените во хрватска чини триесет илјади евра додека Турција или Америка повеќе од 100 илјади. Димовски пари за ова немаат, но велат повеќе не можат да издржат како секојдневни сведоци на маките на нивната ќерка. Таа веќе е за 50 сантиметри пониска од нормалното, внатрешните органи и се натиснати, а најголема е опасноста кај срцето и белите дробови.
    Димовски побарале фондот за здравство да ги покрие трошоците за лекување во странство, но ги одбил со образложение дека може да се оперира во земјава, на Ургентен. Родителите пак тврдат дека ниту еден доктор со кој контактирале не се нафатил оти освен стручност потребна е апаратура која ја нема во земјава. Тројца раководители на одделенија од Клинички центар веќе се потпишале дека операција тука не може да се изведе.

    Фондот ги покри трошоците запрвата операција, но сега не одобрува пари за продолжување на лекувањето во странство. Сега родителите молат уште еднаш да се разгледа нивниот случај и државата да помогне Тамара да не остане инвалид. Велат нивната борба ќе трае се додека не престане растењето на девојчето.

    Билјана Николовска
    11.11.2014

    00:00
    02:46
http://telma.com.mk/vesti/fondot-ne-odobruva-lekuvanje-vo-stranstvo-za-tamara


Бидејќи лакрдијата од медиуми не објавува ништо од оваа сторија да ја споделиме оваа вест се со цел да се зголеми притисокот кон криминалците.

Еве го повикот од родителите
http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-tamara-dimovska/


Кај ќе ви оди душата само незнам.
 
Гледав во 1830 на вестите ѝм, од гнев ми дојде да ја окренам масата со се вечерата.

30.000 евра за операција на детенце со која операција тоа би можело да продолжи да живее (нормално), додека од друга страна имаме

500 милиони (500.000.000) ЕВРА за споменици во бронза и мермер и гипсани фасади.

Што сме згрешиле на господ та ваква чума ја најана Македонија...?
 
Ех што сакам да им се врати на овие идиоти, ех што сакам да осетат на своја кожа како е, туку што ќе осетет, за нив ќе се најдат пари за операција, ќе ,,донира'' сиот народ...
 
Ех што сакам да им се врати на овие идиоти, ех што сакам да осетат на своја кожа како е, туку што ќе осетет, за нив ќе се најдат пари за операција, ќе ,,донира'' сиот народ...
kletvi ne gi fakaat ,i djavolot so kletvi bega od ova "pleme " ,bez srce i bez dusha ...ovie go izgubia svojot kompas za realnost ...ednostavno nie da ne go zaokruzuvame nivnoto brojce ,da ne gi glasame ,samo na toj nacin moze da se spasime od ovaa beskrupulozna luda politika ,kaj shto poveke se TROSHI na spomenici i trista iljadi gluposti ,otkolku na ziviot siromashen i napaten narod ...
 
Последно уредено од модератор:
Ситуацијата за жал е таква каква што е, да видиме како можеме ние да помогнеме. Го разбирам фрлањето дрва и камења, но тоа во моментов нема да реши ништо, да не го тргаме фокусот од тоа дека на девојчето му е потребна наша помош.

Првата операција на Тамара беше извршена тука во Македонија пред 2 години. Родителите тогаш за прв пат се обратија за помош до сите хумани луѓе но сега поради немање доволно апаратура тука, Тамара треба повторно да оди на операција во Хрватска каде што чини 30. 000 евра.
Семејството апелира до сите хумани луѓе да помогнат.
Ситуацијата е алармантна поради појава на нови здравствени проблеми.
Untitled2.png


Трансакциска сметка за донации:
380477149401140
Прокредит банка Велес на име Тамара Димовска

Девизна сметка:
НЛБ Тутунска банка АД Скопје,
улица: Водњанска бр 1 Скопје, Македонија
IBAN CODE MK 07210501622216118
SWIFT TUTNMK 22
 
не се секирајте, ги чекаат и нив лоши работи, некои веќе почнаа да ги стигаат ;)
 
Трансакциска сметка за донации:
380477149401140
Прокредит банка Велес на име Тамара Димовска

Девизна сметка:
НЛБ Тутунска банка АД Скопје,
улица: Водњанска бр 1 Скопје, Македонија
IBAN CODE MK 07210501622216118
SWIFT TUTNMK 22

Уплаќајте помош само вака директно на сметки, не преку СМС пораки (на кои се плаќа данок, и не стигаат сите пари таму каде сте ги намениле).
 
Уште еднаш, да не се изгубиме во политика, клетви и муабети за пред кооперација.
@Vanlok не наплаќа данок вака, но многу помалку луѓе одат директно во банка, па затоа ако некој налета на број за донации нека го пише тука.
 
Jaс само сакам моите пари да стигнат таму каде сум ги наменил и целосно да се искористат за помош на тие што им треба, а не дел од нив да завршат кај лешинари. А во банка одвреме навреме секако се оди заради обврски.
 
Не знам само како можат неспособниве имбецили кои не можат ништо да направат, да земазат за право да одлучуваат за судбината на некоја личност во случајот за мало девојче. Можат барам за овие работи да бидат луге и да одјебат од сопствените интереси барем во вакви случаи. Квази доктори со его до плафон, знаење дно, зафатот можат теоретски да го направат во Скопје колку да ја одбијат а никој никогаш нема да се нафати.
 
Штета што нема броеви за донации. Јас донирав преку е-банкинг, па сега без грижа на савест да им порачам на оние од ФЗО сите пари да ги дадат по аптеки.
 
Да даде Господ на сите овие од ФЗО да им се задеси вакво нешто.
Пичка ви матер ретардирана!!!

И Што ако им се задеси? Одма ќе одвојат пари од буџетот и ќе се извлечат... Власт се, им се може, само греота за девојчево. Реално 30000 евра не се многу за да ги дадат за лекување, ама кој мисли за обичниот смртник...? Споменици, реклами за здрава храна, казни ова-она... абе не соголеа, ама барем да дадеа некој денар на тие што навистина им е потребна помош... Ни тоа не го прават веќе.

Пу!!!
 
молчат да им ебам крвта ја нивна аир да не видат градат споменици
им дадоа право на изврчителите да зиммат пари од сметка да маваат рекет на сите грагани
а за вакви слуцаеви молчат и си ја префлаат одговорноста едни на други не е до нас до фондот е до министерството е

ми се поврака коа ке прочитам вакво нешто
ти ебам и систем и се
како не им е срам па барем да ги ослободат тие луге од некои давачки бе малку ли им е тоа што е не знаат колку време им останало и тоа да го поминат со нервози
што треба да чекаме некој странски инвеститор да го реи случајот или да се збира донацции ти ебам дрчавата не е само овој случај вааков

зборам за сите болни општо
болните од леукемија
болните од рак
и ред други болести срамота е
кога некој цел зивот работел за дрзавата стекнал некое право на пензија на заштита и го поседува тоа право дрзавата да му ги обезбеди соодветните лекови или помагала за неговата болест сигурно и таа особа не сакал намерно да стане инвалид или да се разболи од некоја потешка болест ама не за овие работи сите се глуви и неодговорни а за казни споменици и ред разни сранја не бива за тоа .......

кога ке видам некои дрзави кои се поутепани од нас ги иммат на позитивна листа стено некои лекарства и помагала просто се чудам
едно косово кое е независно 5-6 години има повеке стаено лекарства и помагала на позитивна лста одколку ние
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom