Забрана за емитување на морбидните реклами од кампањата за безбедност во сообраќајот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.311
Поени од реакции
18.658
Здраво. Како што прочитав пред некое време, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забрани емитување на рекламите од кампањата за безбедност во сообраќајот до 20.00 часот во текот на секој ден.

Е сега, мене ме интересира дали започна да важи оваа забрана или уште има некои процедури?

Немаше да отварам нова тема, ама не успеав да ја најдам темата што мислам дека беше отворена во врска со овие реклами. Ако постои уште, а јас не можам да ја најдам ве молам упатете ме до истата, а оваа слободно можете да ја тргнете.
 
дај линк каде што оише дека се забранило?
јас ги емитувам и неам никакви замерки или опомени
 
Треба и поморбидни да бидат и почесто да се емитуваат. Можда ќе влијае на индијанското возење во нашата си јадна мала земја.
 
Па добро, може да ги пуштаат после 7 саатот навечер, но не и да ги забранат, зошто баш нивната морбитност можеби ќе помогне бар малце да светне совеста кај некои возачи:)
 
А кој кур се овие рекламиве или мини документарци на Алфа за полицијава кај шо демек решава случаи?

Ме потсети на рекламава шо вртеше на ESPN едно време.

US Navy : A global force for good. :pos::pos:
 
Абе, зборејќи за рекламите, ја знае некој песната шо свире у таа рекламата шо дечкото купува цвеќиња пред да излита од шофершајбната?
 
Па добро, може да ги пуштаат после 7 саатот навечер, но не и да ги забранат, зошто баш нивната морбитност можеби ќе помогне бар малце да светне совеста кај некои возачи:)

Убаво викаш, сеа за друга реклама онака исто дечко лета преку шофершајбна али овој пат девојкава исача од кола и онака пробува да му ги врати цревата внатре у стомак, солзи и капат приметува дека мозок му изкача од череп пробува со фустанот да го запре крварењето, абе крвои на сите страни. Е тоа ако не не опамети нас возачите ништо нема. Пошо ја сум кретен и сакам да се убијам или да убијам док возам али среќа Грујо е тука да ме просветли.
 
Ти можеби си свесен и сфаќаш дека возењето е онолку опасно колку што е и убаво, но има такви кои немаат совест и не ја разбираат опасноста на возењето:)
 
Па децата најмногу телевизија гледаат после 20 часот, заедно со родители, баби , дедовци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom