Какви се тајни сте криеле од родителите ?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.927
Дали во животот сте криеле нешто битно од родителите ? Што било тоа што тие тогаш не требало да го знаат и зошто ? Темава навистина недостига на подфорумов. И за мене е повеке од интересна. Фала му на бога до сега не сум имал потреба нешто сериозно да кријам али кец во училиште или она "Родител да дојде" ми беше секојдневна пракса и ден денес ми е кул спомен. Напишете си форумџии се што очекува темава од вас. :)
 
Не сум можел ништо да скријам моите ко во удба или кгб да работеа секој чекор ми го следеа.
 
неколку љубовници
 
Освен се од ова погоре, сум криел и кученце 3 дена ми успеа, после го откри мајка ми. И кога виде дека стварно се грижам за него и колку ја молев, ми дозволи да го чувам и после и она се приврза за него исто ко мене. Ама ептен мајсторски го криев, во еден ќош во кутија а малечко ептен беше немаше ни месец, па млеко му носев ова она, па луфтирав често прозор. Може и знаела ама се праела на будала, и еднаш забораив да ја затворам вратата од соба а филм гледав со мама во дневна и кученцево доаѓа, убави времиња... :)
 
По некој паднат испит и висока телефонска сметка....Посебно од татко ми кријам, ко змијата нозете. Додека се расправам еден месец подобро ќе си пречутам и мирна глата.
 
Вешто си ги криев цигарите у ташна. од 7 -мо одделение до 2-ра година ич никад не ме осетиа. Потоа саксијата со марихуана на прозор, коа ќе се сетам сега умирам од смеење... Дечкото,немаше никој дома и јас ај си реков ќе го поканам, едно доаѓање татко ми, останав ваква o_O И го пикнав у шифоњер додека си замине тато. Потоа за манијакот од средно, ден денеска никој не знае.
Ме следеше секој ден, бегав ко улава, на крај се откажав и не ни одев во школо некој период, им однесов само оправдање и готово,а дома коа ќе ме прашаа им викав дека не ми е арно. Има доста:unsure:
 
Кецот математика највеќе го иам криено.
:pos: Ме потсети ова во..второ ? Ваљда второ или трето одделение математика тестот кога добив кец.

Од дома ми објансија дека нели во образованиево ако ЕДЕН ПРЕДМЕТ ДОБИЕШ КЕЦ ја повторуваш цела година...и ја имав солидни оценки на другите тестови по математика ама негде третиот-четвртиот тест годинава добив 1+...И онака одма си правев филмови како ќе повторувам година...пошто нели и само еден кец е доволен за да повторуваш.. и после дознав што како била работата, и знам дека на крај година 5ка имав така да гајле ми беше дали ќе го најдат тестот :ROFLMAO:
 
Криеле кецови и четворки... Ах деца деца. Јас тајни какви што имам криено од родителите, вселената толку не крие. Кој знае за каков чоек си ме сметаат моиве. :pos:
 
Najveke sum kriel za kecovu i dvojki edno vreme toa bese. Sea so elektronskiov dnevnik nema sanse. :confused:
 
Криеле кецови и четворки... Ах деца деца. Јас тајни какви што имам криено од родителите, вселената толку не крие. Кој знае за каков чоек си ме сметаат моиве. :pos:
Сподели некоја со нас и ние да се насмееме, и така тука се е анонимно. Нема да те препознат твоите. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom