Готово друже, ја таксав од Падеде. 10.700 денари, димензии 80х120, со мат стакло (5мм дебелина).
Ова беше најефтината варијанта за тоа што го барав. Додуша, имаше и поефтини, ама за сите требаше да чекам барем недела-две. Денес треба да ми ја испорачаат и да ја монтираме, па ќе споделам импресии.
Инаку, најјаки беа од Мега Куманово. Цени од 40.000 денари и јаче
Од Фригошоб ги земав плочките. Крајно незадоволен од нив (освен од вработените во салонот).
Пакетите беа цели рападнати, влажни, со гомна од глувци, а секој пакет имаше различна нијанса на плочки. Катастрофа, шарено ми испадна купатилото, па морав да кршам плочки, па да шетам со плочка низ нивниот магацин и да си спојувам нијанси на бои, па пак да ги лепат... Да мисли човек дека ги земал беспари од ѓубриште, а не од продавница. Така да, Фригошоб - не фала. Дур бев во салон и други им враќаа плочки. Имаа земено декорација (од тие скапите), а тие исто така различни нијанси... Да не му се верува на човек.