Рани експерт да те лае

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
„Не брзајте да инвестирате во Македонија“. Ова е насловот на текстот во американскиот весник Американ Хроникал, чиј автор е Сем Вакнин, поранешен советник на тогашниот министер за финансии Груевски.

За потсетување:

Сем Вакнин расчисти со Македонија откако неговото име почна да се врзува со Гидеон Сандел, израелски бизнисмен обвинет за измама со кредитни картички.
На советникот Вакнин му беа откажани услугите, по што не му преостана ништо друго освен да замине од земјава. Оттогаш наваму повремено низ американските весници се јавува со коментари за македонската економија.


Во текстот тој пишува дека бившата Влада на ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ја ограбила земјата. Во анализата на политичката историја на Македонија ги посочува скандалите Георгиевски со вилата на Водно, Пауновски во затвор за парични измами, Бошковски во Хаг за воени злосторства.
Во текстот во „Американ хроникал“ Вакнин пишува: „Додека политичарите од другите земји во транзиција, од комунизмот и социјализмот се трудеа да бидат запаметени по тоа што не крадат, нивните македонски колеги, без ниту еден исклучок, се трудеа да крадат без да бидат забележани“.
Во предвидувањата за идниот период авторот ја анализира и кампањата за инвестиции што пред десетина дена ја почна Владата.
Мултинационалните компании повеќе се загрижени за функционирањето на институциите отколку за висината на даноците.
Малите даноци, според некогашниот советник на Груевски, не се сигнал на самодоверба, туку потврда дека земјата е во очај.
 
Донегде е во право, ама мислам дека тоа го има напишано ради некои лични фрустрации. :raz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom