Турција тајно разработува нуклеарно оружје

  • Креатор на темата Креатор на темата Realen.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Тешко на сите и на цела Европа, а посебно пак тие што им веруваат на турците во Мкд и Балканот.. Плус Турција како членка на НАТО е и дел од нуклеарната политика на пактот, по се изгледа во иднина целта на Американците е да започне некоја голема светска војна или преку Турција или преку Израел. Светот дефинитивно отиде у пм... САД и Велика Британија како и секогаш си тераат со нивни опасни политики против интересите на ЕУ..

Германскиот печат: Турција тајно разработува нуклеарно оружје

Тврдења дека Турција тајно разработува нуклеарно оружје, се појавија во германскиот печат. Во напис на весникот „Велт“, се тврди дека тоа е една од причините поради кои германското разузнавање ја шпионирало Турција.

„Велт“ тврди дека можно е Турција да добила технички податоци, потребни за создавање атомска бомба, од Пакистан.

Според авторот на текстот, во периодот од 1987 до 2002 година, Турците учествувале во дејностите на пакистанскиот нуклеарен физичар Абдул Кадир Хан за пренесување на илјадници центрифуги во Либија, Иран и Северна Кореја.

Во текстот се тврди дека одлучноста на Анкара да се здобие со нуклеарно оружје била една од причините Германската служба за надворешно разузнавање (БНД) да ја следи Турција.

„Велт“ наведува дека според информации на БНД во 2010 година по налог на Ердоган бил изграден комплекс за збогатување ураниум, како и оти Турција располага со големо количество центрифуги, кои потекнуваат веројатно од Пакистан.

http://www.plusinfo.mk/vest/151845/Germanskiot-pechat-Turcija-tajno-razrabotuva-nuklearno-oruzhje

Arbeitet die Türkei heimlich an der Atombombe?
http://www.welt.de/politik/ausland/...et-die-Tuerkei-heimlich-an-der-Atombombe.html

Die Welt: Turkey secretly developing nuclear weapons
http://www.thetoc.gr/eng/news/article/die-welt-turkey-secretly-developing-nuclear-weapons
 
абе @Realen. до вчера свршуваше на Америте, од кога виде дека Труција им е помила од Гејлада, не ти преостана ништо освен да ги замразиш америте.

И што се секираш кај и да мавнат нуклеарка се завршува за дел од секундата, така да ти нема да бидеш свесен кога ќе се претвориш во прашина.
И ако маваат нека фрлат барем некоја америчка, пошто тие турските се сомнителни, може и ќе преживееме, после ни кучињата нема да не јадат такви.;)
 
Кога ке напраат боеви глави фали уште "случајно" 3-4 да им "исчезнат" за покасно да дознаеме дека отишле кај ИСИС :вонзем:
 
@Realen. Солун е наш, Атина ќе ја делиме.
Значи веќе ако имаат Турците нуклеарка, се надевам дека ке ја искористат на нашиот многу драг и непрежален јужен сосед , нека центрираат онаму на кај Пелопонез. Да не не фати радијацијата де.
 
Турците имаат на располагање атомски бомби веќе 30 и кусур години, имено Америка им има остапено одреден број атомски бомби на земји кои немаат сопствено атомско оружје (Туција, Холандија...) тоа е во случај на ненадејен напад од друга нуклеарна сила да можт земјите сојузници на Америка и НАТО да реагират. Бомбите се во турски воени складови ги обезбедуваат турски војници и има обучени турски пилоти и персонал за нивна употреба
 
какво оружје е тоа? интерконтинентални балистички ракети? ракети со пократок дострел, бомби што се пуштаат од авиони?
 
Сега му е мајката Грујо да им понуди земјиште по евро квадрат, и кај нас да изградат нуклеара централа. Да им се стресе гомното на соседиве наши, да видат што е клета сила античка.
 
какво оружје е тоа? интерконтинентални балистички ракети? ракети со пократок дострел, бомби што се пуштаат од авиони?
мислам дека се авио бомби во прашање, НО, не е никаква пречка да се развијат ракети кои би ги носеле тие боеви глави или да се прилагодат постоечки ракети да ги носат
ПС
еве сега гледам, во таа програма за додела на атомско оружје се Италија, Холандија, Белгија и Турција, а од нив Турција има најмногу боеви глави 60-70 во воената база Инџирлик. Податоците се од 2008
 
мислам дека се авио бомби во прашање, НО, не е никаква пречка да се развијат ракети кои би ги носеле тие боеви глави или да се прилагодат постоечки ракети да ги носат
Нели ги тргнаја САД како договор со СССР за овие да ги тргнат од Куба за време на кубанската криза?
 
Нели ги тргнаја САД како договор со СССР за овие да ги тргнат од Куба за време на кубанската криза?
не, беа тргнати ракети со голем дострел, овие се бомби. Моделот е Б61 и се со силини од пола па до 300 килотони (има доста верзии). Во некои податоци се вели дека во Турција ги има 90
 
не, беа тргнати ракети со голем дострел, овие се бомби. Моделот е Б61 и се со силини од пола па до 300 килотони (има доста верзии). Во некои податоци се вели дека во Турција ги има 90
За ракетите со голем дострел знаев , ама претпоставив дека се што е нуклерано тргнаја.
 
За ракетите со голем дострел знаев , ама претпоставив дека се што е нуклерано тргнаја.
мислам дека всушност и немаше некој званичен договор со СССР тоа беше нешто меѓу Хрушчов и Кенеди на поверење и смени договарања преку посрдници не знам дали воопшто постои некој меѓусебен договор Америка - СССР онака званичен на папиру во врска со кубанската кза
 
Сега му е мајката Грујо да им понуди земјиште по евро квадрат, и кај нас да изградат нуклеара централа. Да им се стресе гомното на соседиве наши, да видат што е клета сила античка.

Дај не заебавај, за браќа како турците треба по 0.5 денари за квадрат, сила античка не е заебанција.

Туку, кога веќе им го дадоа Куршумли-ан за без пари како подарок, можеме и земјиште да им дадеме за без пари како подарок, на крајот на краиштата, сила античка е дарежлива.
 
мислам дека всушност и немаше некој званичен договор со СССР тоа беше нешто меѓу Хрушчов и Кенеди на поверење и смени договарања преку посрдници не знам дали воопшто постои некој меѓусебен договор Америка - СССР онака званичен на папиру во врска со кубанската кза
Колку јас што имам пратено нема таков договор. Мислам дека беше на жими мајка ке ги тргниме, ама од друга страна кој ке си дозволи таков луксуз да не го испочитува договореното па макар во 4 очи кога ситуацијата беше на раб на нуклерана војна. Мислам дека на дискавери беше или на некој сличен канал баш за кубанската криза и дека немаше официјален договор само ради популизмот. Да не испаднат САД дека попуштија или така нешто што искрено мене некако ми нема логика. Во очите на јавноста испадна дека СССР ја свитка опашката и САД излегоја ако ништо друго морални победници во очите на јавноста. Зошто СССР би си дозволил такво нешто само тие си знаат.
 
Како се расфрлаат луѓево со зборов "тајно", ми е многу смешно, кога сегде се пишува за ова со Турција, а воедно и на форумов. Една тајна, абе не јавна, меѓународно јавна испадна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom